Убиецот за три дена беше фатен. Заев го ослободи уапсениот. @WildMk ама нешто ве немаше да фрлате бои по него?
За кои три дена беше фатен мори? Да не е кренеше народ, ни ќе дознаевме што се случи, ни некој ќе одговараше. Не можам да разберам луѓе што оправдуваат убиство. За мене не е нормално, вие, како сакате.
Ова убиство ме потсети на неколкуте убиства на нарко крилото на ВМРО со нарко крилото на СДСМ веднаш по предавањето на власта, кога се бореа двете банди за преземање на пазарот на хероин во Аеродром. Што се Деси со убиството во гетмкафе во Аеродром, агенцијата омерта и другите убиства?
Еден сдсдилер на хероин утепа вмродилер на хероин...стандардна практика после преземање на власт нели...
Вие што па сте чудни. Не може се одеднаш. Прво лубриканти, па после сервисирање на леталата и набавка на нови противпожарни возила. Тоа е СДСМ. Првин нека ни изгори пола држава, па тогаш ќе ги сервисираме. Неодамна одбиениот амандман
Речникот да си го смениш, јас мислам со глата, ти гледај си за твојата. Ај читај и не ми ги извртувај зборовите. Од кај излезе убиството на Нешковски жити сѐ?! Убаво си пишува дека мислам дека се ѓубре и едните и другите, за мене СДС се тешка депонија.
Значи и тие се по убиствата... И со и без овие настани, макар и за нијанса беше поок во време на дпмне. Сдс потоа уште толку, не' направија подолу од ср*ње. И двајцата со ист коалиционен партнер, кој си тера повеќе од 20 години на власт. Мора промена! Да се сите образовани и мудри како Апасиев, досега ќе бевме доста постабилна држава.
Абе не е исто. Државна институција да крие убиство е надвор од умот, не зафркавај и ти. Апасиев не ми го спомнувајте. Во милион наврати се произнесов какво мислење имам за чоекот. Во Македонија и да имало асолни политичари, не ни стигнале до тоа да се со долга политичка кариера, или не дај Боже да стасале до некоја висока функција
Не превртувај, 20 години сме на форуми, од сателит се гледа. Никој не оправда убиство.зс мене не е нормално да фрлаш бои за д асе најде убиецот, ама кога ќе се пушти, да си грицкаш семки. Дволичност без крај. Тоа зборува за сите шарени. Не им беше гајле убиецот да е у затвор, туку да фатат фотеља. Дно.
Затоа викам дека нема асолен политичар кај нас. Ако се 'бориш за правда', а всушност се бориш за фотеља, се знај шо чоек си. Тие што вистински протестираа за правда, не се политичари и никогаш нема да бидат.
И двете се поддршка за убиство. Како сакаш гледај, то е то. Не сум баш запознаена, мислам дека имаше пишувано нешто во контекст како е "наредник" во партијата, но ако забележиш и во други левичарски/социјалистички системи било така низ историјата (Тито, Ленин, Сталин). Иако сметам дека не е дотолку брутален Апасиев од тој аспект, бидејќи тоа се општи ставови на партијата, сите членови се влезени според идеологија, а не рандом Митре и Трајанка во сдс и дпмне што не ни знаат да разликуваат идеологии (додуша и повисоки функционери не разликуваат). А и се истакнуваат и другите членови во сите можни прилики, и добиваат поддршка од него. Како и да го доживуваш факт е дека човекот е многу интелигентен и читан, за разлика од членови на други партии. Сепак мислам дека е единствена надеж за промена. Па како да стигнат до добра позоција кога на Ратко комшијата детето мора да се пикне на најдобро можно место? Тоа е реалноста на големите партии.
Ако знаеш ти што е комунизам, ќе знаеш дека Тито, Ленин и Сталин, никогаш не биле комунисти. Левица се декларира како комунистичка партија. И не е комунистичка партија. Исто како што СДСМ се декларира како социјал-демократска, а не е. Исто како што ВМРО се декларира како конзервативна, а не е. Кај нас немој да бараш идеологија во партија. Евентуално диктатура...
Точно, не биле комунисти дека комунизмот е идеална идеологија која сеуште не постои, ама биле социјалисти (социјализам се сметало за преодна фаза кон комунизам), што е нормално дека не биле комунисти, иако поддржувале комунизам. Од иста причина и Левица не може да биде комунистичка, затоа таа е социјалистичка како што се изјаснува. Да, нема. Истото го потенцира Апасиев долго време. Дека партиите веќе не треба да се делат по националност, туку по идеологија (како што практикуваат повеќето странски собранија) Само Левица негуваат идеологија.
Не биле ни социјалисти. Тито за политички противници го имаше Голи оток. И УДБА да предеизвикува 'случајни сообраќајни несреќи' Сталин има убиено повеќе луѓе од Хитлер.
Да, но важноста за покор на државата било многу важен идеал тогаш. Тоа е самиот социјализам, државата на прво место.
Не поддржувам издигнување на поединци заради власта и точно е дека е некоректно. Но, само ти ги дадов за пример овие дека ете, во социјализмот имало такви примери, иако сметам дека случајот со Апасиев не е таков. Да може човекот е многу воздигнуван од народот, но тоа е оправдано. Како он што кажал некои работи, никој до сега немал храброст да ги каже, а се вистинити. И конечно е време да се соочиме со тие факти бидејќи еден ден ќе биде прекасно.