Реконструкција на Владата - Панче Кралев поднесе оставка, ќе го замени Спиро Ристовски Министерот за образование и наука, Панче Кралев, поднесе оставка на функцијата. Премиерот Никола Груевски до Собранието доставил предлог ресорот да го преземе досегашниот министер за труд и социјална политика, Спиро Ристовски. Кралев во оставката до премиерот навел дека од лични и семејни причини не е во можност целосно посветено да ги реализира проектите кои се планирани за следниот период. Директорот, пак, на скопски Катастар, Диме Спасов, е предложен за нов министер за труд и социјална политика, јавува Миа. За нов министер без ресор е предложен Џери Наумоф, додека на испразнетото заменик-министерско место во локална самоуправа Ѓорѓија Сајкоски. Заменик- министерот за локална самоуправа Сашо Лазаровски неодамна беше избран за советник во Општина Карпош, а потоа и за претседател на Советот на Општината. Предлогот на премиерот за избор на новите министри ќе биде ставен на утрешната седница на Собранието, како дополнување на дневниот ред. Извор - Капитал
Ама виде сега каква ротација - се виде за труд не бил баш трудољубив т.е. кога цела јавност почна да го плука неговиот пат кон х-м успехот, затоа сега ќе го поставиме на образование. Дури сега ќе видите каков кадар ќе продуцира образованието . Веќе не ми е ни смешно. Дочекавме Бугари по форуми да ни се потсмеваат за тоа кој се кај нас зазема министерски места... Станавме општ потсмев... До кога ќе си играме образование или одбрана или посуштинското - до кога ќе глумиме дека сме држава?! Туку слушнавте за тој убиениот Албанец од Гостивар во Сирија? Дури гордо шетаа со тие поткустрените пантолончиња и жените нивни и за до маалска продавница почнаа шамии да носат, не помислија дека нивната матица ќе си бара пеј бек?!
http://www.utrinski.com.mk/default.asp? ... C86193C60B Имам впечаток дека нашиов драг министер за здравство се заиграл со закониве како со играчки.Ме изреволтира рано наутро,да не можам кафево да си го испијам.Значи секогаш кај нас владее правилото зошто просто кога може сложено.Овој како тргнал ќе сака сите девојки и жени да му поднесуваат извештај кога легнале дечкото или со мажот.Значи обид ,а се плашам дека нема да остане само на ова,да се врати назад времето. Зошто не се ангажира да се спроведе законот за еден бесплатен папа тест во годината,зошто цените на папа тестот кај различни гинеколози се различни??? Драг министре оставете жените сами да си донесуваат одлука кога и како ќе раѓаат.Впрочем и сами одлучуваат си кого ќе легнат нели!!! И после ќе цвета абортусот на диво!!!!! Не знам зошто не се дигне македонскава жена,да се потпишуваат петиции...нешто,било што да се направи.
Тодоров направи многу промени во здравството, повеќето се позитивни. Секоја чест за него.Тој е можеби единствен министер кој совесно си ја врши работата .Тешко е да се контлорираат лекарите, посебно оние кои сами си воведуваат прегледи.Потоа цените на лековите кои беа различни секаде и во поново време воведување на пристојна работна облека. Мислам дека и покрај се Македонија е земја со пристојно здравство што е привилегија денес.Сум имала прилика да се најдам во дискусија со наши иселеници кои се жалат на здравствениот систем и тоа во доста развиени европски земји. Бевме на дното, барем јас така мислам .Додека некое детенце плачеше со висока температура они си пиеја кафе. Сега нема такви случаеви. Признале или не треба да сме задоволни ако не друго барем од здравствената услуга која е на доста високо ниво. Ова со законот за абортус не е само Тодорова иницијатива, тука прсти има замешано владата.Законот за трето дете не ги покажа очекуваните резлутати, додека бројките на абортуси постајано се во пораст и од сето тоа произлегува новиот закон.Младите треба да станат поодговорни за своите постапки. Времето само ке покаже дали ке функционира како што треба.
Па не знам колку е паметно да се остава на времето,зашто дури времето покаже, во незавидна ситуација можам да се најдам и јас и ти ,и твојата сестра и нејзината другарка.Дури да се поминат сите административни бариери многу деца ќе проодат. Ќе сакаме и ќе можеме ли да се справиме со тоа?
Затоа може да кажеме Кондом молам...и доколку сепак дојде до не дај боже абортус тој не е забранет само сте ставени на чекање три дена и ништо повеке.Процедурата ми изгледа болна ...СРАМОТ, навлегување во приватноста и тоа што ке стои во книшката на жената и мене не ми се допаѓа, како да си бележен за цел живот(што до некаде е точно)ама ако тоа е цената што треба да ја платаме за неодговорно однесување мислам дека е малку.Партнерот нема да шири нозе и од него да вадат живот, ама треба да го прашаат зошто дозволува такво нешто.Мислам дека наредниот пат двапати ке се запраша вреди ли да ризикува со нечии животи за да себеси си пружи краткотрајно задоволство. Мислам дека младите сепак отидоа далеку со овој проблем и жртви се малолетни девојчиња.Повеке се виновни машките со своето фраерско однесување.Лажат, пијат , се дрогираат а ние да го кркаме подебелиот крај.Мислам дека некој треба да го седне и да му укаже на последиците од таквото однесување.Да се почуствува виновен,за понатаму да се однесува одговорно. ПОТЕНЦИРАМ НАЈЕФИКАСНА Е МАШКАТА КОНТРАЦЕПЦИЈА.Тој може да спречи несакана бременост ако сака и тоа без никакви последици.
Абе овие протестиве што се у Центар, за црквата, и слепо и глуво и сакато знае Кој ги организирал. Е,сега мене многу ме интересира, дали и тие од Пустец дојдоа? Сремота се, срамота,немам коментар http://www.tocka.mk/1/97091/masoven-mar ... at-crkvata
Ги слушам сеа на ТВ како пред камери се расправаат едни у поодминати години, маж и жена, абе брука! Само тогаш се собираме и сме силни. Кога треба да се истепаме меѓу себе. Aман нека не` окупира некој пред самите да се испоизедеме. Помала срамота ќе биде Со тепање/насилство се борат за зачувување на објект од религиозна вредност. Исто како f***ing for virginity e*aте. Еднаш да се боревме ЗА нас а не МЕЃУ нас. И барем пола и више од тие што се дојдени на тој протест и контра-протест и контра-протест на контра-протестот не им е толку за сочувување на верата колку што им е да се испокараат.
Ејјјј не ми се верува. Грујо и црквата и религијата и Господ, ма све живо и диво вметна во совојата прљава игра Вмровските протестантчиња кружат низ Скопје со транспаренти: ,,Андреј Господ ќе те казни,, ,,Андреј спаси ги своите деца, Господ е голем и простува,,. Пред некој ден поминувам покрај еден парк со свежо засадени цвеќиња и внатре поставен плакат ,,Украденото цвеќе носи несреќа, Господ ќе ве казни,, Па дал је могуче?!?
Само нездрав човек црква руши Сигурно е повредена некоја советничка, и го скршиле лиениот нокт. Абе што се нема да се измисли само да се оцрни нечиј потег. Ајде нека ја сруши црквата па утре нека им изгради џамија. Туку денес излезе во Службен весник -Измени и дополнувања на кривичен законик , што знам, мислам дека се е поврзано некој на некого како да сака да смести. Не разбирам кој партиски е против црква и сака истата да се руши а кој е против таков вандализам. Со тоа што продолжувате да поддржувате рушење на црква што сте постигнале? Ако е веќе почната црквата, ќе биде срамота и греота да се руши. Подобро нека се сруши триумфалната капија отколку црква, и онака нема некое постигнување оваа земја вредно за триумф прославен покрај истата, бидејќи ние сме луѓе што си забиваме нож во грб, кои би посакале рушење на црква само за да задоволат свое политичко его. Ама зошто да се руши??? Од инат??? И казната ги стигнува сите. Ги стигнала и оние кои на времето (да не спомнувам кое, да не се крене галама)палеле цркви, ги ограбувале кршеле икони, влегувале во црква со коњи итн. Можете да се смеете колку сакате дека стигнува грев за таков вандализам, но сигурна сум дека длабоко во вас постои скриен страв но и верба во Господ.
Kој вандализам? Bандализам е тоа што го направија со Центар. Не и е место на црквата таму, што ќе биде следно? Џамија, будистички храм, а може и Дизни Тоа веќе не ни изгледа на плоштад, со сите коњи, мадиња и порти, натуткани т.е расфрелни на сите страни. Ако тие се големи верници, тогаш нека ги средат старите манастири, опожарени, а не да лупаат цркви кај што не им е местото. И ако добро се сеќавате, Скопјани се бунеа на почетокот, и си кажаа не сакаме црква таму. Ама НЕЕЕЕЕЕЕЕ, кој не слуша нас? Нели? Тие како ќе си испланираат, чиниш Скопје па наследство од дедовците им е . И не може НИКОЈ да ме разубеди дека тие што протестираа денес, немаат книшка во џебот
Абеја, а уште поголем грев е да се служиш со такви работи, да злоупотребуваш и црква и Господ и попови и владики и се живо и диво за политички цели и поени. Јас на таквите пак незнам каде ќе им оди душата и каков грев ќе им следи, ама нека му ја мислат тие, ако има со што да мислат, секако. И ти сакаш да ми кажеш дека оние вандалите што кршеа и дивееа низ центар се верници??? Оние што нападнале новинарка??? Оние кои колнеа се живо и диво што не е вмровско??? Тоа е верник??? За жал добри 90 % од протестантите ,,верници,, не се таму зошто толку многу веруваат во Бога или толку многу им е стало до црквата. Таму се по наредба, за да си го зачуваат работното место или да добијат некој поен плус во партијата.
Нека даде некој црно на бело дека црква ќе се руши па после да правиме муабет. Недозреани дечишта и сумљиви дедовци што извикуваат безобразие во името на Господ? Манипулација на останатата публика во Македонија. Срам е за црквата и за оној владикана што се појавил таму. Срамота! Лапаат пари од народ малку им е, па се фатија на оро со политиката. Ми се повраќа Се само за да се сопре контролата за се што е изградено и се гради во Центар. На вакво однесување ли учи религијата? Или едно клипче каде полетните млади јасно и извикуваат на новинарка што к*р бара таа таму! Срамота.
Moже ли место да коментирам се“ што се дешава во врска со се’, само да пастнам, нешто од 2011 што ми стои во глава од тогаш, ама сега... као никад до сега ми лизга, перфектно се поклапа. А, ич не го љубам човеков, мада понекад го обожавам... главно му љубоморам. Фрчко, од 2011 „Народњаци и мантијаши“
Знаат. Едни се за да добијат договор на дело, пошто волонтираат у влада. Други се да добијат решение, пошто исто волонтираат у влада. Трети се да влезат во следна листа волонтери во влада. Четврти се да добијат екстра работни часови,пошто работат у влада (или у општините и другите владенија на ВМРО цц). Сите на повик излегуваат сосем спонтано... и, по наредба сосем спонтано се понашаат: урлаат, кршат.
А бе овие што се партиски војничиња а не верници се, ама и овој Жерновски бе кај од толку објекти најде за црквата да се фати. И мене како верник ме тангира, џамии никнуваат дивоградби на секој чекор а тука една црква се направи во Центар и баш за таа он се фати. Јас да сум од суеверие не би се чепнала таму, зар не е цела земја земја на Бога? Нека руши што сака каде сака ама црквата не. Како верник стварно сум навредена. Од друга страна ВМРОто уште на градење требало правно да си ја реши работата, не е тоа милионер сити на фејсбук.