Како и за се друго првин ќе не праша нас па ќе одлучи што ќе прави.. Големи интереси се во прашање, народот веќе никој не го шиша.
За да покажат дека 'се грижат за народот', затоа им дозволуваат да мигрираат. САД и НАТО го направија проблемот и во Авганистан и во Сирија и секаде. Во Египет беше 'Египетска пролет'... ама не помина секаде глатко како што очекуваа. И сега, мора да ги решаваат последиците од лошата проценка. Што е загубата за нив.. ништо... 'колатерална штета'. Не ги ни именуваат луѓето како луѓе. Ко предмети да се.
Многу сакаш да гледаш преку розеви очила и јас исто така правев додека сочуеничка активист во Детска амбасада не ми кажа јасно и отворено што се случува во Стенковец, додека се во медиумите се пласираше дека е поинаку. После беше на обука уште пред да букне се она во 01, кога ја прашав како си помина, ми раскажа што ги учеле и подготвувале дека ќе се случи, а ова беше пролетта 99 или 2000, сега не ми текнува точно. И не е САД, НАТО, мато...парите и личните интереси на корумпирани поединци меѓу кои е и ЗЗ го правеле, прават и ќе го прават тоа, ако глобално не го спречиме. А за глобално да е треба да се делува локално прво, така да не и за да влезат, се заседнат, уништат, исиловаат што се може, па демек да заминат. Можат и преку други држави да го сторат истово, што сме ние вечитра хуманитарна организација за такви лица кои вечито ги трпиме и толерираме, а поединци и нивна компанија печалат. И тебе се ти е јасно, јасно ни е и на повеќево дека ти е, а зошто тераш инает ти самата си знаеш најточно.
Откако ги прочитав најновите вести, малку е да кажам дека останав запрепастена. Знаев дека З.З. е тешка будала, ама по ова и во Бардовци не го збира. Како може да се дрзне да зборува во име на народот и државата, која патем не е ништо поразлична од Авганистан, да каже дека еве вратите се отворени, доаѓајте? Како? И тоа на средина на најголемата пандемија, без никакви мерки и регулативи, со донирани вакцини и тестови, сега ќе примиме илјадници бегалци. Толку сме економски јаки, па и мигранти ќе згрижуваме? Дали е воопшто свесен каков чекор превзема, и што зборува човеков? Што се прашувам и јас блам до блам е, ама ова? Остана ли разумен човек тука? Па ни големата УСА и НАТО кренаа раце на 20+ годишното крвопролевање на нивни војници и огромното трошење на буџетски средства за туѓа земја, од која си експлоатираа нафта, и не излегоа на крај. Па сега ние ќе излеземе на крај. Со донирани чизми за АРМ и МВР, униформи шиени, каде и да е со гол г* ќе почнат да шетаат. Врвки немаат купено, а камо ли нешто друго. Охх, туго несреќо... На крајот, зарем ние го цепевме, делевме и парчевме Авганистан и цел Middle East па сега да ги носеме последиците? Зарем ние ја користевме нивната нафта и гас во последниве 20+ години? Зарем ние правевме меѓуетнички, верски и племенски судири на народностите во Авганистан? Америка, Западна Европа, Русија и Турција нека си ги сносат последиците. Тие си дробеа, сега нека си сркаат. За Албанија, Косово и Швајцарија не сум изненадена воопшто, имаа испратено илјадници милитанти, па сега нека си ги земат, и нив и тие створовите од долу. А за Авганистанците, честитки по децении борба конечно се изборија за слобода. Па што мислите сега кои бегаат? Сите оние предавнички и ситни души за малку пари. Крај краева Македонија има 2 писти, ќе застанеме жив ѕид, па нека слетаат на нас, ако можат. И да @WildMk дали си воопшто свесна што зборуваш? Мислењата во темите за политика ти се како да живееш во Недојдија, а не во Македонија. Ако ти немаш, за кого и за што да се грижиш, ние имаме.
Кој се изборил за слобода? Нели талибанци ја превземаат власта, оние екстремни џихадисти од кои ви белее косата? Кој бега сега, јасно е- тој што ќе го земат америте во авион, ама или јас, или вие нешто не сте разбрале што се случува.
Бега обичниот народ, оној кои што сака глава да спаси од психопативе. Бајден буквално им ги остави да се изживуваат со нив.
Камала за некој месец ќе го превземе тронот Бајден, кој знае што ќе му се случи до тогаш Хилари не начека, ама оваа ќе заседне на тронот. И нема да мрдне
Шо гледам 'розово'? Дека големите сили предизвикаа конфликт за кој сега цел свет плаќа? Дај да видам шо те буни точно, ќе дебатираме.
Обичниот народ нема нигде да стигне. Дај боже да грешам, ама прво главешините бегаат. .. Апдејт- сега проверив вести. Прашање е и дали некој ќе избега, освен ептен главните. Странците прво си ги земаат своите. Овие веќе влегле во Кабул, ќе биде карамбол.
Господ нека им е напомош. Камала Харис, заменик-претседателката на САД. Само не сфатив зошто Бајден би се повлекол.
А што ќе ти објаснувам јас по втор пат дека не се силите туку пари, лични интереси, корупција на поединци се. Нема врска гледај како сакаш, твое право си е, мое право е да ти предочам али у исто време страшно грешам што чекам конструктивна полемика со тебе.
Не, баш напишав тоа што ми го пренесија другари Афгани, и според сценаријата и она што се случувало низ годините испаѓа дека е точно. Според нив, кога УСА се смести во Афганистан (и остатокот од Middle East) ги подели жителите на 2 дела. Едниот оние кои ја поддржуваа УСА и правеа се што ќе кажат они, а другиот оние кои се бореа против УСА и Западна Европа, си ја бараа слободата назад и не сакаа нивните ресурси да се искористени од УСА бидејќи им припаѓаат нив. Тие за нас се представено како талибанци/масовни убијци итн. Ама не е баш така. Не велам дека и тие се чисти, напротив. Но и ВМРО од 1893 беше прогласена за терористичка организација од Западот. Сценарио на УСА е буквално, раздели па владеј и искористувај ресурси. И не, не зборам на памет, до моето место на живеење во УСА имаше база, момците кои со мене израснаа, кога ќе се вратеа од Middle East веќе не беа исти. Иако не зборат јавно и самите разбираат за која и каква кауза работат. А што се дешава таму, само они си знаат. Колку самоубиства, убиства и сериски убијци излегуваат од нив и нивните фамилии, се гледа од вестите што ги гледаме. Сите имаме слушнато, во gun shot во ресторан/паркинг/училиште/you name it убиени .... лица. Темата за Афганистан, а и поголемиот дел од Middle East е долга и широка, и воглавно секогаш се две спротивни страни поддржани од УСА/Русија, а страда обичнот народ. Според мене и 2 те страни се лоши и гледаат за сопствен интерес, народот избира исто како тука, помало зло. Но кога веќе се независни, треба да се остават сами да се изборат, а не од страна суфлери. Види ги Кувајт, ОАЕ, Катар, Оман, Јемен, Бахреин, Јордан... Зошто кај нив не суфлираат? Бидејќи иако се различни етникуми и религии знаат дека ако се поделат тоа ќе биде почеток на крајот. Плус си имаат кралски семејства да ги штитат. Истотака, долги години беа под УК кралица, така да убаво знаат они што е робство. А ЕУ и УСА уживаат да подбуцнуваат за сопствена корист. И се само тие знаат за демократија и демократско општество. Наместо да си гледаат дворот. А кога ќе им отидат дома, тогаш плачат. А милитанти и екстемни џихадисти се враќаат во Западна Европа, т.е. земјата која нив ги створи. Допрва на Европа и УСА ќе и белее косата, затоа и кажав, ако има Бог и правда на светов, тој што си дробел нека срка. А не невини народи и држави да страдаат зошто ЕУ и УСА сакаат да си играат.
Нормално дека се парите. САД сака да биде глобален полицаец. Има пари, има врски, има капацитет, технологија. Му се можи. Шо мојме ние да напрајме? Само да ги менаџираме проблемите кои ги предизвикуваат.
Ima poslednive denovi prilichno poddrshka za Talibanskiot rezhim od antizapadno nastroeni navijachi, mene mi pomina fazata ischuduvanje. E sea ko shto ne postoi znachajna razlika vo mentalitetski naviki pomegju sdsovci I vmrovci, istoto go ochekuvam od zhitelite na Avganistan, taka da manje bitno shto se "prozapadni" idnite sogragjani vo Severen firomistan. Duri jezivo e kolku se rabotive godini odnapred isplanirani.
Док вие се карате у реалноста се случува ова https://www.slobodenpecat.mk/nikoj-...ganistan-stana-viralno-na-socijalnite-mrezhi/
Не е колку што знам... А ако е, ќе биди преседан, етничка жена -претседател на САД. Ќе му падни одма рејтингот на Обама.
Сериозно мислиш Селти дека Бајден владее у Сад? Он ти е само марионета, да прави гафови и да забавува народ. Концентрацијата на моќ е на друго место.