Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Јас не сакам да се мешам.
    Само што искрено, многу ми е глупаво, за црквата. Почнала да се гради и сега да се руши... Како не се бунеа за другите глупости низ плоштад, туку баш за црквата...
    Сега читам, заштитниците на црквата со јајца по општина Центар. Па кој нормален, се расфрла со храна? Не сум ниту за тие, ниту за тие. Само криво ми е, што црквата страда. И тие можеле на друго место да почнат да ја градат, а богами и тие другите не требале да рушат црква.
    Тоа е се' што сакав да кажам.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Добро бе луѓе, се осеќам како од Марс да сум паднала...каде тоа слушнавте или прочитавте, кој ви кажа дека ќе се руши црква? Стварно сакам на писмено или на видео да видам/чујам одговорно лице да каже дека ќе се руши црква. :^) а да не биде превземено од провладини медиуми :!:
    Без разлика на тој муабет, ова е безобразно и просто однесување и ставањето себеси како посланик од Бога да чува свет објект е стварно најдолното нешто кое може да се искористи како оправдување. А госпожана што протестира не дава изјави за Телма...она само за сител |(
    Да се народ, спонтани, да се заинтересирани, а не пратени од други... нека застанат и нека ги поддржат овие од Охис што секојдневно протестираат, а сите ги игнорираат. Сплотени нели, христијански да се помогне на братот свој, комшијата... како и да е.
    А за попов...што да кажам...да му цитирам една изјава од пред година дена :^) кога индиректно кажа дека и Исус гласа за ВМРО :^)

    И ќе кажам само едно огроооомно срамота за повеќето медиуми што своето влијание максимално го искористуваат за лични финансиски придобивки.
     
    На Edie.S и drugarka им се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.224
    Допаѓања:
    4.273
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    А баш ме интересира ако не се руши што ке и се прави?
    Ке стои така градено недоградена или...?

    Просветлете ме и мене, кога веке знаете нешто повеке да не тропам празна слама.
     
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    А од каде тоа дека ќе седи недоградена? И мене искрено ме интересира еве... од каде идат информацииве? Стопирано е со изградба заради контрола така? Ако е се во ред, согласно законот...треба да продолжи со изградба така?
    А од овие контрапротесташиве, што на секој протест истите ги има... барем лебот се надевам тазе им го даваат, ако ништо друго.
     
  6. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    А ако не е согласно со законите? (а не е)

    Значи ке се руши :(
     
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Епа ако не е гаражана моја согласно со законот направена, дали државните институции ќе пратат багер да ми ја сруши?
     
  8. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    да, тоа го напишав уште у првиот пост.

    Криво е вмро што не ја легализирало. Ама така ако гледаме џамии никнуваат на секј чекор на приватни земјишта и тоа и се вадат секад у стил ‘‘верски објект е‘‘ ама сложни се. А ние не. И од толку објекти баш црквата ли се најде.

    А бе у турско така не било, црква не се рушела.

    Законски или несаконски кога веќе е почната мене како верник ме боли да се руши (ама не одам да протестирам со ‘‘верниците‘‘ тоа што го прават на ништо не личи)
     
  9. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Протестите за црквата нималку не се така случајно исценирани за да се случуваат сега! Кога сакаат да ни бапнат ваков деградирачки закон како овој за абортусот знаат дека паметно им е да го преоптеретат народот со не толку битни случувања.
     
    На Edie.S, Hipica, Hipster и 4 други им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    Каренин, нема врска со законот. Законот е толку споредна работа што... :) Баш таквите глупости се да замајуваат поборници за права.
    Има врска со ДУПови за неколку згради кои треба да се градат(пари се у прашање, не баш мали), а нема да им оди лесно. И ова не се згради за било кој него за битна личност од фамилијата. Сите бељи од исто место идат...и повиците за спонтан собир од таму идат..и фатените спонтано собрани протестанти на видеата по Јутуб се од исто место. Абе,шта да ти причам.
    Бог и батина е работата.
     
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    http://libertas.mk/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D ... %B7%D0%B0/

    Koнечно нешто паметно да чујам и нешто да се донесе што нас ни одговара.
    Едно исполнето ветување, само да не остане на едно.
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    ^^ А ова па се донесе намерно баш во оваа гужва, за да народот од рушење цркви се позанимава со новата одлука-еееиииј Жерновски ги ослободи од плаќање паркинг! (Ова поврзување го правам според претходното - протестите се случиле заради законот за абортус-да се сврти вниманието на јавноста)

    Кога веќе вака гледаме ни едните ни другите не се цвеќиња за мирисање, исти гомца се сите.

    Кога коментирате вакви актуелни случувања, пробајте за момент да заборавите на вмровци и сдсмовци, коментирајте за себе.
    Ако одлуката за ослободување од плаќање за паркинг е добра тогаш рушење на црква е лоша работа. Јас мислам дека е добро што нема да се наплаќа за паркинг, но од друга страна мислам дека е лошо да се руши црква заради политички инат (а и поради било што)
    Денес ќе срушите црква но утре ќе никне нова џамија. Џамии си никнуваат кај ќе им текне па дури и во станбени згради.
    Според некои истражувања, не е битно кои не ми ни текнува - поентата е поважна, до 2020 година во нашата земја ќе има повеќе од половина шиптари (албанци).
    Тоа не ме изненадува со оглед на тоа колку брзо се размножуваат.
    А ќе излезе и нов рамковен, дека ќе бидат повеќе па ќе им требаат повеќе работни места во државна и јавна администрација.

    Нека оди Жерновски нека сруши џамија да го видам и ме интересира дали некој ќе се осмели да направи контрапротест на нивниот протест кој би го направиле сите (зашто тие се држат меѓу себе за такви работи кои им се во заедничка корист, за разлика од нас).

    Некако битните работи за нас граѓаните ги делите политички, формирате групи изразувате ставови и се лајкнувате на партиска база.
    Тоа ни малку не е објективно.
     
    На Hipica и vinozito1 им се допаѓа ова.
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    ^ Пак јас :D Бидејќи нели не треба да гледаме партиски... едниот вика нема да се руши црква, другиот вика ќе се руши. Значи пак идеме од тоа која партија што ќе каже и на кого ќе му поверуваш ;) Јас одбивам да верувам дека црква ќе се руши поради безобразниот начин на протест и апла партиското влијание што го имаа протестирачите.
    Воглавно, да ми извините, не ми е ни толку битно кои религиски објекти накнадно ќе се изградат, затоа што нив ги имаме и повеќе од доволно, а други побитни сегменти ни недостасуваат. Ама кад се нема работа, бар да се помолиме излегува ова :angel:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lemony

    Lemony Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    66
    Аман со тие протести, веќе не верувам во ниеден од нив заради една проста причина....не се реални. Секогаш се предводени од партиски цели и препукувања.
    А овие па протестирачите многу вартени бреее...јас предлагам да одат во Турција па таму нека им мине кејфот за кршење, викање, урлање, фрлање јајца итн...па и таму исто ќе се борат за пад на режим кој впрочем сами си го бирале.
     
  15. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Ма како не му е срам на народот да протестира,се е тоа партиска варка и тоа се знае чија. Сами сме си криви какви граѓани таков лидер-таква држава! :puke:
    Јас незнам зошто сите како пизди ќутат дома од пензионери па до омладина не стрижат за парното како сакаат и колку сакаат,незнам само по ко основ ја одредуваат сумата.Ние дома сме веќе 3 години исклучени и стигаат сметки,сега дури ако не се плати за 10 дена ќе ти дојде дома извршител. Ова е класичен рекет ама нема кој масовно да се побуни,уместо они на нас да ни плаќаат сто цефките им понинуваат ние треба нив да им го полниме џебот за парно кое не го користиме :tmi: Па добре бре народе кај го има ова??? Може ли некој да пише што е исклушен дали поднел приговор или што планира?

    Ајде сите на протест!!! Се знае кој ја купи топлификација и зошто дојде до ова дереџе!
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    Поздрав до твитерџијана Милошоски, кој во историјата ќе остане запаметен по... по.... по.... Некој нека ме потсети, што тоа друго сторил, освен што твитнал сега скоро: „го гушкаат ГТЦ против „барокот и режимот“, а обожаваат викенд шопинг во барокниот и демократски Солун.“

    Со една постара колумна до џуџенцето од Кичево....ете, потсетување - што тоа сторил.
    http://www.okno.mk/node/8339
    „Шпиц“, 20.11.10. ~ Геровски
     
  18. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Кое подобрување го има во образованиетo со воведувањето на нефункционалниот Е-дневник?!
    НИКОЕ.
     
    На Danilela му/ѝ се допаѓа ова.
  19. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    http://m.mkd.mk/makedonija/ekonomija/pe ... e-studenti

    И дали е добро само на најдобрите студенти од Електро да им се даваат вакви стипендии? И дали знаете дека најчесто ваквите стипендии одат кај деца на веќе богати луѓе, на кои реално и не им се потребни така стипендиите? Настрана тоа што го завршуваат факултетот со врски. А не дека имаат знаење во нив.

    Нека им даваат на сите факултети, нека се вложува во младите. А не тука секој нов закон кој го донесоа им е патетичен и нефункционален. Немаат памет, воведоа екстерно кое незнаат како да го реализираат правилно. Воведоа е-дневник кој е полн со пропусти. На таа страница не може да се логираш, а не па да напишеш нешто.
     
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.241
    Допаѓања:
    140.372
    Стипендиите ги даваат ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН, па логично е да стипендираат студенти од електро. Поддржуваат студенти кои за некоја година би можеле да ги вработат кај нив.

    Според мене ова е супер иницијатива и многу фирми треба да го следат примеров.
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.