Во градови низ Македонија (Струмица, Скопје и некои други) се градат многу згради, за кои Македонија како пто е иселена и продолжува тој тренд бема теорија да ги исполни тие станови. Нешто се планира, нешто многу повеќе од тоа што јавноста го знае засега. Не сум сигурен, ама мило ќе ми биде да не сум во право.
Ко што ги сметаат, ко потомци на Александар Македонски? Дај не терајте политички агенди на темава, не може да имаат никаков друг статус освен мигрантски.
Се извинувам што прашав. Го слушав Спасовски, рече нема во прифатниот центар. Колку што сфатив и првите 14 дена ќе се во карантин, што значи после слободно ќе можи да шетаат.
Ама не може тек така да ги земат и слободно да ги пуштат да шетаат, која е логиката? Би требало да бидат сместени во некаков камп, прифатен центар кај што ќе бидат контролирани одредено време. Што ако има андеркавер терорист меѓу нив, безбедносен ризик е тоа за државата.
Чим не ги сметат како мигранти, тука ќе останат. Денеска читав дека Заев изјавил можи повеќе да имало од тие 450, да била информиран јавноста. Не ми се верува искрено шо се случува, не можам да се помирам, а гледам луѓе мува не ги лази. Зошто народот дреми уште !?
Политички агенди? Јас не го измислив тоа. Немаат статус и кридибилитет на мигранти за да бидат сместени во Бардовци и кампови за да бидат затворени и контролирани. Се третираат како соработници, партнери и цивилно загрозено население кое е против политиките на Талибанската влада. Ќе се сместат во приватни објекти. После 14 дена карантин слободно можат да се шетаат. edit: Со член 6 од законот за попис ќе бидат опфатени и тие. Информирај се.
За која држава зборуваш, држава што на најголемите светски криминалци им издаде лични документи и никому ништо. Ги гледавме пред некоја година и месеци што прават во Германија, Шведска, Норвешка...мислите тука ќе се милостиви и смирени?!
Зборуваш или од своето незнаење или од своите предрасуди. Ако е второво, тогаш го потврдуваш кажаното за себе, не за мене. Темата што ја спомнуваш ништо не пропагира, напротив си има убав вовед зошто и како е почната во соодветен подфорум(!), секој има слобода да искаже свое за или против или неутралност или дури и да не ја чита ако не сака.
Зошто уште молчиме како народ? Мене искрено многу ми е страв, којзнае какви намери имаат и каков е тој народ што ќе дојде.... Господ нека ни е н помош, кога сами не знаеме да си помогнеме
Моето никакво, сè што знам е од луѓето кои службено работеле таму (преведувачи и полицајци). Страшни и жални искуства за двете страни. Но темата сега не е што било тогаш, туку за една сосема нова ситуација. Некој постираше видео со министерот за внатрешни кој убаво објасни за што поточно станува збор. Дали властите ќе си го одржат зборот не знам, но исто така и она што го кажувате се однесува на сосема други луѓе. Следните коментари на цитираното не ги пишувам за да те навредам туку да те поттикнам поинаку да се обидеш да ги гледаш работите, секако доколку така сакаш ако не, не мораш. Простете, но кога нè навредува нешто тоа е најчесто затоа што сме извршиле погрешна идентификација со нешто како на пр. нација, лично име, вера, политичка партија и тн. Во таа погрешна идентификација лежи коренот на многу зла, вклучувајќи ги и војните. Сите би требало да сфатиме дека ние не сме нашето минливо тело кое моментално поради географски и политички причини се класифицира како македонско, француско, турско, јапонско, финско... Јас сум јас, ти си ти, таа е таа а не Ана, Томче, Селим, Џон, Жорж... Лични исти имиња и презимиња делат многу луѓе но тие се сите различни. Самите давате одговор зошто не се вратиле живи, вооружените борби носат таков ризик. И каква врска имаат годините што ги спомнувате со независноста на Македонија? 1991 независноста е постигната мирољубиво, по пат на референдум и дипломатски преговори (Киро Глигоров со генералите на ЈНА и други). 2001 беше борба за влез во политиката со терористички средства, жално но се збиднало. А 2015 и ден денес не знаеме што точно се случи, само дека испозагинаа припадници на безбедоносни сили. Тешко е знам, но тоа е погрешно. Ние сме навикнати да се врзуваме за телото, но не размислуваме за душата која повеќе не е во тоа некогашно тело. Постојаното оплакување може да ја врзува душата за земјата и да ѝ создава потешкотии при натамошниот развој во духовните светови. Вреди да се обидеме да ги согледаме работите од една поинаква перспектива, поинаква од онаа национал-патриотската на која нè учеле како мали за време на антиката, комитизмот, комунизмот или денес. Тоа се разни идеолошки заблуди кои нè врзуваат, прават да не бидеме вистински слободни... еден ден ќе минат, но ние ќе останеме.
Како можеш да ѝ го пишеш ова на членка чија фамилија доживеала таков стрес и болка? Ризик де,што да очекува... Мисли си ти,мисли си дека независноста е постигната глатко оти не поминавме ко комшиите и нивните комшии. Аха,да ги согледаме. Да не била таа перспектива немаше да добиеме независност и ќе бевме многу поограничени.
Историјата вели поинаку. Можеби ја поттикнувале желбата за независнот тие перспективи, а можеби зад таа желба се криела желбата за власт на поединечни групи кои ги пропагирале таквите перспективи. Инаку гледам од коментариве по форумов колку е народот „неограничен„. Не само македонскиот, исто е и со албанскиот, српскиот, грчкиот, бугарскиот... Националните митови се моќни за да го држат умот на народот поробен.
мене искрено ме интересира како можете двајца-тројца луѓе на форумов да бидете волку сигурни дека ќе бидат примени тука поради тоа што сме солидарни им треба помош, дека се добри и слично. Дај ако знаете со сигурност нешто смирете не нас глупите, неинформираните, себичните, полни со омраза па и ние да размислуваме вака. Јас стварно не знам дали наудрени се правите или што е работата.... Кој во светот знае за Македонците дека се насилен народ, силувачи, бомбаши и сл??? Не во секоја област во животот треба да имаме различен став од сите останати, да одиме со глава во ѕид и да се осеќаме дека сме најпаметни
https://www.facebook.com/kristijan.plotnikov/posts/10219619173617909?comment_id=10219619580748087 Кратка анимација од USAID наменето за мигрантите. Името е "Ваша интеграција во Северна Македонија" Содржи 5 точки: 1. Сместување 2. Образование 3. Вработување и стекнување вештини 4. Здравство 5. Пат до државјанство
Ќе го делев истото мислење со тебе и ќе се согласев целосно, а верувам и повеќето ако во овие "бегалци" има и жени и деца. Ама очигледно нема. Зошто би си ги оставиле жените и децата? Што уште да збориме за емпатија и хуманост.
Ама кажи дејлајт коа ќе ви пристигнат новите гласачи, најјаки ќе сте и никој нема да може да ве победи После секои избори ќе биде вака весело https://m.facebook.com/kudetumbui4b...608/?refsrc=deprecated&ref=page_internal&_rdr Бадијала се трудиш сериозно да се објаснуваш со човек кој е убеден дека жртвите на силување во минат живот биле силувачи и затоа во овој живот се силувани и цела политика ја претставува низ призма на такви "закон" за сеидба и жнеидба рационализации. Тоа е веќе верски фанатизам. Нема ни што да се дискутира со луѓе кои се потчинети на одлуките на најглупиот премиер во светот и не ги преиспитуваат. Авганистанската влада имаат многу поголемо IQ од zlajo & co. Игнорирајте.
Сите сме огорчени од политика и власта, ама луѓе многу е жално за тие луѓе. Невини секогаш страдат најмногу. Војна е најужасна работа. А Америка дојде, уништи, разори, искористи и се повлече и нормално ги искористи земјите како нашите оти нели обрска кон Нато е. Нема тука сакам нејќам. Мораш. Има цена што сакаме нато и еу, само таа цена превисока е, и на крајот ко ќе погледнеш ништо нема да вреди. Прочитав тоа биле луѓето од Авганистан кои работиле за влада на сад па сега имаат обврска да ги извлечат од таму. А работиле што? Можат да работат многу нешта за интерес на Америка која бара само својот интерес офкорс. Дај Боже да се жени и деца, а не обучувани војници, шпиуни и не се разбирам повеќе. Инаку, случајно налетав на профилот на инста споделен од една пријателка. Видете го, директни извештаји од Авганистан од млад дечко, новинар, кој патем самиот изјави: како УК и УсА имале пари за 20 години да супортираат војна, сега би требало да најдат и имаат и за имигранти. Еве го профилот. https://instagram.com/rustamwahab_?utm_medium=copy_link Реално, оваа земја нема капацитет за згрижување, без оглед што велат уса ќе плати трошиците, сите знаемае како на крај испаѓа. Сум живеела живот со избеглици, тоа е секогаш на трошок на локален народ. Ама тоа е, џабе ние ќе си тупиме глава кога пак ќе биде како кажат "големите". Си се продадел, сега ќе си играш како другите свираат.
Абе аплицираа намерно и врски фаќаа за да одат на тури во Афганистан. Пари печалеа на туѓо крвопролевање, сега, наеднаш: 'Оф леле мори мамо, боли.' Нека ги сместат во 'афганистанките' во Куманово... ако не.