Новата бројка е 650. Арно малку. Без карантин, значи веднаш ќе се шетаат. Штом ќе дојдат, ако се плашите, а би требало избегнувајте гужви, трговски, молови, цркви. Ако напаѓаат таму ќе удрат.
Тука морам да те исправам, не се милитанти овие што доаѓаат, туку т.н. свиркачи. Обучени за рушење на држава, власт, поредок од внатре. Доаѓаат, се инфилтрираат и "шират демократија". Тоа е новиот начин на војување, нема веќе бомби, барем не од страната на USA. Бидејќи не води теренски борби ако нема нафта, доаѓа, прелетува и авионски бомбардира, или ќе си пушти една nuke. Пример со бомбардирањето во Србија кон крајот на 90тите. Им ги бомбардираа патиштата, пругите, мостовите, а со графитни бомби и го прекинаа електричното напојување. Комплетно ги отсечија од цивилизацијата. Не можеа да се искоординираат, а камо ли да возвратат. Ама за ваков напад, имаа луѓе на терен најмалку 3 години пред да нападнат. Па и Авганистан е пример каде 20+ години го разединуваа населението на верска основа, правејќи ги едните подобри од другите. А за тоа време обучувајќи го новиот лидер. И сега се повлекува, а притоа кажува дека се во постојан контакт со Талибанците. Ако видите дека лидерите на Талибанците се од Западна Европа (Швајцарија, Франција, Белгија, Германија... се е јасно). Стани Мурто да седни Курто. Извинете ме на изразот. А ние како што сме обединети, за 20 минути војна можат да направат. Или само да надлетаат со авионите. Веднаш ќе си го извадиме белиот веш, ако не го покакаме во меѓувреме.
САД веќе не имаат натлетано кога влеговме во НАТО: Ние сме им добра позиција за ако има нешто со Русија и Кина, затоа и толку притискаа во Грција за името само да влеземе што побрзо во НАТО,Заради влијанието на Русија на Балканот.На Србија тоа што им го направија и тоа што ги притискаат за Косово, тешко дека Србија ќе клекне, затоа и се свртија кон Русија и пред година и нешто Путин беше во Србија. Овие кај нас ќе седат до Нова година, додека не им ги средат документите. Самите авганистанци нема да седат тука а не па да растураат веќе поделената Македонија, и Шиптарите нема туку така да дадат овие да прават неред, ко прво они ќе се бунат први. ЕУ и САД ќе си ги земат овие, мн од овие имаат работено за нив.
ВМРО-ДПМНЕ ако сака може веднаш да не спаси од ова, така што ќе излезе од Собранието и ќе бара избори. Така би морало да се распишат избори. Со отпор тие можат да не спасат од ова, ама требаше веднаш да реагираат.
За бегање од овде не сонувајте толку многу. Да се бегаше така немаше овде народ да има. Дури и да заминете, вие таму нема да земете државјанство со години. Практично може да остарете дури чекате државјанство. Гледајте овде да биде подобро. Да се бориме со сите демократски средства. Прво да гласаме, тоа е основно право. Друго, Чка спомна да бегаме барем до Белград. И во Србија нема леб, само што е територијално поголема и колку толку си води суверена политика. Во Белград недвижнините се оган и пламен, а во внатрешноста работа нема. Знам Македонка која отиде со мажот, кој патем е Србин, си има српско државјанство, си имаат имот таму, жената е школувана, со искуство, и еве ја година дена е без работа. А се многу блиску до Белград. Таа не е државјанин, така што не е мед и млеко за странци. Е сега за бугарскиот пасош, мој роднина си работи директно за Германци и си седи таму колку сака, без бугарски пасош. Најде работа во германска фирма и бугарски пасош не му е ни потребен. Еден куп знам со македонски пасош се во Германија, и откако фати пандемија не се дојдени во Македонија.
ВМРО ДПМНЕ е партија само што си игра во улога на опозиција. Во јавноста џавка одвреме навреме на некои (не)битни проблеми, иако ништо не презема околу тоа, а зад сцена се е договорено со Владата. За жал. Единствен кој им ги мати сметките е Апасиев и Крмов.
Знам. Но, Апсиев и Крмов се само двајца и дури и да излезат нема да има ефект. Да беа повеќе верувам дека ќе направеа нешто. ВМРО може, а не сака.
Јас сум млад човек и по карактер давам еднаш или два пати шанса. Еднаш се понадевав дека откако ќе се турни режимот на Груевски, дека ќе извлечат поука и да бидат добри и да оди државава кон подобро, но не... џабе е, истите финти, истото продавање на магла, дриблање во место, наместо отворено и директно зборување. Некогаш си викам па и политичарите не се само тие криви, и народот е крив, смрди на мито и корупција, али ајде сеа за сеа можам да речам дека единствено се надевам во Левица дека ќе бидни нешто во иднина. Најпрвин велевме, бла бла, само за на интернет се, па оп еве два пратеници, што знаеш можеби на следни избори ќе бидат 5.
Jaс очекувам дека Левица ќе има 8 пратеници. Ако земат толку, без нив нема формирање Влада. А ако влезат во Влада, ќе уценуваат и тие и така им треба на СДСМ, ВМРО и ДУИ.
Ништо не ја оправа мкдонија, една ластовичка не прави пролет. Мало морген јас што ќе седам тука или ќе се завртам назад.
Јас од еден куп луѓе најмалку 5-6 години слушам дека ќе бегаат и уште се тука. Дури и да се отселиш, ќе требаат години додека добиеш државјанство таму (ако добиеш, не се сите како Македонија секому да штанцаат државјанства). Дури и да се отселиш, кога ќе дојдеш ќе сакаш да видиш средена држава. И да не дојдеш, имаш роднини, пријатели, познаници и ќе ти биде мило ако се среќни наместо да немаат што да јадат. Јас по таа логика одам. Муабетот „ич не седам, ќе бегам“, абе мислиш некој плаче за Македонците таму. Плус, од тоа што роднини ми го кажуваат, ние и не сме вреден народ. Некој таму ќе се покаже, некој не. Не е секаде Македонија, па дај ќе дремам 4 саати од 8 работни на врата, ќе пијам кафе, ќе пушам цигари и плата ќе ми дадат. Таму има селекција. Кој не го бива за 3-4 дена го бркаат. А нашите како и да ги биде, кога прво со години има луѓе кои не работат ништо, немаат ни искуство. Кој е поткован со знаење, ќе се спаси при подадена рака, ама за неспособниот ни 100 подадени раце се малку.
Ај доста со тоа "ние", јас не се идентификувам со етнички групи. Гледај си ти за себе или шири патриотизам на други. Ниту еден мој иселен роднина не се врати во мк и нема сила која мене тука ќе ме задржи. Не сум била ни родена овде кога почнал да царува хоштаплерајот и не чувствувам никаква одговорност по тоа прашање. Јас креирам правила во мојот живот, нема другите што дробеле јас да сркам. Некој уништува, јас ќе му ги живеам последиците цел живот, како па да не.
Ние не мислев на тебе ( јас и ти), општо. Зошто си тука, ако веќе имаш роднини? Не е ова ширење патритотизам. Да можеле, 99% од членките на форумот ќе избегале од овде, баш затоа што не се патриоти, не затоа што се. И јас размислувам за странство, ама не за трајно иселување. Врските овде ќе ги одржувам, сакам да си имам македонски пасош, државјанство, дом. А ако веќе тоа го имам, сакам и овде Македонија да се среди.
Илија Димовски во Дневникот на Сител посочува дека не знаеме сигурно колку тие ќе седат,дали привремено или трајно и дека некои држави одбиваат да ги примат. Наши сограѓани имаат проблеми кои Владата не ги решава.Ние немаме моќ како други држави. Владата може да се реши за нивно вработување,а Албанија размислува да им даде политички азил. Владата со ова ко да сака да се пере пред јавноста.
Mojoт роднина со кој искрено се гордеам, дечкото ни а, ни б, ни муабети ќе се селам, туку акција. Се вработи на едно работно место на 18 години, оттука наоѓа подобра работа, оттука наоѓа поплатена, па оттука во Хрватска, и на крај Германија. Прво преку македонски газди, па сега и за Германци. Бугарски пасош не спомнал никогаш. Сега дневно заработува по 100 евра, и веќе учи германски оти му треба. Другите што со години зборуваат како ќе се селат и споменуваат дестинации, ете ги уште дремат. Муабетот е „ќе си одам“, демек „принцеза сум, ова општество не ме заслужува“. Како да не. Се грозат демек од срединава, а не се свесни дека во странство во некои земји без државјанство ти имаш повеќе обврски од привилегии.