Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.773
    Допаѓања:
    19.587
    Пол:
    Машки
    Јас мислам дека народот сепак овде не го бива. Од проста причина ќе ти наведам. Бев пријавен за полицаец, во топ форма сум значи вежбите што ги даваат јас извадов натпросечни резултати, и сите ми викаа ах чим немаш чоек или не платиш пари џабе. Се е сведено на мито, корупција, партиска книша и пријател да имаш.

    И сето тоа е како океј работа и нормална појава.

    За жал јас не можам да го прифатам тоа и на некој начин страдам.
     
    На deskarada, Tanjamm, Need for Speed и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. zoya

    zoya Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Тие што лепат плакати ќе добијат само државна плата и толку. Главните ѕверки се бирани од нашите окупатори, главно според нивниот низок IQ.
     
    На IRBBB, christinnn, Need for Speed и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.773
    Допаѓања:
    19.587
    Пол:
    Машки

    Демократските избори значи секој глас е еднаков пред секого. Старо, младо, повисоко, пониско IQ нема разлика, само има своја цена. Некој гласот го продава за сендвич, некој за работно место, така е кај нас. :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zoya

    zoya Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Рибата смрди од главата. Многу не можеме да го прифатиме тоа, ама сме безгласни букви.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.105
    Допаѓања:
    26.970
    Се оди во последен момент кај ромското население и се "купуваат" гласовите за 500-1000 денари :(
    @WildMk тогаш е жално... Таа власт јас не ја одбрав, а и тешко се симнува очигледно. Може и одговара на потрчковците, мене не. Затоа тука иднина не гледам.
    А, за да си политичар, а и премиер треба да си углавно неписмен.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    И 'главните ѕверки' почнале со некое дудлање.
    Нема да ти дојдат на врата и да ти речат 'Те кандидираме за пратеник/премиер' - треба да се експонираш, да покажеш дека си 'за партијата'.

    И сите, баш сите, од народот се излезени.
    Тука растени и одгледани.

    Ако ги видиме анализите за структурата на населението во РМ, ич не е тешко да се процени каков калибар на политичари ќе испаднат.
    Сите се корумпирани или корумпираат, не само политичарите.
     
    На Tanjamm и g8lQQk им се допаѓа ова.
  7. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Не верувам во Дедо Мраз.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Да де.
    Чоек кој самостојно пропагира некоја идеја е рамно на Дедо Мраз во Македонија.

    Како без пари?
    Од шо мака?

    Шо корупција?


    _______________
    Еве го тој мајндсет @zoya
     
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Odnosot na golemite drzhavi sprema republikava, e rezultat na dobra prouchenost na psihologijata na Makedonecot. Spored toa strancite zadolzheni za politikite na Balkanot, veruvaat deka tretmanot e soodveten. Postojat i istoriski dokumenti kako dokaz.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  10. zoya

    zoya Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Кои демократски избори жити се'? Со полнење кутии во албанските средини кај што живо пиле не пее? Колку што беа демократски изборите во "најдемократската" САД.
     
    На Tanjamm и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  11. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.773
    Допаѓања:
    19.587
    Пол:
    Машки
    Не знам за вас ама јас сум бил сведок на партиски ботој, што фатиле државна работа и од официјални 8 саати работа, тие 8 саати ги работат ефективно во текот на 5 работни денови. А во меѓувреме јас работам како невработен и секој денар заработен што ми е (убо ме плаќа) ми е заработено со изработена капка пот и сила во секоја можна минута, нема паузи и забушавање.

    А пази, дипломиран сум на факултет, да речеме академски граѓанин. Не да потценам некого, ама заслужувам нормална и стабилна работа како и секој човек.
     
    На cresa-jagoda, nextredstyle, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
  13. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    А бе 10 дена зборите за Авганистанците. Јас незнам што толку им се замарате. За една година ќе им дадеме државјанство, за 5 години бугарски пасош ќе земат и ајт со здравје. Се мислам дека ова е планот.:!:
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.071
    Допаѓања:
    12.809
    Дали ноќеска ги спакува куферите? Дали веќе си на аеродром?

    Богами и од родителите треба да се откажеш штом те родиле овде и те направиле несреќна. За нас не мисли, ќе тонеме, судбина. За власта не решаваме само ние, Албанците од осамостојувањето играат голема улога. Да, наречи ме исламофоб, еве ти како тотална спротивност можеш да земеш едно семејство со себе, а пишуваш на тема дека требало да има насилни протести. За години, јас и ти сигурно сме неколку години разлика, не сме 10, 15.

    И возрасна си, не се правдај дека некој друг гласал, опа ти живееш лошо. Делувај. Јас која „се знам“, еве ви дадов пример како на 22 години може некој веќе да бидат самостоен, во странство, и да работиш за Германец, да заработува добро и да си планира иднина. Тука ја планира иднината замисли.
     
    Последна измена: 22 август 2021
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.071
    Допаѓања:
    12.809
    За ова сме криви затоа што молчиме. Мојата покојна баба имаше решено еден ваков администартивец. Не сакал да ја услужи, па отишла кај директорот. Го викнале административецот, лом го направиле пред колегите и експресно завршил работа. Баба ми беше луда, ако требало и полиција ќе им викнела, па нека се чудат до утре. Ние не се буниме, ведни глава и оди дома.
     
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Тастатура патријотка :rofl: Пак ме цитираше, мисли ќе и се објаснувам, изгорена е да дознае нешто. Зошто не одиш да се приклучиш кон протестите, туку уште цимолиш на форумот?

    Ништо ти не знаеш, освен да филуваш туѓи животи, да ги пренесуваш и да осудуваш. Албанците не се виновни што не умееш да процениш за кого гласаш. Кој за кого, таа за Албанците ќе се фати. Утре Авганите ќе ти бидат оправдување за омразата и така се во круг. Зло балканско, националистичко.

    И чисто сумњам дека си ти млада личност во 20-ти или рани 30-ти, ама не е ни битно.
     
    На Need for Speed му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.071
    Допаѓања:
    12.809
    Ти си таа која спомнува оправдување. Ти не ми одговори зошто живееш во ова дувло? Не ни мора. На себеси одговори си зошто си тука покрај толку фрустрации, незадоволство, гнев, а млади си и имаш роднини во странство. Иселеник на тастатура си. Немој да се грижиш јас сигурно имам направено повеќе од тебе. Прво не сум патриот во покушај. Пред пандемијата, добив пари од странство, и реализирав два проекти за општо добро, нешто што ќе остане за заедницата, направив донација тука и за нашинци во една соседна земја. Парите од надвор, од странци, ги донесов тука и тука ги потрошив. Ти седи, кукај, и оправдувај се дека некој во друга општина гласал лошо и тебе ти е лошо. Демек па имало некој избор па сме утнале. Нигде не реков дека секаде е лошо, ама за трајно отселување ти треба туѓо државјанство, и комплет нов живот, дом во странство. Дури и во една Србија има жени кои 15 години живеат и се мажени таму, па немаат државјанство. Србија не им дала државјанство, а за посериозни земји да не правиме муабет.
     
    На Peanut Butter му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Не си кадарна да заминеш од тука, па кисело ти е грозјето. Не ми се фали, и така не ти верувам. Оди во другите теми, потрачај некој роднина или пријател со најодвратни зборови. Патријотизам на дело. А за семејство од Авганистан, ти која си била гласач на Заев ќе си го вдомиш, јас не се мешам. Ви рече онај груки дека ќе ви населат мигранти, вие пак се истрчавте. Шо вика Рада, ѓаолот дојде по своето.
     
    Последна измена: 22 август 2021
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.071
    Допаѓања:
    12.809
    Ова за себе го кажуваш дека не си кадарна? Ти пиша дека ќе си одиш, нема шанси да се свртиш, а сигурно и по 5 години ќе го збориш истото, како и 90% од народот. Па бев надвор. Како не сум кадарна? Не мораш да веруваш. Јас надвор од форумот имам нешто направено за заедицата. Тоа што сум го донирала по институции ако е малку, ќе се користи следни 50 години. А тоа дека погрешно избирам на избори, па и тоа не е точно. На локални секогаш сум гласала за тој што реално бил подобар. Сум имала прилика да соработувам со градоначалници и кандидати за градоначалници, сум оформила мислење кој е компетентен, а кој не.

    Кој те тера да ми веруваш.
     
  20. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Да, да, затоа се жалиш низ темите дека рмбаш за некој робовласник, оти си способна да спраштиш од тука, ама многу ти е убаво. Прочита дека други сакаат да си одат, па од завист навали да ги разубедуваш. Се гледа по заедницата кој е твојот придонес за неа. А и по трачарењето на сите познаници на јавна платформа како што е форумов, Господ да ме чува од такви "заслужни" граѓани. Бегај, не ме цитирај повеќе.