Да де. Затоа имаме во моментов 11.000 заразени, а Афганистанците синоќа дојдоа. Сигурно 300 луѓе, не заразиле 11.000, за еден ден. Еб*тЕ! Подобри би биле, од било кој агент на ЦИА! За се' шо и' фали на државата, Афганистанците ви се криви! Од нас не чини, не од Афганистанците. И шо е битно, ако некој бил педер? Шо си ти? хомофоб? Никој не ти го бара дупот! Не паничи!
Убиствена комбинација имаш на некоја изобличена емпатија и рационализација шо смрди, најискрено. Емпатичен сум и јас, ама ние поголеми гревој сме од нив, и пак се силиме. Малце од малце да се замислиш и да си речиш чекај бе, по кредити по фејсбук се молиме донации за лекување луѓе, куќи опожарени да се поправат, немаме здравтсво, образование, институциите се паразитски итн да не спомнувам стандардот. РЕЗИЛ и БРУКА, туѓ срам ме јади.
Кој знае дали се дојдени. Инфомакс е петпарачки портал и обично шири лажни вести. Нема ниту контакт, ниту адреса, некои викаат дека е бугарски шпионски портал ...бла бла.
Јас сум тамам, ти си националист, хомофоб и неодговорен граѓанин на државата! Време е сите да почнеме да преземаме одговорност за се' она што ни се случува. 30 години не сме мрднале од место! Срам сме ние, како нација, како држава. Два милиони народ не сме способни да организираме праведен систем! Се' е со лаги, со шеми, со корупција, со крадење, со криминал. На сите нивоа на државата. 99% коруптивен и необразован кадар, се собрале и си 'играат' држава! Дури не си го впериме прстот во себе, нема да биди поарно! Вие, како сакате.
Јас сум само реалист, а ти си првата што при прва прилика на непосакувани работи ќе исцвика ќе се скрие или избега некаде. А ти продолжи да ми зборуваш за хомофоб и неодговорен граѓанин. За срамота.
Не си ти реалист! Ти си уплашен македонец! Ко милион други. Им е страв да излезат од комфор зоната, да пробаат, ко за промена, да бркаат обврски без да фатат врски. Ќе се изненадат колку работи може да се завршат и по регуларни патишта. Не чади оџак од нас. Арно рече ќерка ми: Поарно ќе биди, ко ќе изумри вашата генерација.
Да бевме националисти, Македонија ќе беше далеку пофункционална и поубава за живеење. Одговорност каква бараш? Што имам јас со талибанецот. Ако избувне војна кај нас, нема да барам азил во Јапонија. Претпоставувам во соседна земја. Што не им отворат граници нивните соседи? За што ќе ми се воопшто? Имам бенефит некаков? Те молам спушти се на земја и погледни ти во кој Афганистан живееш, па после размисли дали ќе примаш дополнително муслиманско население. Немој после да биде алах акбар сити мол.
Војничиња за на тастатура со вишок време како тебе ги има со лопата да ги риниш овде. Па сеа кој сфати, сфати.
Нема да биде, им треба инфраструктурата, за кога ќе дојдат на власт! Македонија мојш да ја 'кутниш' без ни еден испукан куршум! За жал... *Првата реченица е сарказам, да не ми се вдај некој.
И како примањето на Авганистанциве ќе поправи било што од ова? Проблемот е што меѓу тие луѓе дојдени од земја од среден исток не знаеш кој е кој. Немаат сите идентификација и можност да им провериш досие или дали е безбеден да влезе.
Нашите служби не се професионални, ни АНБ, ни МВР за да ги проверат. Нема шанси да ни гарантираат 100% дека се луѓето ок и дека не се ризик фактор.
Фејк њуз. Секоја еу држава си е унитарна, и може да решава кого прима. Тие од Брисел може да продолжат да летаат со приватни авиони, додека зборат за еколошка свест и намалување на емисијата на цо2. Ај сега, едно многу практичко прашање- имаш да речеме стан за издавање. Ќе му го издадеш на Авганистанец?
ООооххоо, да бевме националисти, супер ќе беше, ќе имавме држава. Овде е грев ако имаш грам национализам или патриотизам кој како ќе го сфати. Погледни само на форумов, десет сме се собрале, 5 ги бранат Авганистанците иако со очи немаат видено Авганистанец. Другите де се идентификуваат со Македонија, де се мислат потомци се на Бонапарта, небаре имаат аристократска крв, па оштетени од Македонија. Пред да осуди некој Македонија не направила ништо за нас, а што направивме ние за неа? Ништо. Колку Срби сум сретнала, живеат во мали места каде нема никаква перспектива, едвај врзуваат крај со крај, па не плукаат по свое и ако констатираш дека е навистина тешко, нема работа во нивниот град ти вели „сегде е исто, криза е“. Не плука, се адаптира на околностите и се гордее со своето. Ти го истакнува убавото, што и каде има да видиш, ама не не плука.
Тие па, за наши не можат да гарантираат не па за нив. Циркуз, трагикомедија се (и допрва) ќе се дешава.
А што Србиве ако се националисти гледам им цвета државата... Битна е власта каква политика води не некој од село дали се гордел или не, клучните гласања се битни (како што беше референдумот за идентитетот на пр. или бирање политичка партија) а критика е секогаш потребна нормално нема да се прилагодам на нешто труло у државава само затоа што сум се родила тука, малку извртена перцепција имаш за национализмот ти како индивидуа не можеш да придонесеш ништо ако власта која ги има конците у свои раце иде против државата.
Не им цвета, ама сигурна сум дека ако кај нив сега ветуваа прифаќање на мигранти ќе имаше сериозни проблеми. Има прашања по кои се единствени. Имаат црвени линии.
Директорот на ЦИА Вилијам Барнс остварил тајна средба со лидерот на талибанците Абдул Гани и тоа ни помалку ни повеќе туку во сред Кабул 3:20
Во Београд одамна има мигранти неподобни за Германија и Аустрија кои прават насилство и глупости, само не сe на вести во диктаторска Cрбија. Што мислите зoшто запад го толерира AB на власт?