Дојдоа, една дури стигна и да се породи. Станавме побогати со едно македонче со афганистанско потекло Уште неколку чекаат на ред. https://mk.tv21.tv/se-porodi-bremenata-avganistanka-koja-sinoka-pristigna-vo-nashata-zemja/
Очекуваме зголемување на наталитетот по природен пат, благодарение на зајче хехе Плус со член 6 од законот за попис и тие ќе бидат попишани сега хехех.
Единствено ми е жал за децата и за жените од Авганистан. Ни криви ни должни поминуваат низ овој пекол и мораат да бегаат.
Како ќе бидат попишани, која националност ќе ги става албанци ли или авганистанци? Нели за некој месец ќе ги пратат во бел свет?
Шубав ред воведват со камшикот овие за да нема преку ред влегвање во банка. И кај нас треба вака за по институции, оди после да те видам само прашај преку ред.
Навистина ова го изјави? После Јелена од Горни Милановац (или како и да беше) отишол во Кабул да продава пиперки и оп нова љубов. Голем љубовџија Зоки наш Имам чувство дека на крајот ќе испадне се оженил со сводници (посредници). P.S. Нека не оди во кампот, веројатноста да се заљуби е 102.5%
Па тоа одамна е востановено , ако е оној латас за верување. Тој откриваше пикантерии како заев го ожениле преку стројници, ама ја заборавив приказната.
Видео кое потврдува дека Зоки Кичеец е дел од трагичната сообраќајка – а треба да е во затвор – Радио Лидер (lider.mk) На видеото јасно може да се види дека таму е присутен и Зоки Милевски Кичеец. Токму тој како што неофицијално објавија медиумите учествувал и ја предизвикал сообраќајната несреќа. Инаку Зоки Милевски Кичеец треба да е во затвор. Тој е осуден на три години затвор, откако во декември минатата година го призна делото за случајот „Рекет“ – примање награда за противзаконито влијание. Сега налетав на оваа вест ви цвета правдата и судството во државата од кога дојде Заев на власт, само требало Грујо да го смените и Швајцарија на Балканот се створи
@WildMk знакот ги означува трите дела на Македонија, вардарскиот, Пиринскиот и егејскиот. Не е дека ќе се вратат, и дека Македонија ќе биде цела, туку да не се заборави еден од поголемите геноциди у Европа за кој никој не зборува од срам. Исто ко Евреите што зборуваат за да не се заборави холокаустот, за да не се повтори. Така треба и Македонците, за да не заборави светот што и направи Европа на Македонија. И да не се повтори, да седнат некои големци у Букурешт и да речат ај да си поделиме уште нешто. Исто да не се заборави и денот кога Тито рече одиме на Трст, а Македонците сакаа на Солун. Ама оти сакаа на Солун беа на голи оток. Денот кога Ченто беше однесен на Вис, и се врати жолт, а народот од Македонија, претежно Прилеп стоеја пред собрание на РМ и чекаа наредба за Солун. И не отидоа, ги излажаа и ги ставија у воз кој наместо за Солун отиде за Голи оток. Никогаш да не се заборави дека Егејот и пиринот се Македонци кои не смеат да кажат дека се. Кај нас малцинството ни трие сил на глава а македонското малцинство у Грција и Бугарија е угнетувано. Да не се заборави барем од нас. На Европа и се прди за нас.
Dali bil nekoj da video Kako e patot Kicevo-Ohrid? Kako sakame da razvivame I da privlekuvame turisti ili bill so logs patot e dupka do dupka? Ima li nekoj odgovoren sekoj avtppat da se sredi sekade da ima kanalizacija I Vida. Kje baraat glasovi a ne pravat nistop.
Судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар му одреди 30 дена притвор на Зоран Милески-Кичевскиот за тешката сообраќајна несреќа во саботата кај Стража, во која загина едно лице, а седуммина се повредени. Мерката е притвор е на барање на обвинителството, според кое тој претекнал на две полни линии и се судрил со две возила. Гостиварското обвинителство ја побара мерката притвор поради опасност на влијание врз сведоците и можност Милески да го повтори делото. Милески, кој е осуден на три години затвор во случајот „Рекет“, е на едномесечен прекин, откако лекари од Охрид препорачале да се лекува од стрес, тахикардија и тешко дишење, а Управата за извршување на санкциите, му дала такво решение по препораката. ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА ЗАТВОРЕНИКОТ ЗОРАН МИЛЕСКИ-КИЧЕВСКИОТ, ПРЕТЕКНУВАЈЌИ НА ПОЛНА ЛЕНТА КАЈ СТРАЖА ЈА ПРИЧИНИЛ СООБРАЌАЈКАТА СО ЕДЕН ЗАГИНАТ УПРАВАТА ЗА САНКЦИИ ВЕЛИ ДЕКА НЕ ДАВА ПАУЗА ОД ЗАТВОР ОД РАКАВ, ТУКУ ЗАД ЛЕКУВАЊЕТО НА МИЛЕСКИ СТОЈАТ ПРЕПОРАКИ ПОТПИШАНИ ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ Милески се возел со двајца српски државјани. Тој казната ја издржуваше во отвореното одделение во затворот во Струга.
Само У Севернава може да се опне притвор 30 дена на човек кој е веќе во затвор... СуСфово ко пупка...