Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Е ама баш за дома не си ги има посвоено туку на сите ни ги тапоса и затоа е фино да знаеш боречки вештини.
     
    На Ева33, Rama, Kimberly11 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.106
    Допаѓања:
    26.975
    Шо ќе ви се боречки вештини ако не бомбандираат.
    Со маваши да не се спасете.
     
    На Rama, LejlaD и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  3. diff

    diff Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    45
    КУРТИ НЕМА ДА ГИ ЕКСТРАДИРА ОСУДЕНИТЕ ЗА ПЕТКРАТНОТО УБИСТВО КАЈ СМИЉКОВСКО ЕЗЕРО ИСМАИЛОВИЌ И ДЕМИРИ, НЕМАЛ ДОВЕРБА ВО НАШИОТ СУДСКИ СИСТЕМ - Сакам Да Кажам (sdk.mk)

    Премиерот на Косово Албин Курти, кој денеска со цела косовска влада дојде да одржи заедничка седница со македонската влада на Илинденска, нема доверба во нашиот судски систем, по прашањето на екстрадиција на избеганите Алил Демири у Африм Исмаиловиќ, двапати осудени во отсуство на доживотна казна затвор за убиство на четирите деца и рибарот на брегот на Смиљковско Езеро во 2012 година.

    Бадијала повторена постапка од нула, бадијала нови обвинители од СЈО, преиспитани докази, нови непреслушани сведоци, телефонски разговори, реконструкција на настанот, трауми на семејствата на убиените, бадијала нови пресуди кај други судии, со Албанци во судечкиот совет и меѓу обвинителите што го застапуваа обвинението.

    Курти нема доверба во нашето судство, зборува за меѓународна помош во расчистување на случајот.

    [​IMG]
    „Нашите министри за правда се во директен и редовен контакт и за ова прашање. Знаеме дека од минатото наследивме трагични случаи и тешки предмети кои имаа заследени тешки предмети . Но има и други предмети кои според мое убедување не се разјаснети докрај и ја немаме за целосната вистина”, кажа Курти како одговор на новинарско прашање зошто Косово не ги екстрадира двајцата сторители на петкратното убиство кај Смиљковско Езеро, и покрај две правосилни пресуди и повторена судска постапка.

    „Заедно со премиерот Зоран Заев разговаравме за меѓусебна поддршка, но и за меѓународна помош, како би имало правда и за двете земји, но и за жртвите, како би се научила вистината на крајот”, вели косовскиот премиер, кој денеска дојде на гости со сите свои министри во Скопје.

    Премиерот Зоран Заев не почувствува потреба да каже каков било коментар по изјавата на колегата Курти за неекстрадирањеро на Демири и Исмаиловиќ и за квалификациите и за барањето на „преки суд“ за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро
     
    На Rama и Cka им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.800
    Пол:
    Женски
    Нешто убаво да слушневме да се случи во државава... Се' е црна хроника, години наназад.
     
    На eliesaab, Tanjamm и Rama им се допаѓа ова.
  5. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Се лошо ќе се дешава додека не се собереме сите и да излеземе
     
    На calm-girl и Rama им се допаѓа ова.
  6. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Јас бев таму кога се случи ова, и буквално никој од присутните не го забележавме. Ниту на екраните ниту оние кои седевме напред. Ако ова може да се случи на денот на независноста (иронично нели, со оглед на тоа дека фураат пропаганда со колку коњски сили сме обезбедени), се прашувам што би можело да се случи во други ситуации. Или со Авганистанциве кои дојдоа, а веќе почнаа да прават дестабилизации.

    И да, некој од вас спомена дека ќе паднела власта на локални во октомври, што мене лично ми е прекомично, да не речам траги - комично.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ова со поскапувањето на ќесите на 15 денари...
    Ќе поверував дека стварно се загрижени за околината ако другово беше океј.
    Имаме најзагаден град во светот, имаме огромни депонии, фабрики кои си чадат без никакви регулативи, битни фаци увезуваат отровни горива и ги препродаваат како безбедни и притоа не јадат казна, се гради без усул и покрај куп законски прекршоци во тие планови и градби.
    Ама првите мерки кои на нашиве им доаѓаат на памет се поскапување на горивата, демек да сме користеле повеќе тротинети и електрични автомобили додека господата си купуваат за себе автомобили на горива и патем додека не ни можеш да купиш електрична кола оти не се увезуваат на големо кај нас и поскапување на пластичните ќеси.
    Да, супер само кога ќе ја чукне чоек малце главата и ќе видиш оти првите мерки вклучуваат поскапување во реченицата, јасно ти е колку е саатот и дека само целта е да се истера профит, не оти тие загрижени биле за природата:angel:
    Така што крајно се подмолни вакви мерки кога желба за профит ја кријат на ваков начин.
     
    На Abel, viva.la.vida, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Имала секс со Мијалков? Во шок сум. :o

     
    На Need for Speed му/ѝ се допаѓа ова.
  9. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Дали остана некоја што не му била швалерка на Мијалков? :?:
    Како бе постигна чоек на сите страни. :drunk:
     
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Девојкава се брзала за на погреб кај татко и, им кажала на полицајците, ама не ја пуштале јер морале да поминат браќата од Косово за да потпишат уште еден погубен договор за нас, и во лице пред цела јавност да кажат дека нема да ги екстрадираат мирољубивите убијци на невините деца од Смилковско, а ти слободно пак вели мрш.
     
    На Amelia, deskarada, _beautyy_ и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Ова е фејк.

    Мијалков, при толку пари и имот, сигурно нема да има секс во кола како клошар.
     
  12. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Освен ако сака да се скрие.
     
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.086
    Допаѓања:
    134.916
    IMG_20210919_141643.jpg

    И ако после ова победи СДС , ептен не заслужуваме држава да имаме. Нека не пороби некој
     
    На christinnn, calm-girl, Zaljubena26 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Резултатите од членството во Нато.
     
  15. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    2.148
    Власта да се справи со Корупцијата каде што ја има посебно во државните претпријатија.
    Кај секој да има чиска од чистач до директор.Што е тоа тендери провизии?
    Да не се гледа само политика туку да се стават чист кадар. Тој директор што лапа тендер јавно да биде објавен.
    Не сме овцци да ќутиме.Секаде каде што треба посебно во државните болници да се санираат редовно цевки, струја да се реновира таму каде што е дотреанол.
    На секој Нов Директор или Министер прво Потекло На имот и скратување на бенефивции.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anaspace

    anaspace Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Дали знаете колку е дневница за член во Избирачки одбор?
     
  17. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата на Законот за потекло на имот.

    Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски, во обраќањето на конференцијата за детектирање и намалување на сивата економија изјави дека драфт верзијата е готова ќе биде испратена во Венецијанската комисија.

    Законот ќе се однесува на функционерите и граѓаните бидејќи, како што рече Николовски, искуството покажува дека функционерите го препишуваат незаконски стекнатиот имот на други лица, а по завршувањето на функцијата си го враќаат.

    ©Makfax.coм
     
    На Bratot и WildMk им се допаѓа ова.
  18. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Обично по околу 2000 ден. е дневница, ако се два круга две дневници следуваат.
     
    На anaspace му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Многу ми се бендисва овој предлог закон.
    Со душа чекам да го усвојат!
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Океј...
    Друга лага?
     
    На Acronia, Ева33, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.