Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.366
    Допаѓања:
    126.294
    Пол:
    Женски
    Еден од многуте видови мачкање очи и еден од начините на продавање магла.:D
     
  2. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    1.669
    Овој уште со која не е бил жена на некој фунционер/бизнисмен. Се зборуваше дека и со на Орце Камчев жената Ана бил, и со многу други.
     
    На темјанушка му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.596
    Допаѓања:
    15.931
    Пол:
    Машки
    Значи секое копито во државава во овие 30 години само шо ќе стигни до некаква си функција веднаш се фрла на крадење на државни пари.
    Кривични пријави за злоупотреба на службена положба и перење пари во општина Петровец
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Токму така, предизборно јасно.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.596
    Допаѓања:
    15.931
    Пол:
    Машки
    Ако нема оти нема а ако има оти има, никако не се годи :)
     
  6. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.916
    Допаѓања:
    7.116
    Пол:
    Машки
    Оди учи после и нервирај, се исплаќало. Партиска книшка тие и средно и факултет и лична карта и возачка и пасош. Оваа втората вработена во "човечки ресурси". Браво, екстра кадри, уште милион ги има вакви . :handshake:
    IMG_20210926_091039.jpg IMG_20210926_091422.jpg
     
    Последна измена: 26 септември 2021
    На Rama, Reina.Gitana, _beautyy_ и 2 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не мора да имаш факултет за да си член на општински совет.
    Баш вчера за ова се зборуваше во емисијава:

     
  8. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.916
    Допаѓања:
    7.116
    Пол:
    Машки
    Да, да немора да имаш и за да работиш во "човечки ресурси" а дипломираните нека се чудат што да работат. Во оваа држава ништо не мора освен партиска книшка и да лажиш и да крадиш.
     
    На Rama, Bitter-Sweet, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Знаеш што е човечки ресурси?

    И изгледај ја емисијата.
    Зборува за тоа колку малку се застапени младите во политиката и носењето на политички одлуки во државава.
    Во парламентот од 120 пратеници, само 4ца се под 29 години.
    Кој ги застапува интересите на младите?
    Дедовци што се во политичко столче од пред 40 години и немаат никаква допирна точка со проблемите на денешната младина?

    Види ги податоците за расположението на младината во Мк, кога е во прашање граѓански активизам и инволвирање во носење политички одлуки.
    60% сакаат само да се исселат, другите ќе бидат како нивните родители... заглавени во истресокот од моделот на СФРЈ.
     
  10. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.916
    Допаѓања:
    7.116
    Пол:
    Машки
    Го погоди и медиумов..
    Некој со средно ќе работи во државно и тоа в канцеларија а некој дипломиран ќе се чуди шо да работи. Таа е медицинска сестра и нека работи тоа што е. Не ми ги оправдувај политиките на таа вашата партија. СДСМ колку беше на власт, зошто дури сега се сети на младите особено во општини каде преовладува албанско население.? Зошто во поголемиве наши општини не постават млади кадри него истите се вртат.? Ама тие знаат како со уцена и мито инакy пада влада, и затоа успеа а ние дојдовме втор ред.

    Да не спамам ќе пишам овде.
    @WildMk ДУИ е 20 години на власт. Поради тие нестручни кадри се случи трагедијата во Тетово. ДУИ испадна најголем губитник тука пошто тие поставуваа секакви кадри и функционери гледаа да има книшка од ДУИ. Ахмети го уценуваше Зајко наш или албанци функционери шо појма немаат или пада влада. Па така и директорот на болницата. ДУИ и Ахмети излегоа најголеми губитници и на избориве ќе ги казни албанскиот блок.
     
    Последна измена: 26 септември 2021
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не ме интересира за партија, ме интересира проблемот со немањето доволно воља кај младите, од било која етничка заедница, да се вклучат во граѓански активизам и политички движења.
    Тоа нема врска со партија, туку со граѓански активизам.

    Премалку се млади луѓе кои се активни во некакви политички движења, невладини организации итн.
    Нема доволно иницијатива кај младината, да направи некој -нешто.
    Во 2018та, после масакрот во школо во САД, деца од школото почнаа да протестираат и за кратко да го претворат тој револт во национално движење, да зборуваат пред нацијата во Вашингтон на огромен протест March for our lives

    Пази, малолетни ова!

    Каде е тоа знаење за моќта, кај македонската младина?
    Каде е тоа знаење за моќта, кај македонскиот народ?

    Ако имаш некаква идеологија, презентирај ја, организарај, приклучи се во некое движење.

    Граѓански активизам и влијание врз политичките одлуки ни фали.
    Немаме активно граѓанство...

    Исто како кога ќе учиме историја со ќерче.
    Оваа војна фатила, македонците се нашле затекнати, онаа војна фатила, пак македонците се нашле затекнати, снег во јануари заврнало, Македонија пат се нашле затекнати.

    Епа додека се понашаме ко од Марс паднати и дури не ни е доволно гајле за да преземиме нешто навистински, ќе си останеме затекнати.
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    За овој градоначалник, знам лично дека е мучкатор, а и оној на Илинден е ист калибар.
    Нѐ е лошо да го проверат.
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Член е 1800 ден
     
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.224
    Допаѓања:
    13.088
    Пол:
    Женски
    Скоро сите што се со земјоделско се пикнаа во листа на советници. Буквално е разочарување ова што ѝ се случува на државава, почнувајќи од млади. Не ми е јасно како уште народот трпи, после сите работи низ годините...
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.596
    Допаѓања:
    15.931
    Пол:
    Машки
    Саше повторно со герилска акција :D



     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ама што има врска какво школо имаат?
    Било кој може да се кандидира за член на совет.
    Има и независна листа.
     
  17. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Не да е фејк.:puke:
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.073
    Допаѓања:
    12.815
    Не е баш така. Еве кај нас во советот, имаше жена со основно, па потоа била на обука и станала болничарка, и си работеше како болничарка. И кое фајде од неа имал народот? Таа за две седници во месецот земаше паушал од 15.000 денари, ако не и повеќе. Во 4 години побарала збор само ако бара пауза. Не отворила уста. Ниту поднесувала амандмани, ниту давала предлози како да се решаваат проблемите на граѓаните. Дури и лекари, професори лошо се снаоѓале во советите. Не е само да имаш факултет, туку и да имаш некое ниво на писменост, сенс за проблемите на граѓаните, да си активен, а не да отидеш денес, да пиеш кафе и да гласаш како што сите членови од истата партија гласаат и крај. Дел од писмените советници станаа пратеници. Ние имаме еден таков, и иако млад сега е меѓу 10-те најактивни пратеници во Собранието. И во Собранието некои дремат по 4 години, еднаш не се јавиле за збор, народот не ги ни знае. Какво време дојде секој станува пратеник, советник, секоја будала работи во државно, ама па реално не треба да биде така.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Епа кандидирај се ти.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  20. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.751
    Допаѓања:
    3.613
    Пол:
    Женски
    Според мене не е толку битно школото колку што е битна борбеноста, праведноста и НЕЗАВИСНОСТА (која секако ја нема кај нас) за случувањата во општината. Еден од партијата гласа ЗА некој предлог и ако ти како член на истата партија не се согласиш со тоа и гласаш ПРОТИВ идеш под мач бато (шо би рекол "феноменот" Мирољуб). Епа затоа не не бива. И затоа младите и паметните имаат за цел како побрзо да излезат од државава а не да влезат во партија и совет. Знаат колку е сатот веќе, знаат дека од тоа фајде нема.
     
    На Guns N` Roses и Tanjamm им се допаѓа ова.