Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. diff

    diff Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    45
    Малку ни се овие домашни талибани, па уште од страна имаат доведено, ние со овие овдека не можеме да се справиме,а не пак со овие од страна кога ке се опуштат да прават проблеми али допрва тоа ке го гледате.

    Еве ви еден пример на домашни талибанци...
    Син му на Муса Џафери го нападна претседателот на РКЕ, Бислимоски | МКД.мк (mkd.mk)

    Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, во понеделникот физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, јави Дојче веле.

    Откако неколку пати го удрил и го влечел Бислимоски, три лица од придружбата на Џафери успеале да го отргнат и сите заедно избегале во непознат правец. Очевидец на настанот снимил и видео на кое можат да се видат моменти од инцидентот кога Џафери го влече Бислимоски, а потоа бега од местото на настанот.

    На 23 септември Регулаторната комисија за енергетика почна постапка за одземање на лиценцата за снабдување со електрична енергија на фирмата на синот на Муса Џафери. Постапката е почната по пријавата од МЕПСО дека фирмата „У Пауер“ ја нарушува стабилноста на системот за електрична енергија и неоправдано троши резерви на струја за сопствен профит.
     
    На Ева33 и Sestra :) им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Тешки афганистанците да беа проблем, во оваа Недојдија.
     
    На oblace1 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.075
    Допаѓања:
    12.817
    https://sdk.mk/index.php/makedonija...pishani-kako-bugari-na-popisot-vo-makedonija/


    Јас да сум на власт, ќе укинам двојно државјанство и крај. Нека си решат дали сакаат во Европа да си одат, во Бугарија или тука. За 120.000 будали не е должен цел народ да трпи, па и идните генерации. Предавници имало и ќе има, ама па имало и луѓе кои ги решавале предавниците.
     
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.326
    Пол:
    Женски
    Не, тие се шлагот на тортата!!!
     
    На Billy Idol, diff, Sestra :) и 4 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Па ај шлагот да го решиме, остај тестото шо ќе ти напрај тровање :D
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    2.148
    И сега штоке правиме еве ни дојде на наплата вадењето на Бугарски пасоши.
    Сега и Бугарите бараат да ги вметниме поради големиот број.
    Секој нешто ни бара.Што судбина имаме?м
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.075
    Допаѓања:
    12.817
    Јас не сум правник, ама како што се зборува дека Заев и Димитров има основ да бидат гонети за велепредавство, и сите овие 120.000 кои завериле лажни изјави на нотар, можат да бидат гонети и овде и во Бугарија. Настрана мојот презир кон нив, јас не знам како можат да лажат и фалсификуваат документи, па тоа е кривично дело. Друг фактор, што ако утре и текне на Бугарија, да ги обремени со давачки кај нив, иако тие не живеат таму. Замисли да живееш во Пехчево, и да си без работа и без проходи, а да плаќаш данок на имот, во Софија, каде не ни живееш. Замисли ако треба да платат за да се откажат од бугарското, или доволно е да ги условат да немаат двојно. Како утре тој лажен македонски Бугарин ќе го наследи имотот на татко му? Ќе се откаже од него? Навистина не знам, ама Македонецот да чуе дека соседот се фрла во бунар и дека наводно му е добро и убаво, и тој по 5 минути ќе скокне. Сигурно постои основ за гонење на овие луѓе, оти ја доведоа Македонија во подредена положба, а за тоа може да бидат гонети. И не е само тоа, ова се невидени уцени од една кон друга држава. Инаку од лажниве Бугари јас навистина не знам добро да се офајдил. Седат во жална Македонија, работат за минмалец, и сањаат за Европа.
     
    Последна измена: 6 октомври 2021
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Прашање на време беше.
    Не е судбина, сами си го напрајвме
     
    На Bratot, Rama и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.326
    Пол:
    Женски
    За се можиме така да речиме... голема работа шо изгореа луѓето, тешки тоа да беше само.... ај што поскапува се, голема работа, тешки тоа да беше.... да не редам понатаму!!!
    И авганистанците се проблем како и се останато!
     
    На Tan4ence, Ева33, Sestra :) и 4 други им се допаѓа ова.
  10. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    31.294
    Нека се укини. Знаеш колку албанци, косовари имаат двојно државјанство ? Таман нека си го земат албанскот, косовското. А 60% македонци мислам ќе го земат бугарското.
    Пошто народот е крив, му текнало бесот го фатил бугарски пасоши ќе вади така ? МАлку симете ги розовите наочари.

    Зошто Бугарија не чепка во другите држави ? Знаеш од кои други држави вадат бугарски, ама таму не смеат глас да пуштат. Само македонци вадат бугарски ?
    Оти сите си играа со нас како шо сакаат, така си прават. Како свират, така играт нашите.
    Ама не, државата е супер, се цвета, живот, економија милина, му текнало бугарски ќе вадат, предавници :puke:
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Немој да споредуваш ужасна смрт, со присуство на имигранти.
    Од ужасна смрт бегаат, ако не знаеше
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.326
    Пол:
    Женски
    Да да, имаш луѓе овде што леб немаат да јадат, во картони живеат, без струја, без вода... битно да дојдат авганистанците, хотели да им плаќаме. Ич не е проблем, шо знам! Асална држава за своите си гледа прво, па после може за други!
     
    На Billy Idol, diff, Sestra :) и 7 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ееее, ама ние не сме асолна држава.
    Ти реков од тестото тровање добиваме.
     
  14. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Koja држава, ти чувствуваш дека имаме држава?
     
    На Sestra :), Need for Speed, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.075
    Допаѓања:
    12.817
    Србите вадат, ама тоа се мали бројки. Српската нација сосе дијаспора брои до 9 милиони. Што се за нив 10.000, 20.000 пасоши. Веруваш дека Македонците кои седат овде со бугарски пасош во фиока, и работат во маркет за 15.000 денари, утре навистина ќе остават се овде и ќе одат некаде на запад? Па да можеле не би седеле тука. 90% од тие што ги знам дека имаат пасоши се овде и работат за мали плати. Јас често знам да кукам, па некои ме сфатија можеби дека сабја ми е над глава и ми е многу тешко. Искрено, многу од тие кои имаат бугарски пасош заработуваат колку мене, а добар дел и помалку од мене, а имаат кредити. Се врзале со стабен кредит тука. Како би се откажал од македонското државјанство ( дали ќе има право да наследи имот од родител откако ќе се откаже, мислам дека не, не ме фаќајте за збор, ме мрзи сега да отворам закони, да проверувам) и демек ќе се откаже од секакви права овде и без знаење на јазик, без соодветни кавлификации, а често и без занает ( а знаеме деkа занаетите се бараат) ќе оди во Германија да биде келнер? И да плаќа сметки, храна, кирија? Да не заборавиме, добар дел од тие луѓе не се млади, имаат помеѓу 40 и 50 години, имаат и свои здравствени проблеми, не се млади на 18, 20 години. Без државјанство овде ќе бидат само туристи, никој и ништо, а дали некаде би се снашле и адаптирале, не знам. Зависи. Да можеле не би биле овде. Утре да објават нема двојни државјанства во Македонија, повеќе од пола од познаниците мои ќе ги фати паника и ќе почнат „ееејј, аман дај прашај некој, каде да се откажеме, леле абе јас знаеш го земав онака, мислев во Словенија да се селиме“.

    PS За другите држави многу не ми е гајле, од кого сме виделе добро, па да им мислам за нивната благосостојба. Им пуштија Бугарите два три балона и на Србите. Ќе дојдат на ред и пасошите, само тие не земаат толку многу, не се како нас „напредни“.
     
    Последна измена: 6 октомври 2021
  16. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Националноста е чувство за припадност, како можеш да ја докажеш? И ти, и Бугарија, и Македонија.

    Едноставно во Македонија се Македонци, во Бугарија се Бугари. Нити Македонија има право да бара да бидат попишани како Македонци во Бугарија, нити пак Бугарија има право да бара да бидат попишани како Бугари во Македонија или било која друга земја.

    Откако ќе се отселиш плаќаш данок во државата во која се отселуваш, не плаќаш данок во земјата од која имаш пасош.

    Имот можеш да наследеш без да имаш државјанство, автоматаско од амбасада ќе ти доделат виза ако ја немаш, а ако добиеш имот во многу држави во светот добиваш 10+ годишна виза или основ за државјанство во зависност од вредноста.

    Јас лично не би зела бугарски пасош, но не ги навредувам оние кои зеле. Сите знаеме каква е состојбата во Македонија особено истокот.

    Но ако треба да изберам меѓу трчање по партиски штабови за минималец недоволен за живот а потоа за секои избори кои се одржуваат секоја проклета година да измеќарам, и странски пасош и живот подалеку одтука, би го избрала второто со двете раце.

    Нема потреба да се откажувам од Македонското државјанство, можам да имам двојно или тројно. Па дури и во Германија можеш да побараш двојно државјанство ако си роден или 2та родители се родени во друга земја.

    Политичарите и мнозинството население веќе во неколку наврати докажа дека не сака да се промени и им одговара овој систем. Јас каде и да отидам пак ќе бидам Македонка и ќе можам да побарам етникумот да ми биде Македонски/Македонка во секоја држава во светот.
     
    Последна измена: 6 октомври 2021
    На Emy867, LejlaD, Sestra :) и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.979
    Сигурно тие 120.000 ваделе бугарски пасош во Македонија да седат:D
     
    На Nikolina35, Sestra :) и Аргентина * им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.075
    Допаѓања:
    12.817


    Еехх сега не го реков тоа. Јас не познавам 120.000. Од 100 души, 90 се тука. Зборувам за тие што ги знам.
     
  19. Sestra :)

    Sestra :) Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2018
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Нема ЕУ, не сфаќам зошто се лажете самите себеси ? Гласајте за некој што нуди алтернатива..
     
    На Ева33, Аргентина * и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Прва работа, не е ваше да се секирате за туѓа самосвест, дали некој се чувствува како Бугарин, дали чисто опортунистички преку бг пасош си бара чаре, или колку и дали е способен да го најде.

    Друга работа, што има страшно во тоа Бугарите да фигурираат како значително малцинство во Македонија? Што има толку страшно во крајна линија и Голема Бугарија да прогласат во Мк? :) Ако Бугарите имаат поддршка од ЕУ за планот како што хистеризирате, вие ај што не можете ништо против, туку тоа ќе се разреши на мирен начин, без војна со Албанците кои не се веќе ратоборни ко пред 20 год. Македонија не е држава т.е. се работи за тотално несаглам држава, и бетер од насоката во која што се движи, не може да биде. Бугарите се виновни што некои 30 години не се способни да изградат колку-толку нормално општество?
     
    На LejlaD, deskarada и Nikolina35 им се допаѓа ова.