Да, ама ова е Балкан и ако сега Бугарија не добие 120.000 на попис, може да посегне по други методи да го уцени населението. Многу ризично. Влегуваме во опасни води. Ова ти е поткопување на суверенитет. Друга држава да ти диктира пописни резултати.
Кого ќе уцени ? Бугарија нема увид во тоа кој како се попишал. Ова е за мачкање очи на националистите во Бугарија, а народов тука само наседнува на игрите.
И Бугарија не е саглам држава. Преку ред е во Еу влезена. Возилата на Брзата помош скапани, им видов две кога бев. Имаше сообраќајки по пат. До Софија патот не ме воодушеви. Мито на граница бараат. Тоа е најнормално. Гајле ми е за нечија самосвест. Да имаше навистина 120.000 Бугари, немаше да бекнам. Муабетот е дека Македонче од наивност ја става главата во торба. Ние 30 години немаме лидери и криви сме што сме живи. Мора ли да бидеме бетер и бетер?
Кога вадиш пасош ставаш адреса од Бугарија. Вето се става затоа што им се може и е можност за изнуда и собирање политички поени..
И јас не познавам 120.000 ама сите на форумов што вадеа пасош, сега од ЕУ пишуват. Мислам форумов е малку порепрезентативен примерок, од луѓето што ти ги знаеш. Така што, без грижи, нема 120.000 луѓе со бг пасош во Македонија. А со тек на време тие 120.000 ќе исчезнат и од бугарските, пошто ќе ги заменат за други еу пасоши
Вето се става за да не доаѓа од космополитските Франција или Холандија на секое, ете зошто вето од Бугарија.
Можно е, не ти го спорам. Дај боже да си дошле до пари, ама да бидеш Бугарин за џабе за мене е глупост. Инаку, да ми гори под нозе, да немам месец да поминам, ќе барам чаре било каде кај што даваат пари, нема да чекам 3 години пасош. Се селат луѓе на различни краеви, кој каде се снашол. Тоест одат да работат.
Мене нивното вето не ме боли. Јас го оправдав Макрон кога ни стави вето и на работа ми се налутија. Французи, народ со традиција, ред и поредок, и затуцани Бугари не е исто.
Епа не е секој ден Велигден, Макрон еднаш ви слегол долу по скали, друг пат јок Се нашле апликанти за таа работа. Смешно е да правиш споредби помеѓу Франција и Бугарија. Туку во што се Македонците погоре од Бугарите, жити све за ваква ароганција насочена спрема нив од Македонија? По тоа кој кому поставува услови и диктира, требаше да ти биде јасно кој каде е на Балканот.
Никој не може ништо да диктира кога нема увид во резултати. Па и да има тоа се луѓе со двојно државјанство и како сакаат ќе се попишат, т.е имаат право во Македонија да бидат Македонци, а во Бугарија Бугари. Не баш скоро имав деловна средба со неколку амбасадори вклучително и од ЕУ, не би јавно нешто да споделувам, но на прашањето за просперитетот на Македонија во ЕУ ми одговорија "во иднина за 7/8 години можеме да размислиме" и нагласија ако не е ветото од Грција, ќе биде од Бугарија, Романија, Холандија, Франција, Германија, you name it. Накратко ЕУ претрпеа голем внатрешен удар изминативе 4 години, а капак на се беше и е пандемијата. Имаат големи внатрешни несогласувања и се додека не ги решат нема да примаат нови членки, ако до тогаш не се распаднат. Едноставно нагласија дека Балканските земји во ЕУ кои се примени се грешка, а ние сме колетералната штета за нив. Не би да шпекулирам, но ако они ми кажаа имаш виза со време заминувај, што останало за останатите. Оставете што зборуваат Македонските политичари, на нив им е нагласено јасно и гласно, ЕУ си има јасна агенда и не доаѓа во предвид да започнеме преговори во наредните 5 години. И да, влезот во ЕУ и НАТО не значи сега готово е Еу ќе не храни, а НАТО ќе не брани, некако нашиот народ сака лежи лебу да те јадам, се некој за него да работи, а они да си свиркаат по кафани особено административците.
Уште се надевате на ЕУ бе? Не е ни чудо зошто сме кај што сме. Нема ЕУ за нас, одамна се виде тоа. Добро кажа членката над мене, политичариве едно зборат на ТВ ама во позадина се знаат што ќе се случува. Од горе им кажуваат, зошто тие им наредуваат. Дајте Русија, Кина ау бау сеа. Бидете во тренд малце. Демоде е ЕУ.
Почесно е веќе еднаш Германија, Франција, Холандија јасно да ни кажат дека не не сакаат, немаме реформи и крај. Тие само ни даваат лажна надеж. Нашиве на несработено бараат старт на преговори. Епа нема. Инаку, да сакаа можеа за 2 години да ја реформираат државата и да ја доведат не целосно, ама делумно во ред. Е дури тогаш можеби ќе не сакаат во клубот, за почеток на преговори, за влез рано. Погледни ги само Андреј Ковачев, Ангел Џамбаски, Каракачанов кој говор на омраза го шират и како да не речеш дека се шутраци. Дополнително, колку народ ги поддржува. Мене не ми оставија впечаток дека се нешто подобри од нас, исти се, може и бетер. На граница провоцира полицаец „Ејј што славите денес? Климент Охридски? Епа колку е ваш, толку е и наш? А да почерпиш нешто? Едно кафе ама од срце да е ?“ ова ти личи на европска држава каде владее закон и ред? Плус камери го снимаат, на преминот, и тој бара да го частат. Во менувачница во Софија ни украдоа пари при конвертирање од евра во левови, ама ние сфативме дури по враќањето во Македонија.
Струјата на берза поскапела тродупло (засега) , цената на гасот во Европа руши рекорди, енергетска криза во најава. А тоа повлекува енормно поскапување на продукти и производи, гасење на и онака отепани капацитети, голема невработеност, инфлации, сиромаштија. Веројатно е да има и рестрикции на струја. Нашиве за првпат досега објавиле меѓународен тендер за откуп на јаглен за потребите на Рек Битола, нашите резерви се недоволни. И покрај ова сигурно ќе откупуваат и прескапа струја, зошто друга опција немаме. Значи најоптимистички гледано, струјата ќе ја плаќаме барем дупло поскапа од сега што е. Ова е застрашувачки. Е ама затоа соседите си имаат и руски гас, а Путин најави стабилна цена што би требало да ја стабилизира и берзанската цена на гасот, па финансискиот удар врз граѓаните ќе биде поблаг. Вучиќ веќе си договорил гарантирана цена и долгорочни договори за снабдување од Русија. И Унгарците истото го направиле. Така прават вистински лидери кои гледаат малку подалеку од носот. А на нам Господ на помош со онаа гротеска чиј најголем подвиг е брзопотезна гестикулација на фалус пред одбрана искезена публика. Инаку, подобри познавачи на геополитиката велат дека енергетската криза е втора епизода од специјалната светска војна после Короната, и дека целта е светот да биде истоштен како после вистинска војна. На некого му треба свет паднат на колена.
Мене ми украдоа пари од картичка во бутик во Охрид. С'шта хора. Се зафркавам, Античка Македонка беше продавачката. Што ти е муабетот, како се дрзнала Бугарија да и поставува услови на Македонија, кога Македонија е боље од Бугарија? Хахах епа не е. И унгарските цариници важат за најкорумпирани во Европа, па тоа не ја прави Унгарија позатуцана земја од Македонија, сфаќаш? Поголемиот дел од источна Европа е менталитетски батал наспроти западна, но тоа е друго прашање. Бугарите на ниво Балкан, едноставно не се зад Македонците. Софија не е нешто посебно, не се мери со европските градови, дури потсетува малку на Скопје, ама сепак е цела класа пред него. Не ја бранам, гајле ми е за Бугарија, ама како да ви се објасни дека Бугарите не се виновни што Мк е ужасно место за живот. Бугарија ако има некаков збор во македонската политика, успеаја да го наметнат последниве 2 год, тоа е недоволно за битна разлика. Доста ве трујат со национална омраза митомани опседнати со една верзија на историјата и некои си политичари-дефлектори и платеници, кои не знаат ништо паметно да реализираат во животот ама ете ги посакала среќата и се нашле таму кај што се - на грбот на народот. Важно е да нема војни, а за се др и нема спас на Мк и нема за што човек да ја брани или да се залага за неа, па да се нервира дали ќе се побугарчела и сл. паники.
Па што доааѓаа сите од Европа кај нас кога требаше да го менуваме името? А тогаш добри има бевме. Треба Европа колку и да има внатре прооблеми ние сегга да ги почнеме зашто преговорите траат со години и они можат внатре да си решаваат.Според мене НАТО МИ Е ок што влеговме али голема грешка е ако не ни дадат преговори.
Хан, Могерини, Меркел, сите лажеа и ден денес лажат. Ама па и нашиве се глупави. По секоја блокада, „ние продолжуваме по патот на евроинтеграциите“. Каде им е тој пат веќе? Мило ќе ми беше да немаше вакви уцени. Ако нашите предци трпеле се и сешто пред 100 години, денес не би требало да поминуваме низ такви премрежја.
Според мене вака реално размислувам. До кога треба да бидеме да бодеме заглавени во Минати ровови со соседите? Еве сега за жал една Бугарија не уценува и ако сакаме да почнеме преговори треба да се договориме. Сега ни бараат пошто има доста што вадат бугарски дасе пишат кај нас. Легитимно има е барањето. ГГииимаме доста факт е. Но немора сега да ги запишуваеме. До кога ке не поткопува минатото и до кога политичарит ке прават омраза? Место во 21 век да гледаме напред да ни биде приоритет Економииите да има повече, бизнис , капитал , пари повеќе да имаме тоа е она што ни е потребно Бугарите ко слеп за стапсе враќаат на минатото. Нека престанат веќе со овие идиотизми. или Бугарите јавно да ни кажат дали нас не не сакаат да постоиме како нација/?? како и да ние сме Нција со наша држава и азбука и тоа е факт. Треаба да ги отворат преговоритепа тогаш да се договорат за некои работи. Све до отварање на преговори ние ништо нема да преземаме. А ако не саакат и овој пат да ни дадат преговори тогаш треба да идеме на Варијанта на Економска заедница , без да инсистираме да влеземе во Еу. само во Економска смисла.м ИЛи со Повеќе и Кон Русија и кон Кина.Не само со Еумм.
Нашиве бугари добиле државјанство по потекло. Го докажале потеклото бугарско. Штом е по потекло имаат право Бугарите сега да бараат триста чуда па и кај се во нашава држава,се ќе ни дојде на глава поради лажните бугарски пасоши и државјанства. Па и ќе лажат дека сме ги спречиле да се изјаснат како Бугари на попис. Ќе ги бранат нивните државјани иако не е лошо да ги побараат во Германија. А Бугарија е циганска држава која даваше фејк пасоши не само на македонци туку и на срби и косовари, не туку ја величајте ко некоја европска напредна држава