Европа постои пред нас, не не бараат тие и не плачат по нас, ние сакаме да влеземе со надеж дека ќе се закачиме на ЕУ цицка како што тука мнозинството цица од државна цицка. Чекаме повеќе од 16 години, и немаме мрднато од мртва точка ни милиметар. Што сакате да ви кажат не ве сакаме? Не барајте да влезите? Не им одговара да се свртиме на другата страна, а по малку се и attention w****s. Затоа поставуваат и услови. Едно прашање, 16+ години да тропаш на една врата и да не те примаат ќе продолжиш да тропаш? Јас би се откажала 3тиот или 4пат, бидејќи ќе разбирам дека не ме сакаат и ќе продолжам да барам други алтернативи. Над 300 000 пензионери, над 100 000 администрација по новиот закон со кој ги нарекоа дел од државните фирми како "само финансирање", ако зимање пари државна е само финансирање уште 100 000 лица. Тоа значи половина милион луѓе кои примаат приходи од државата. Дали СДС мислеа дека во ЕУ нафта пијат? Нема да проверат. А најново и визниот режим ни виси на конец бидејќи дадовме пасоши на најголеми криминалци барани со потерница. Кој нормален ќе си стави трн во здрава нога, и ќе не поддржи? Зошто им се проблеми кога си имаат свои? @orevokrsacka ако донесат јаглен ја би се радувала, но да не набават од озогласениот мазут. Јавна тајна е дека во последните години РЕК работи на мазут (ако отпадокот на Европа може да се нарече мазут де). И да, секој економист знае дека после секоја војна/криза/пандемија следува инфлација, економска криза и рецесија. Македонија е веќе 30 години во рецесија која ако трае долго се нарекува депресија. За жал нити еден политичар не размислува 1% за доброто на народот. Сите сакаат да си ги наполнат џебовите, а до кога ќе биде вака, никој не знае. Додека напредните економии се подготвија за ударот.
Истиве прашања треба да се постават како ги примија Бугарија и Романија.? А и Хрватска бидејки корупцијата и администрацијата и се слична ко кај нас. ЕУ се води по интереси. Ако имаат интерес ќе те примат наглавачки внатре па и со дупло администрација.
Па некој треба и матните работи на ЕУ да ги завршува, не може они да си ги валкаат рачињата. Зошто нели они се нај нај нај добри, мили, фини. Се најпозитивно. Секако дека во политиката се е од интерес ама баш се, а ние што можеме да понудиме, 500 илјади крлежи, и 1 милион идни иселеници? За Хрватска во последниве 6 месеци сум позитивно изненадена. Им укинаа визи за Канада, од Нова година до Март 2022 им укинуваат и за САД, а се во преговори и за Австралија. На прсти се бројат државите за кои не бараат визи за САД, така да не би ја вброила Хрватска баш тука.
Да ,така е,им укинаа визи за Канада ќе биде и за Сад но за туристички престој. Сите државни фирми ги испокрадоја и приватизираа како кај нас,висококорумпирано судство,администрација пренатрупана. Цела фамилија ми е таму и ние имаме државјанства и ништо не е поразлично во функционирање на државата. Ама, имаат море,па ќе се подзамижи на ова погоре.
И јас имам фамилија ама како што кажа и ти, морето и територијата и се огромна предност. Плус туристичкиот потенцијал на Хрватска е огромен, и допрва ќе влече доста странски финансии. Реалноста е дека мито и корупција има секаде, но ако ја споредувам Македонија и остатокот од светот, кај нас е каде каде позизразена и зема се поголем замав. Всушност колку посиромашна држава толку се поизразени митото и корупцијата, сивата економија и даночната евазија.
Па не би дозволиле кај нас да има јак лидер кој би се спротиставил на Западот и НАТО, секако дека ќе стават марионетска влада која ќе ги слуша САД се што ќе кажат. Де факто сме ние протекторат држава како Косово без своја власт и одлуки. Исто како и таму почна да се приватизираат националните богатства, рудници, водни ресурси, телекомуникации... Недостига уште да се приватизира железницата и струјата, како што е во најава. Кај нас и до сега се држеше некоја фиктивна состојба на цените и се знаеше дека се очекува инфлација. Лошо ќе е само ако има девалвација на денарот, иако смируваат дека ќе нема пошто е врзан со еврото. Ама ќе видиме до кога ќе е оваа "фиктивна" состојба. Држава која не може да си ги подмири основните потреби и е зависна од други држави за енергенси, пченица и транспортот и телекомуникациите се во сопственост на други држави не е држава. Битно ние потпишавме за затворање на РЕК Битола во наредните 4 години и префрлување на... еколошки извори. Тек тогаш колку ќе порасне цената на струјата кога ќе мора да ја набавуваме. @Cosmi , Хрватска е дааалеку, дааалеку од нас. Не дека е сјајна и дека нема корупција, криминал и политички превирања, но Хрватска е стабилна држава пред се. И после Словенија најдобро котира од сите останати екс ју држави. Како и да е, заборавете на влез во ЕУ. Мислам дека тоа секому е јасно. Како што пиша @Kanya , дека некој мора да ги врши валканите работи, како што ги вршат Бугарија и Романија, некој мора да ги врши и валканите работи во Европа за САД, а тоа сме ние, Косово и Албанија. Ќе цути овде се повеќе криминалот и безредието и ќе станеме црната дупка на Балканот, ако веќе и не сме...
Во некои од твоите излаганја се слагам во некои не, еве сега ке објасана,, знам дека ние не сме сјасни како држава ни престои многу работа тоа е факт, но веќе да извиниш не правеа будали и не тапшаа порамо за името, не само за Нато туку и за Еу. Инајвеќе заради името треба да ни дадат преговори, а они од внатре нека си ги решават нивните проблеми, ние со преговорите колку можеме ке се оправиме, иначе безпреговори нема да се мрднеме од ова дереџе. Стојам на овој факт и овој факт ми држи вода. За аминистрацијата што мора дасе намали мора. Досте е клати врата зимај плата. Треба да се работи и во приватно за да има повеќе пари во буџерото, а не да се цица на државно.Но пак ке кажам сево ова се регулира со отварање на поглавјето. Но Еу мора да си стои наззборот иначе комплетно како држава имаме право да ја менуваме политиката кон Исток. Дека не сме сјајни држи но можеме низ преговорите. Се гледа без преговори како тераме како риби на сувол.
И јас се согласувам со ова, потполно. Повеќе од 16 години си играат со нас, но мислам дека нашата политика им дозволи цело ова време да не прават будали при здрав памет. Само накратко од поновата историја периодот од 1944-1945 во Македонија се користат бугарски левови како национална платежна валута што значи по завршувањето на втората светска војна нашите политичари ги разгледувале следниве опции: - да идеме со Бугарите - да влеземе во состав на тогаш новата држава Југославија - да се бориме за независност - за ова неверувам дека им било опција. Една година не знаевме што сакаме, не знаевме кој пат да го фатиме, а имаме можност да се избориме за самостојност. И што одбравме? Пак да бидеме под некој друг како да не беше доволно робството во минатото. Потоа 1990-91, искрено се чудат надвор како се изборивме за независност, кога до последниот момент нашите политичари сакале да останеме во тоа што ќе остане од Југославија. На денот на референдумот за независност граѓаните организирале прослава сами, а политичарите со половина уста честитаат. Наредните 2 години не знаат што попрво да усерат, се извинувам на изразот. Сакам да посочам дека кога веќе си независен треба да имаш јасна внатрешна и надворешна политика која нема да се менува со промена на власта. Така е секаде во светот со исклучок кај нас, бидејќи ние 30 години лутаме како муви без глави. Немаме јасна надворешна политика. За разлика од нас ЕУ државите имаат, и на глава да се наместиме за џабе ни е кога не не сакаат. А тоа се виде со барањето за промена на името. Во нормален свет такво барање и исполнување на истото е незамисливо. Јас бев надвор кога се случуваше промената и 100 000 студенти на мојот фах се чудеа со нас. Буквално ме прашуваа зошто дозволуваме да не понижуваат, а меѓу нив имаше и Грци. Зарем мислевте ќе смениме име и одма Европо чекај не. Чудно ми е бидејќи по сите случувања на македонската политичка сцена сеуште верувате во зборовите на политичарите, а и на оние од ЕУ исто. Едноставно е, не им пречеме толку на соседите, колку што им сме трн во очи на овие "стариве Европјани", бидејќи ако не прознаат нас треба да си ги признаат грешките и злосторставата што ги правеле тука. Вака, не нема нас, а со тоа магично исчезнува и дамката на нивното минато. Ете затоа и не не сакаат. Во совршен свет дадениот збор е збор и секој треба да го почитува, но кога Европскиве држави си го одржале зборот, не само со нас, и меѓу себе? Никогаш. Напротив, со нивните политики тие се пример за забивање на нож во грбот, насекаде во светот. Пример за лицемерие. Во текот на целата историја нити една силна европска држава не се поддржува меѓу себе, а еве ти примери: - Среден век, османлиската империја е на чекор да ја освои Австро-Унгарија. Британија, Франција, Германија И Бенелукс си прават забави бидејќи не ги сакаат и сакаат да потпаднат под османлиите. Помош доаѓа од Полска и Русија. - Франција колку пати ја има нападнато Британија, Германија и Русија? Мислиш дека забораваат. - Прва светска војна ја прават пак овие горе, Гаврило Принцип е само капка што ја прелеа чашата. - Втора светска исто, покол меѓу себе. И сега ќе ми глумат заедништво и пријателство. Имаат предолга лоша историја за да си помогнат меѓу себе. Види ја Германија го донесе нацистот на власт, бидејќи Полска стана првата економска сила во ЕУ, а сите стари членки ја поддржија. - Британија се извлече на време и си замина со колониите. Според мене ЕУ се формира за да го спречи влијанието на УСА и Русија врз нив, демек заедно се посилни. Но со вакво лицемерие останува да видеме до кога.
Мала историска корекција- референдумстоко прашање гласеше ,,дали сте за самостојна Македонија, со можност да остане во Југославија,, или така нешто. За да имаш силна држава треба да имаш силни и едуцирани индивидуи, а историски се работело да такви личности не постојат. Исто така треба да имаш силен ментор, т.е. друга држава, а и таква не постои. На бугарите им го пратија Саксобургоски да ги опраи, Србија и Грција стално имале страшно силна дипломатска школа. Некому одговара да биде така како што е- никако, и нема ништо што може да се направи. Кој може нека го фати патот побрзо, оти глобално лоши се прогнозите.
Пред да влезат во ЕУ беа клошари како нас, може и бетер. Бугарки доаѓаа со камионџии автостоп ( тоест даваа секс услуги за патувањето, пари немале и ова го кажувале на тезгаџиите), на земја продаваа облека ( да земеш тезга е скапо), креми за лице од оние евтините за 50 денари, и се сместуваа во Куманово под кирија, тоест се проституираа со Албанци, оти нашиве и тогаш беа без пари. Неколку останаа, се омажија тука. Нормално дека ова се индивидуалци и секаде ќе има такви, ама не се Французи, Германци народ со култура, традиција, ниво, па да уценуваат и да не ти е криво. Сега кога се најавуваат поскапувања мајка ми знае да рече „Ллелее какви времиња идат, ќе бидеме како Бугарките“, „Велам нема, тоа е ствар на карактер“.
Jas ne vidov nekoj na temata da ja velichi Bugarija kako napredna evropska drzhava Vreme e nacionalistichkite isprani mozoci da pochnat da chitaat so razbiranje.
https://sitel.com.mk/vo-kisela-voda...bilbordot-za-kandidat-za-gradonachalnik-video Поздрав од "екологистиве" Кој ги фалеше оти биле еколози зашто ќе воведуваа такса за горивата? Да се најде сега некој билбордот да го сруши има да му заблагодарам јас лично.
ЈА НЕ МОЖАМ ДА РАЗБЕРАМ ЕВЕ СЕ ПРЕПИРААТ МЕЃУ СЕБЕ ВМРО И СДСМ КОЈ ПОЈЌИ НАПРАВИЛ ЕВЕ ПРАШУВАМ/ШТО ПРАВАТ ЕВЕ КОГА КЕ ДОЈДАТ ОСВЕН ШТО ГЛЕДААТ ЗА ФОТЕЉА ТОА ИМ Е ПРВО ДАЛИ ТРЕБА НЕШТО ДА СЕ СРАБОТИ ЕВЕ ВО ГРАДОВИ И СЕЛА ПА И СКОПЈЕ НЕМААТ КАНАЛИЗАЦИЈА, ВОДА КОПААТ БУНАРИ ЛУЃЕТО, ПАТ НЕАСФАЛТИРАН ПА ТИЕ СЕ ОСНОВНИ РАБОТИ 21 ВЕК. ПО ГРАДОВИТЕ ТРЕБА ДА СЕ СТАВИ ВО СЕКОЕ НАСЕЛЕНО МЕСТО ГАС ИЛИ ПАРНО НЕШТО ШТО НЕ ЗАГАДУВА, ДА СЕ ГРАДАТ ПОВЕЌЕ ПАРКОВИ, ДА СЕ ПРАВАТ ВО СЕКОЕ НАСЕЛЕНО МЕСТО ОБЈЕКТИ ЗА СПОРТ. И ДРУГА НАЈВАЖНА РАБОТА ЕКОГА КЕ СТАПАТ НА ФУНКЦИЈА ДА СИ ГИ НАМАЛАТ СВОИТЕ ЛУКСУЗИ ЗА ДА ИМА ПОВЕЌЕ ПАРИ ВО КАСАТА. НЕ САМО ДА ГЛЕДААТ ТЕНДЕРИ И СЛ.Н
Еве денес славиме точно 80 год постоење како самостојна држава нешто што треба да им биде јасно на сите соседи. Еве каков бизарен проблем имаме во 21 век. Од Европската Комисија за МИА потврдија дека договорот за управување со границите помеѓу ЕУ и Северна Македонија останува блокиран од страна на Бугарија затоа што оваа земја не го признава македонскиот јазик, јавува дописничката на МИА од Брисел. Договорот со агенција на ЕУ, позната и како Фронтекс, е заглавен три години, Бугарија одбива да го потпише поради јазичната клаузула. Овој договор, потпишан со останатите земји од регионот, треба да и овозможи на ЕУ во случај на бегалска криза, на пример, да распореди свои полициски офицери на македонската граница, заедно со домашната полиција. Во услови на стравувања во Европската Унија поради состојбата во Авганистан, договорот со Северна Македонија сепак останува непотпишан затоа што Софија не ја прифаќа клаузулата на крајот на документот каде се наведуваат јазиците на кои е потпишан. Сите други земји ја имаат оваа клаузула каде се наведени јазиците, во случајот на Босна и Херцеговина се наведени сите три официјални јазици. Но, Бугарија бара да стои „јазиците на страни потписнички“, што е неприфатливо за македонската страна, бидејќи Северна Македонија би била во тој случај единствена земја за која не е наведен јазикот. Од правен аспект, како што објаснуваат во Брисел, непотпишувањето на договорот со Фронтекс значи дека доколку утре се случи нова бегалска криза како во 2015, Европската Унија нема правна основа да распореди свои офицери на македонската граница. Северна Македонија има неколку билатерални договори со земји членки на ЕУ со кои им се дозволува на полицајците од овие земји да патролираат заедно со македонските, но европските полицајци немаат извршни надлежности, велат дипломатите во Брисел кои работат на оваа тематика. За дипломатите во ЕУ е неразбирливо да се држи во заложништво договор како Фронтекс поради билатерален спор околу македонскиот јазик и се потсетува дека сѐ додека договорот не е потпишан, Северна Македонија нема законски обврски кон граничната агенција на Европската Унија. На прашање на МИА, од Европската Комисија одговорија дека чекаат Софија и Скопје да го надминат спорот. -Договорот не е сѐ уште на сила бидејќи преговорите продолжуваат. Референците за македонскиот јазик се единствената пречка за потпишувањето на договорот со Фронтекс. Комисијата ги охрабрува Бугарија и Северна Македонија да изнајдат заеднички прифатливо решение, изјавија од портпаролската служба на Европската Комисија за МИА.
Да си жива и здрава за напишаното и на претходните мислења. Истово плус малку повеќе кога им објаснував на народ пред референдумот вклучувајки и една членка тука што ми го прати твоето мислење и ме натера да се зачленам ме правеа за небањат, глуп, заостанат, вмровец, русофил и што уште не од зборовите што беа ИН од страна на одредена група на "влијателни" по социјалните мрежи што се ухлебаа по државно. Соработувам со една од земјите што ни удри вето(не е Бугарија и повеќе земји ни удрија вето ама се сокрија позади Франција) и е против проширување. Едниот кога дојде во бизнис посета се погоди и негов роднина да е на висока позиција во амбасадата и низ муабет заклучив дека ние никогаш нема во ЕУ да сме членка. Данец, Француз, Белгиец, Шкот ги е гајле како се викаш ти, нив им е битно да нема војна и тоа е. За да те примат во нивно друштво под претпоставка дека те сакаат ти треба да имаш функционална држава со просперитет, а не да те гледаат како ром што проси на раскрсинца. Договорите со Бугарија и Грција јас гарантирам дека ни 2% од популацијата не ги прочита, нити пак Тиранската платформа која има сеуште народ што не верува дека постои и изглегоа на референдум дека името(а името е најмал проблем од тој договор) ги спречува они да бидат Европски граѓани. Грујо требаше да падне, веќе стана ситуацијата беше ептен надреална. А сега веќе е целосно безнадежна. Наративот дека историјата, името, соседите и се друго не спречува да се развиваме доаѓа од неспособни политичари кои всушност се крадци и така лесно си наоѓа изговор додека се случуваше и се случува кражба. Жалосно е што имаше огромен број на народ што поверува дека името е проблем за фукнционална држава. Да не спомнам за понижувачката кампања "гласајте за бесплатно здравство во ЕУ" и други такви наративи каде народ мислеше дека ЕУ пари ќе му дава а тој да лега. Ако тоа не беше понижувачки и деградирачки незнам тогаш што. Бугарија е најмал проблем, 30 годишни роварање низ институциите и партизирање на иститите со неспособни партиски полтрони направија нефукнционална држава. Веднаш после договорот со Бугарија се виде која е намената на Заев и што направивме. Јас си признавам што испаднав глуп што одев на протести против Грујо и откако видов што потпиша Заев сфатив дека убаво ми објаснуваа ама ете и јас бев од тие што сакаа да падне Грујо по секоја цена. Цената беше државата, за жал малку подоцна се освестив. Не дека и порано да се освестев ќе сменев нешто. И уште нешто македонска нација и држава не постои веќе со договорите. Јазикот и азбуката кај и да е и тоа Зоќе наш ќе си направи договор каде ќе се протне како успех и притоа ќе си помине глатко со хехенца од платениците по социјалните мрежи. Имаш етникум Македонци кои живеат на територија на субјектот РСМ заедно со други етникуми. Немаш македонски театар, филхармонијаопера, балет, македонска репрезентација туку имаш театар на РСМ, репрезентација на РСМ итн итн. Немаш ниедна официјална институција што има во името МАКЕДОНСКА(ок МАНУ сеуште се држи додека е Коцарев на чело). Помирете се со фактот дека веќе нема македонска држава. Во иднина можеби ќе има, можеби не.
Германска компанија ќе гради ветерници од Куманово до Крива Паланка за 500 милиони евра На полињата од Куманово до Крива Паланка ќе има 69 ветерни турбини, и ќе снабдува со електрична енергија 290.000 домаќинства. Проектот ќе овозможи годишно намалување на загадувањето за 310.000 тони јаглерод диоксид.
Гладна кокошка просо сонува. Проектов требаше да биде реализиран пред да се оди на "зелена енергија", а не да бидеме принудени да купуваме од странство во сред криза. Сега растот на цените ќе се падне на грбот на граѓаните и "покачените плати" ќе бидат еквивалентни на 6000 денари. Супер би било да се реализира проектов, ама знаеме како оди со проекти кај нас за 20 години може ќе биде а може и пари ќе снема..
онаа претстава со левица во прилеп на 11.октомври е жива фарса. нема шанси при толку функционери (криминалци) полицијата да не ги отстрани оттаму каде попречуваа. договорени се со сдс за да глумат и влечат гласови. ова е само фарса и глума за залажување народ.
Вториот круг во Кичево ќе биде доста интересно. Денес Фатмир Лимани независниот кандидат кој му ги помати математиките на актуелниот градоначалник Фатмир Дехари јавно изрази поддршка за кандидатот од Вмро Александар Јованоски.