Па не е Данела крива што твојот Зоќи , не ја заврши работата како треба. И како сите очекуваа да ја заврши кога гласаа за него во 2016та година, заради тоа и партијата му падна на 230 000гласови.
Ич не е крива за то шо СДСМ не ја бива за внатрешна политика. Само да си кажам, оти циклусот ќе продолжи, а и полошо може да биде. Се додека Груевски има влијание на политичката сцена, имаме реална закана од диктатура.
Абе аман, оди на бајачка, против уплав да ти забаат Гвујо та Гвујо. Ич не се поразлични ни другиве сега. Дали беа поразлични- беа. Ама со ЗЗ се ,,реформираа и модернизираа,, во копија на тоа страшното ВМРО. Ароганцијата бонус. Старото СДСМ не чинело, новово бетер.
Никој до сега не бил како Грујо. Страв имавме Мијалков на име да го кажиме. Реален прогон на неистомисленици имаше. Сите бевме прислушкувани, на сите им се закануваа, една третина од фирмите во МК ги 'купија' со рекет. Хајка беше невидена. Значи не ВМРО, Груевски и неговата клапа.
Се шушка дека му било советувано од ,,страна,, да даде оставка колку да види Европа и калето со кого ќе си имаат работа наредни години. И така би... Уште прв ден во Совет на Општина Аеродром избил куршлуз со додавката ,,Северна,, Воедно протекле информации дека ќе го враќаат името назад (новата гарнитура) што би претствавало проблем. Ова се шушки од кулоари. Ништо официјално, ама и како и да е, мене ми се верува во ова.
Заев може е милион негативни нешта ама диктатор со сигурност не е, за што сведочат резултативе. Го нема тоа едноумие у сдсм, кое беше карактеристично за вемеро, Илјадници луѓе по умот на еден, што од заблуда, што од страв у коски.
Не знам, јас пак да треба трофеј да давам за најголем деген, не ќе знам на кој да му го доделам, дали на Грујо или на Зајко. Јаки сте кога користите едно лошо име демек да исперете друго име. Заев е психопат, тежок, ретарда, гнаса, не можам пред очи да го гледам, одвратно психопатско створење. И тоа што и Грујо е таков, не го прави овој поарен, не знам како да ви објаснам. Се палите на психопати, ебате беља, па со гордост кажувате како едниов бил троа понепсихопат од другиот. Ко демек, дааааа не го бива, ама онај другиот... и така 30 години,и зато сме кај што сме.
Абе неспоредливи се чоек. Ти кај живееш кога беше Груевски на власт? Во пештера? Мартин на улица го отепаа и три дена владата криеше дека воопшто имало смрт, па камо ли убиство.
Заев се премисли, да решел со Бугарија па ќе си одел. Има уште малце идентитет македонски, да го ебе па да си замине раат. Му брои некој колку оставки даде? Инаку Американците рекоа дека треба влада да има, ама не и дека он треба да биде. Не превртувајте зборови. Човекот што требаше да го разреши Филипче ќе дал оставка... Хаха. Патот на ВМРО го отвори неспособноста на сдс, на сите до еден. Толку неспособни на едно место немало никогаш.
А кај заминавме напред со З.З? Ете 4 и пол години му дадовме на изволте, и освен што избруси Вергини од шахти, освен што најголемите фашистички окупатори ги обели од вина, што друго направи, ах да, во НАТО не внесе, да ти кажам голема работа е тоа да си поданик на воен агресор. За ЕУ, кој и да е на власт нема да не примат, не грижи се, Свети Вмро да дојди на власт нема да не вратат назад, кој и да е уште доооолги години ќе дремиме како гладни кучиња пред вратата на ЕУ, сите ќе не потапшаат по глава од сожалување и пак ќе затворат врата.