Уште полошо, кажаа и таквото не ги боли. Никој не одговара, заташкаа На Мартин Нешковски убиецот беше у затвор, Заев го ослободи.
Знам дека го ослободија. Ама не ми е јасно, како не гледате проблем во тоа власт да крие убиство? Да немаше сведоци на настанот и да не се организираа да се соберат на улица, немаше никој да знае што се случило. Утре тебе ќе отепаат и ќе скријат. Правник си да му се сневиди.
Да де, како правник ти кажувам, беше осуден, ама Заев го пушти на слобода, убиецот. Утре ќе те убијам по еден месец ќе дојде јаде Заев у затвор, ќе си се поздравиме и јас ќе одам у Бугарија на шетање. Одговара така?
Значи ај разбирам до негде да изрелативизирате/оправдате некоја белја на едните или другите. Ама онака до срж едните да ги браните нема да разберам
Мене ми личат ангажманиве на типични ВМРО-овски популистички мерки, ама... сакам да грешам. Многу го фалат детево, па ќе му дадам време неколку месеци да се покаже. На Аеродром од основањето и фали асолен градоначалник.
Ама @WildMk убаво ти кажува да не излегоа сведоците и да не се организираа на улица не би бил во затвор. Не бил во затвор затоа што Јанкуловска чесно си ја работела работата. Само не ти одговараат муабетите па вртиш, ама попусто не ти проаѓаат муабетите, типично ботовски. Инаку Северна Македонија била реалност вели Мицковски . Нели името не го даваа и ке го вратела старото . Смешно е што постојат луѓе кои му веруваа дека стварно ке се бори за името.
Како правник те прашувам, кои (треба да)се реперкусиите ако власта се обидува да прикрие убиство? Пошто три дена негираа дека воопшто некој починал на тоа место.
Прочитај го поубаво сопствениот пост. Гласаше со цел, само Заев да си даде оставка, макар и магаре ставиле да се грижи за твојата општина. Смешно и трагично истовремено. Значи ако ја кандидирав козава моја што ја немам, ќе гласаше за неа? Што тоа те прави тебе, не сугерирам, размисли. Гласаш за градоначалник иначе, парламентарните избори носат промена на влада. Најголемиот проблем е што упорно гласате за партија, а не кандидат. Кумановци за мене, ја издвојуваа најголемата победа и позитивно ме изненадија со оглед на тоа што избраа личност, наспроти партиска позадина. И со величење на ВМРО само ја вреѓаш нашата интелигенција, не спиевме кога беа на власт, будно следевме и гледавме каква говнарија и хаварија направија со државата. Туку, за колку пари те тераат да пишуваш постови и да пишуваш небулози? Интегритетот колку пари ти вреди?
Не знам, Заев рече ќе даде оставка ако изгуби на локални, затоа гласав. Кој му е крив, он мотивираше куп луѓе да гласаат
Многу јака мотивација за Стевчо да гласашНе за друго, многу арен се погоди, па го почастивте трет пат да ви ја води општината. Жално е што не сфаќаш дека себе се казнуваш, а не Заев.
Без Заев велепредавникот, се ќе биде подобро. И магаре на мост е попаметно од него. Ти за пијаницата Шилегов гласаше, а ако он работеше немаше да изгуби.
03 ноември 2021, 21 век, модерна и европска Северна Македонија. Со вакви услови во кои се одвива настава: https://sitel.com.mk/deca-uchat-na-...ko-se-odviva-uchebnata-godina-vo-jabolchishte Страшно.
Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги соопшти конечните резултати од вториот изборен круг на Локалните избори 2021. *Dali so ova oficijalno se zavrsheni izborite? Dali ke moze da se prodolzi so procedurite za vrabotuvanje vo drzavnite institucii?
Според закон: "Oд денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до денот на завршувањето на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и на градот Скопје". Сеуште не се конституирани сите совети (според закон, 20 дена од денот на избори, но може да се продолжи за уште десет дена). Воедно на 14-ти Ноември ке има втор круг избори во општина Дебар, а ДИК треба да одговори и на приговори за евентуално прегласување и на одредени гласачки места. Според ова, некаде околку 15-20 Ноември, ако успешно завршат изборите во Дебар на 14-ти Ноември.
Мицковски е “закон” со изјавата. Се изнасмеавме добро. Кај замина патриототизмот во него? Замина по милиони?
Посебна дијагноза треба за овие што напуштаат седници оти не било уставното име. https://www.facebook.com/107370068409776/posts/113843134429136/ Види го какво е човечево, срам му е, незгодно му е, ама за пусти 300 евра советник толку задоен од партија да си... Не почнуваат дискусија како од моментот кога сменија име не превеслаа од ЕУ по секоја основа. Сега проблем било опозицијата шо добивала гласови или лажеле пред избори дека ќе поништат договор. Уау шокантно! Ова го тврдат гласачи на партија чиј лидер ги лажеше јавно родителите на децата убиени за Велигден, ја монтираше манипулативно снимката за Нешковски, пушташе некои снимки од новинарот Младенов за да се добие впечаток дека некој бил вмешан