Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Aj, aj, доста се прскате. Најголем дел од вас си ги потрошивте платите на одмор во Албанија, им го полните џебот, а веројатно и викендов си го поминавте во East Gate.
     
    На elimkd и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.081
    Допаѓања:
    12.825
    Oд Тетово си, ако не е тајна? Па еве ние овде на форумот што сме поглупи од таа терористка. Зошто некој од нас не би можел да фигурира на тоа место? Аааа, не сме Албанци, и не сме сложни. Еден Албанец не ја осуди за тоа што го кажа, оти го мислат истото, оти ние сме националисти, демек. Колку Македонци знам, без леб, на туѓ грб, без работа и плата. Векот го преспаа, без денар во џеб. Сигурно и на форумот има такви, само или лажат или се прикриваат. Утре на старост нема да имаат аналгин да си купат. Жалосно. Трагично.
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.081
    Допаѓања:
    12.825
    Браво за овој муабет. Ама знаеш, тие не биле како овие овде, демек. Затоа во Кукс го палеа македонското знаме, дискриминирани со илјадници евра плата без работа. Мајката.
     
    На Feminka22 и Amelia им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    88.478
    Пол:
    Женски
    И Македонци има,само оние кои политички подобни и активни и кои ке придонесат во партијата,и докторати и специјализации добиваат.:|
     
    На Bridget и oblace1 им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Абе никој не ни е крив.
    Да не е со врски и со дудлање, ќе има исто за сите.
    Дури има корупција, нема да се смени ништо.
    А корупција има секаде, на сите нивоа во државава.
     
    На Feminka22, Tanjamm и supergirlmb им се допаѓа ова.
  6. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Има,за жал. Тогаш кога ќе се запре тоа , ќе имаме нормална држава (кога луѓето кои со труд дипломирале,магистрирале и докторирала ќе се поставуваат кај што треба). Доволен е фактот што заминуваат таквите квалитетните (ете Охрид нели остана болницата без педијатри,кај да е и во мојов град ќе се случи тоа ). Веројатно никогаш нема да се случи ова, ама ај надежта последна умира. И да, има Македонци кои се пишуваат албанци само и само да добијат државна работа. Толку. П.с. женава како може да е магистрант а веќе докторирала?
     
    Последна измена: 7 ноември 2021
    На Tanjamm и Cosmi им се допаѓа ова.
  7. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.598
    Допаѓања:
    15.938
    Пол:
    Машки
    Шо би се рекло
    345.jpg

    :rofl:
     
    На Tanjamm и asdas им се допаѓа ова.
  8. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Мислам дека квазифашизмов на темава е добар лек за капс. :rofl: Не постоеле Македонци паразитски директори, и не постоеле Албанки вработени во продавница/бутик. Гасете компјутери и излезете во реален свет.

    Камо Албанците да беа единствен проблем во државата, а Македонците да беа ко што треба, Македонија ќе цутеше.

    П.С. Војна ќе има кога ќе реши меџународната, не кога ќе пише шкодра на фб.
     
    Последна измена: 8 ноември 2021
  10. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Не се албанците проблем, тие секогаш биле тука и меѓу нив има прекрасни луѓе, проблем е политиката на ДУИ.(Луѓе што не одат на работа а земаат пари, па сега кога им рекоа дека треба да се појават уште не им чини) И ако и овој пат замижиме после ова што госпожава се дрзна да повикува на војна. Зашто се отворија малку картите како се станува директор и како се краде. Да бидеш магистрант а притоа си докторирал. Е прво се оди на магистратура па на докторат.Дали има некој од нивната партија во затвор,осуден ? Пробај да живееш во Тетово, Гостивар, Кичево и Струга па ќе правиме муабет како полека стануваме граѓани од последен ред. Како можете да замижувате на вакво нешто и одма ама и Македонци паразити. Да, ама ,има никој кога му паднала партијата од власт не повика на војна. Не дека таа ќе ја направи војната,туку доволно кажува како се владее 20години. Ама ок секој за себе како си размислува.
     
    На Feminka22 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    А каква врска има целата ситуација со Албанците со мене, тоа не е моја одговорност за некој да ми се испукува тука зошто сум против партиски вработувања. Демек Македонци биле и требало да ја преќутам сета нивна некоректност и непрофесионализам, почнувајќи од начинот на кој доаѓаат до работа. Какви се тие фашистички глупости? Од албанскиот блок, што очекувате воопшто, Ахмети е 20 години во собрание, Талат е претседател на истото тоа собрание, тие знаеме кои беа и се подразбира дека таквите ко нив ќе си ги ухлебуваат. Системот граден и сочинет претежно од Македонците, тоа им го овозможува. На парламентарни, пак да си гласате за партии кои коалицираат со поранешна она, како што правите две децении, и после пак жалете се. Јас проблем со малцински групи во моја околина немам, и нормално прво ќе споделам што мене ме револтира во секојдневието. Преселете се вие во доминантно македонска средина и ќе увидите дека не само што не постои солидарност, туку ни етичност не фигурира никаде. Таму тоа што го прават Албанци, ваму нешто слично Македонци им го прават на Македонците, и никому ништо.
     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.081
    Допаѓања:
    12.825
    Убаво пиша членката, пробајте да живеете во Тетово, Гостивар, па ќе видите како е. Каде има девојки Албанки да работат во кафич, бутик ајде де, фабрика никако. Аргентина ти па мислиш се што ќе пишам на тебе се однесува. Се доживуваш дека некој ти се испукува. Не си само ти против партиски вработувања овде на форумов. Општо зборам. Во конфекциите, чевларство, маркети, се се жени Македонки. Таму даваат минималец, евентуално до 17.-000- 18.000 со надмината норма, а тоа само старите и искусни работнички го можат. Само Македонец се помочува во гаќи оти земал минималец. Од други не сум чула, тие па велат „ајде бе 500 евра плата ли е“? Будала е некоја Линдита да кисне на нозе за таа пара. Дури и да седат дома, верувај илјадници рамковни си земаат плата, и таа плата е од 21.000 денари па нагоре. Најмалку 21.000 денари со седење. Сите кафичи кои ги имаат во мојот град се баш сељачки, како чајџилници, и таму само мажи одат, и мажи служат. И во бутиците кои ги поседуваат мажи им работат. Продавници за чевли, теписи, исто. Да не заборавиме на црните бизниси, се е црно од дуќаните кои немаат ни каса ни ништо, до секакви шверцови преку Липково во Косово и назад. Ова го знаат ловџиите Македонци кои таму земале ловишта под концесија и одат само кога ќе им потврдат дека „теренот е чист“. Ако мислите дека некој повеќе се мачи од Македонците во земјава, се лажете. Социјалецот зема повеќе пари од тој што работи за минималец. Социјалното е 11.800, а од минималец одбиј храна, превоз, ете ти, под 12.000 денари паѓаш.


    Еве моја познаничка со јак факултет, со години е без работа, оти по 40-та не сакаа да ја вработат никаде, а нејзина сосетка зема по 24.000, и плус цели 11 години си живее и работи во Швајцарија. Ваков Македонец не сум стретнала, да прима плата овде, а да живее во Австралија на пример. Исто не е, а сакате да го прикажете како исто. Ако сега не примате плата, а сте млади, верувајте по 10 години нема да ви биде сеедно. Животот не чека никого.

    Прочитајте си дефиниција за фашизам. Во ситуацијава само госпоѓата терористка е фашист. Ако Мицко и Заев не им дозволат така да тераат, утре нема да имаме држава и тоа е.
     
    Последна измена: 8 ноември 2021
    На Feminka22, Amelia, Nikolina35 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Ок, додека фашизам е пишување на форум за политиките кои ги води државата (никој не спори дека и македонските партии се виновни за ова и наместо сите сложни да бидеме овие конечно да одат во опозиција, а демократија е да лапаш пари од народот, да учествуваш во сомнителни јавни набавки во ,пази, на клинички центар (каде јасно пишува кој и како бил услужуван) и покрај се што ти дала таа држава гордо да пишуваш дека Косово е твојата татковина, да се закануваш со пушки ,тогаш да препрочитаме што е фашизам. Некаде многу сме згрешиле во учењето веројатно.
     
    На deskarada, Tanjamm и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Албанците се криви, Грците се криви, Бугарите се криви, Европа е крива, Власта е крива.
    За просечен македонец, сите се криви, освен тој самиот.

    Полесно е така, знам.
    Оти ако речиш: “Јас сум крив“ - ќе треба и да преземеш одговорност, а и да смениш нешто.
     
    На sj *O*, LejlaD и galapce им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.081
    Допаѓања:
    12.825
    Сите се криви поради нивната претензија, шовинизам, а ние сме криви оти немам консензус за ниту едно прашање. Пет луѓе на форум не можеме да се договориме, да сфатиме дека Шкодране е наш непријател, оти прво не пукала, потоа ни го испразнила чекмеџето. За членките тука, јас пример сум фашист, лажен патриот, националист. Е каков е бе тој фашист што не убива, не пали, не уринира врз починати и мртви луѓе, не крши гробови? Каков е? Вакви ли се сите фашисти, што чесно си р'мбаат и до денар си ја одбработуваат платата, и немаат претензии за државно работно место? Лажен патриот ли е човек што хонорар од странство го дал за донација за Македонци во соседството. Како дошле, така нека одат, си реков, дај да направам нешто добро ( некои тука ме прогласија за лажга). Муабетот не го ширев дека сум донирала ( знаат тие што ми се блиски) оти го знам менталниот склоп на Македончето ќе ми рече „будалче, што си се трошела, ти ли ќе ги оправаш“. Каков е тој шовинист кој донира облека за сиромашни како мене? Прво давав во Црвен Крст, потоа почнав да оставам кеса на сушара кај едни сиромашни Македонки кои живеат во државна барака. И тоа дека Албанки се скршиле од работа по маркети и кафичи, не е точно. Не само Куманово, во Тетово, Гостивар, сите кафичи им се батал, само мажи седат и зјапаат кој ќе помине, и таму само мажи се келнери. Напротив, има Македонки кои работат во Селман, Мусли, и Арди во Куманово. Печалбар кој работи во Швајцарија и зема неколку илјади франци плата, нема да ја пушти жена му која патем има најмалку 3 деца, да ја зафркаваат за 15.000. Тоа само на Македонките им се случува.
     
    На Amelia, Nikolina35 и supergirlmb им се допаѓа ова.
  16. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm џабе е се. На Македонецот во крвта му е да се самоуништува. Од една страна искрено, оваа Шкодране е пример за тоа како треба да се сака и да се бориш за она за кое си го замислил. Знаеме која е целта,барем колку што гледам јас и ти се разбираме. А ние, бидејќи немаме чизми по таваните можеме да казнуваме на избори, можеме да излегуваме на улица за секоја лоша одлука. Ама ние спиеме или си ги пакуваме куферите или ќе се тресеме за партиското работно место. Тоа е.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.801
    Пол:
    Женски
    Има некој Албанец што воопшто ја сака Македонија и што цени тоа што добил од државата?
     
    На deskarada, Feminka22, Amelia и 3 други им се допаѓа ова.
  18. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    А бараме од сите други да превземаат одговорност.
    Се соглсувам, ама да надополнам дека не постои ни македонец веќе таков.
    Не дека има и од што да сме задоболни, ама и за тоа малку што го има не сме.
     
    На WildMk и Tanjamm им се допаѓа ова.
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Не ми се обраќај лично секаде каде што ќе се најдеш во дискусија со мене. Не се однесувало на мене, туку на нас, повеќе сме биле. :rofl: ОК.

    За остатокот од небулозите, шта речи, да се собереме на форумот над 5 души, сложно да ги спречиме Албанците (или дуи). Смешки. Не спомнав фашизам, туку квазифашизам и фашистички глупости, ама полесно е да се реплицира што било (без да се сфати). И патем, научете го потеклото на зборот фашизам. Ајде, прајте си национални филмој. За тоа време, нека ве пљачкаат децата на комунистичките елити заедно со шкодране.
     
    Последна измена: 8 ноември 2021
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.081
    Допаѓања:
    12.825
    Да, буквално така е. Ако си од мешан град ги знаеш работите. Џабе ќе кажуваме романтики, кога не е така. И нормално ќе живеат во палати кога земаат по 1.000 евра на наш терет, а Македонците живеат во колиби. Што очекуваш од човек кој завршил факултет, а работи за без пари по маркети. И по 5,10 години ќе биде исто. Тој човек нема да може да се избори со основни трошоци, и да има деца и да оформи семејство, пак ќе нема гервек за во школо да му купи. И не сфаќам како некој може да живее со ставот „не ми е гајле“. Додека мама го носи лебот, а тате ги плаќа сметките така е. Јас не приќутувам кај и да е. Ми доаѓа на работа пред повеќе години еден Албанец и ми вели „Косово оди напред, Албанија напред, само Македонија назад“, му велам „Јас да сум како тебе, ќе се откажам од македонското државјанство, ќе продадам имот, и ќе се иселам таму каде што е убаво“, ми вели „Аааа, не таму каде што сум јас, таму е Албанија“. Секогаш ќе казнувам, на избори. Јас дур бев во странство, сакав да гласам во странство, во амбасада, имаше избори, ама немаше да можам, оти не сум дијаспорец, немам таму адреса. Инаку, тука се збори од инат и од памет. Срби во администрација збореле српски. Прво, во Куманово во основното Вук Караџиќ и во Гимназијата имаат право со закон да си оформат паралелки, а тоа не го прават. Срби има, желба за учење на српски нема. Дури екс раководител од српска националност ми кажуваше „Еве јас сум Србин, ама моето дете ќе си го учам дома српски, а во школо нека учи македонски, а не да учи на српски, па на факултет македонски, и да меша“. Кој Албанец би го кажал ова? Напротив и малиот број Торбеши ги мобилизираат да ги запишат на настава на албански јазик. Ова лично со очи сум видела и сум се уверила, дека се случува. Ова се факти проверливи и на интернет, и секаде.

    Да дојдеш анкета да им направиш на улица, да бараш Срби, и пари да им дадеш, српски не знаат да зборуваат. Освен ако налеташ на некој пензионер Србин, а воено лице бил, или неколку професори по српски јазик.
     
    Последна измена: 8 ноември 2021
    На supergirlmb му/ѝ се допаѓа ова.