Тебе не те опљачкаа? Ти не плаќаш даноци или твоите? Збориш во трето лице множина, како да пишуваш од Кајманските острови, а еве од август пцуеш дека ќе се селиш и уште си тука, така? Колку и да ги мразиш Македонците, ти си тука, засега живееш тука и си во иста каша како и сите останати. Имаше некоја гужва на Табановце во август, видов на видео лајф од Табановце, си реков сите од фемина избегаа, а јас завист и љубомора ме изеде, си реков што ќе правам сама со Авганистанците во жална Македонија. Скапав од нервози искрено. Оти не сум кадарна за ништо, и ако не ми кажеш некоја дефиниција, како ќе терам до крај на веков. Инаку, и Авганистанците дел си заминаа. Се надевам нема да заседнат, ние само паника направивме.
Пак се плашиш директно да демантираш и нешто индиректно клеветиш и брецкаш. Поголем инаетџија и човек што зборува од памет на форумов, од тебе нема. Само ти мислиш ќе напишеш подолг пост полувистини и другите којзнае како те доживуваат, во несвест паѓаме од големата патријотка и најголем фемина промотор на македонизмот. Да те однесам во администрација кај Срби кои не зборуваат српски патем, туку како ќе им текне, мешан говор, м? Македонија е колонија со векови во историјата, народот е таков што територијално повисок статус никад нема ни да ужива. Реалноста е таа, а ти збеснувај на форум колку сакаш.
Јас само како член на форумов си се забавував, вчера Авганистанци, денес Мерилин Менсон во црква, све некој драматичен настан ќе искочи за анализа на фемина и пишување сценарија. А тебе гледам озбилно паники те дрмаат околу дневнополитичките случувања но само доколку вклучуваат муслимани. Авганистанци твојот екс миленик ќе доведеше тука во шестоцифрена бројка, да имаше кај нив расположение да останат, ама не се толку глупи ова да го гледаат како крајна дестинација кај што треба да им помине животот. И аман со тоа како сите татЕ и мама не хранат, саде ти највредната, во секоја тема ни се фалиш , нашиот животен пример.
Не ви се фалам, само не се кријам. Ти читаш туѓи приказни, ама криеш се за тебе. Да се работи не е фалба, туку е потреба. Има тука секакви профили на луѓе. Не се кријат кои се и што се. Јас зборувам со факти. Законот им дозволува да основаат паралелки, а тие не сакаат. Тоа е невистина за тебе? Не форумот има и други кумановци и знаат дека е така. Јас сум во најсрпската општина во земјава, и нормално дека знам како стојат работите со Србите. Повеќе Срби од мене може си сретнала во Белград. Пред три години, еден учкар требаше да се смести во фотелја за добра плата. Јас и еден бранител од 2001 година 2_3 дена пред официјално да го сместат на функција, искористивме контакти, срочивме допис во име на група бранители и процесот се стопираше. Наводно учкарот се повлекол, имал друга опција. Сега пасе кози во Липково. И ова слободно земи го како невистина ако си решена со глава ѕид да бутнеш. И не беше тешко ич само се обративме на право место, во право време, и Македонецот кој требаше да го прими се пресмета дека ќе губи гласови и тука заврши постапката. Тука има секакви профили, правници, можат да ни дадат совет ако не знаеме. Јас нити сум заслужен граѓанин, нити сум многу паметна, немам докторат како Шкодране. Ти имаш проблем да прифатиш дека сепак има патриоти во земјава, и тоа без интерес. Кога ќе се иселиш не ни пишувај, ќе цркнеме од љубомора. И која е таа општина, и таа институција, сектор каде во внатрешноста ви цепаат српски. Моите постови ти се полни со години, податоци, закони, јас прецизирам кој, каде, како, што не одам со тоа некој таму наводно српски зборел тоест мешал. А Србин ли бил воопшто или само не знаел македонски литературен јазик. За мама и тате не е за тебе, општо илјадници Македонци чекаат од мама и тате, додека Шкодране кешира.
@Cosmi ако си од Западна Македонија, имате ли Албанки келнерки? Кај мене сите кафичи да ги превртат нема да најдат ниту една келнерка Албанка.
Оооффоо, готова си, и ти во кош со мене во групата лажга. Ние сме полна куќа луѓе, па попладнево го искоментирав случајот дома, дека имало Албанки работеле по маркети, кафичи, и моите дома кисело се насмејаа, оти тоа не е вистина. И тие констатираа дека во градов никаде нема да видиш Албанка келнерка, а за продавачки во маркети, се замислија сериозно, почнаа да редат имиња на маркети каде има продавачки од албанска националност, севкупно дали се 10. Тоа се кај џамијата и кај болницата, оти таму има и муштерии кои не ни зборуваат македонски јазик, па од практични причини им треба некој Албанец. Од друга страна, Македонки работат во албански маркети, или се чистачки во албански фирми каде сите вработени се мажи. Тоа е реалноста, кој не му се верува нека го посети Куманово, ќе види дека е така. Ниту имаме потреба, ниту интерес да лажеме.
Фантазираат со паметот. Toj што не живеел блиску со албанци или видел само на тв,не знае многу работи.
Колку пати да ти повторам дека не ме интересира како е во твоето к-во? Човек би помислил дека Максим цакум-пакум ве има средено, колку загреана обожавателка му беше за време на изборите, кога вие продаени сте биле на Албанците. Едино смешно е кога пишува дека некого казнува преку гласање, хахах, многу им е гајле на нив откако си обезбедиле три поколенија однапред, секој ден плачат на ТВ. Ене го грујчо, живее во една од најубавите метрополи, а начув и фирма дека отворил. Па сеа ти можеш само филм да си вртиш во главата дека на последниве избори си ја исправила грешката со заев откако си го изгласала и те разочарал. Појма немаш од политика, али битно упорно да се тупи. И ти беше онаа на која и бришеа мислења во темата за изгорената модуларна болница бидејќи спомнуваше карма и се ситеше, така да, не вреди да се дискутира со тебе, нека ти ги поддржуваат и лајкуваат глупостите оние кои немаат поим што мустра си. Вана би шкодране.
Во четврток во Собрание на гласање двајца пратеници кои се во изолација најверојатно ќе дојдат во скафандери да гласаат. Лани на детенце кое при пад ја удрило главата и имало очигледни знаци на потрес на мозок беше одбиено да му се пружи помош во болница зашто било позитивно. Жена со скршен колк со денови ја маткаа од клиника во клиника иако имала неколку негативни теста. Луѓе со огромни болки што биле од друга состојба не добија помош зашто биле позитивни, нели за да не ги доведе докторите у опасност. Ама може позитивен да гласа у Собрание И така...
Да бе. Мене ме прашаа нејзините пастири кога ја назначуваа шкодра на функции А и, кога е доволно контрадикторна да гласа за партии кои коалицираат со дуи.... Кој што дробел, нека срка. Како имаше таа дрскост истото да го каже за жртвите во Тетово? Ни срам ни перде.
Се додека вакви личности, меѓу другите, се толерираат и народот не може сложно да се обедини против ваквите пребезобразни и невоспитани индивидуи на кои се им е удоволено и повторно пребираат или нешто не им чини, ќе бидеме на ова дереџе па и на полошо.
Е ова А, казнуваат луѓе ако не почитуваат изолација. Пред некое време, чинам читав мајка на 2 годишно дете ја казниле со 200 евра оти го однела детето (кое било во изолација) кај таткото со кого биле разведени. Значи, мајкава ќе ја казуваат, а "господава" на наш трошок ќе ги рашетуваме ко принцови!!! СТОКИ!!!
На многу луѓе што ги знам не им ни иделе во контрола за време на изолација, ама среќа совесни се овие, сите дома седеа стварно, али полиција да им отиде да ги провери или кај некои одеа ден пред да им заврши изолација..
Колку што читав си имале изгласано закон за вакви работи. Нели имаше еднаш случај и кривични пријави за пратениците , наводно биле одбиени оти се било согласно законот. Така читав по портали некаде ако е точно. А народот нека го дерат. Затоа, мислам дека треба многу повеќе сите да отвориме очи и да се освестиме што ни прават. А, бидејќи немаме чизми и пушки, може некако да се заинтересираме што се случува во политиката.Секој закон против народот протест. Како може да си донесуваат буџети со милијарди евра и без срам кажуваат покачувања на судии,обвинители итн. Работникот нека рмба, па уште старт ап бизнисите да ја помагале економијата. Ама нас не не интересира политика, нели. Нека си тераат, ние ќе си работиме за 15 500 и ќе си уживаме во животот. П. С Шкодране да не се заканеше немаше да ја пишуваат на секаде за хонорарите, хациендите, типовите, несоодветното образование. Буквално правела грабеж. Ама кој ќе знаеше? Којзнае уште колку такви има...
Форумов не е твој, сите ние нешто пишуваме, не за да чита еден член, туку сите читаат. Ти никаде не кажа факти, туку извртуваш туѓи муабети, читаш и поврзуваш „туѓи приказни“, кои патем „не те интересираат“. Велиш немам поим од политика? Ти знаеш ли во твојата општина колку гласачи сте, колку пратеници имате, колку советници, од кои партии? Не. Јас не само што знам, туку и лично се знам со скоро сите, и ги знам кој капацитет се. Ти за тебе лично не се грижиш, ќе те засега во Куманово, Тетово итн. „Не ме е интересира“ е највисок степен на неодговорност кон самиот себе. Ти го пцуеш народов и државава со години и уште не се исели? Не сум споменувала карма, ти си некоја грешка. Слабо ја коментирав таа тема. Дај сите да не гласаме, цел македонски електорат, ќе учиш и ти албански во македонска средина. Зошто мислиш дека некоја трета опција нема да им даде права? Ти дадов пример дека со еден допис спречивме терорист да се смести во фотелја, ти тоа го игнорираш. Вака ќе биде дури се делиме и не се буниме. За Тетово само пишав дека пуштале кој стигне внатре, не сум се ситела што гореле луѓе, имаше од секакви националности, ако алудираш дека се радувам демек Албанци изгореле. Девојче инвалид од македонска националност изгоре, оти не можела да избега.