Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Многу убав сублимат си дала ква, да јасно е како ден, дека се е за таа енергетска војна, не знам какво оружје трдат дека нашле, но какви и докази да приложат јас у Америка не верувам, зашто се може да фалсификуваат, фотошопираат и исфарбаат за пред очите на јавноста да прикажат дека они се тие тие, чуварите на мирот. Да не беа толку замешани секаде, како пипер во секоја манџа се пикаат и со носот нушкаат немаше да бидат исплашени дека кај нив ќе се употреби тоа нуклеарно оружје.
    Инаку за народот, секаде има и вакви и такви, оФци кои следат и кои се бунтуваат,ама мој генерален впечаток дека нивната интегенција е против воената политика на власта и се против војни. После 11 септември и они не се веќе така гласни во тоа дека се чуварите на мирот. Знаеш кога ќе те здоболи и ќа осетиш на своја кожа не се џитакаш толку и солиш памет на рајата.
    И амн со таа Русија више, ми се смачи од таа нивна војна, уште малку и колку едно столетие ќе помине они уште тапкаат у земја.
    Баш сега читав една книга која имаше нешто слично вакво у тематика, шпиунажа од светски размери, прослушкување, сателити и бакрачи и авторов убаво ги имаше начнато работите(иаку нели некој не посочува дека тоа што го пишува е реалноста, демек фантастика, сказни и басни за големи деца, али тоа се само делумно фактите) и сега не се само Америка и Русија, тука е Кина, Арапите и Изралеците и уште којзнае кој во тие валкани игри. Искрено подобро што помалку знаеме и сфаќаме, тоа се матни игри, преопасни за обичниот човек.
    Не за џабе викаат додека паметните мудруваат, глупавите живеат, кога не размислуваш и си надвор од некои такви сознание, подобро, живееш у мир барем.
     
    На tessie, Daydream и kva им се допаѓа ова.
  2. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Хипстер, многу сакам да правам муабети за политика :D.

    Некои „науки„ велат вака: 1 % од луѓето прават да се случуваат работите, 9 % знаат што се случува , а останатите 90% немаат поима што се случува и зошто се случува и консумираат тоа што ке им се даде наТВ или преку некој дуг медиум.
    Би сакала да сум во оние 9 % ама тешко, но сепак си “блебетам“ :D .
    Не се исклучени намештаљки, важно е да имаат црно на бело документирани докази,
    па кој после ке се осмели да ги демантира, долга е тоа работа.
    Но сепак и ЕУ си имаат свои разузнавачи.
    Јас едно знам ако Америка решила да мава некој, ке го мава. Еден геополитички аналитичар има кажано дека Европа е економски џин, но политичко и воено џуџе, и Америка тоа го знае, и затоа не и се плаши толку на ЕУ.
    Нивните интелектуалци? Се против војни, а-ха, ама сакаат да си живеат удобно, да си менуваат аута на секои 4 години, да си трошат доларчиња :cash: , да се шетаат по белиот свет, епа некој во Конгрес мора тоа да им го обезбеди. Во морето за да опстане ајкула мора да изеде илјадници ситни риби, сме гледале дискавери нели :wasntme: ?
    За 11 Септември?? Па нели имаше некои емисии дека тоа е исто намештаљка? Односно дека уривањето не е предизвикано од авионите; и кој одговараше за тоа ? Никој!

    Израел е со Америка, а Кина сега за сега си молчи, ја остава Русија да се занимава со ова прашање; Кинезите се активираат кога Кореите мучкаат нешто.
     
    На Hipster и Daydream им се допаѓа ова.
  3. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    И ОН излегоа со став дека треба убаво да се размисли и со дијалог да се реши проблемот, Британците и Французите не се толку сигурни, дури и папата повика против војна, е ако и во овој случај Америка нападне (а пропратно ги вклучи и другите во нападот и покрај нивната несигурност), после сите оние афери со прислушкување и официјално ќе се знае кој владее со светот и кому не треба да му се противречи. Ако не биде така, што не верувам, Русија може да се подготви за влегување на голема врата.
     
  4. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Патем, не е политички настан ама ај тука нека стои:

    Македонија меѓу 10-те земји со најмногу причини за стрес. Веднаш до Јамајка и Боливија, стои зацврстена на 9-та позиција со индекс 52.

    Ова го покажува последното истражување на Блумберг во кое се опфатени и анализирани состојбите во 74 земји низ светот.

    Друштво на Македонија во првите десет и прават Нигерија, Јужна Африка, Ел Салвадор, Монголија, Гватемала, Колумбија и Пакистан.

    Нигерија според анализите на Блумберг е убедливо најстресната земја за живеење во светот, со индекс 70, 1.

    Од балканските земји најблиску до нас е Бугарија која на листата на Блумберг се најде на 23-та позиција.

    Следува Србија која котира на 28-та додека Грција се најде на 30-то место на најстресни држави за живеење.

    Спротивно на ова, на крајот на листата најстресни држави во светот се најдоа Данска, Австралија, Шведска, Швајцарија и Луксембург.

    Со индекс 5,4 Норвешка е на дното на листата држави со најмногу причини за стрес.

    Во истражувањето аналитичарите предвид ги земале просечните приходи, стапката на самоубиства, нееднаквоста, корупцијата, бројот на невработени, животниот век и екологијата.

    Антонио Крстевски

    Извор шител
    http://www.sitel.com.mk/mk/makedonija-m ... -vo-svetot
     
  5. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Конгресот му дава на Обама 60 дена за напад, + дополнителни 30 дена.
     
  6. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
  7. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Колку има Русија директна врска со намерите на САД не знам, ќе да има, ама прво во игра се други фактори според мене.
    А кога ќе падне Асад на здравје исламистите на власт.
     
  8. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    ЗНАЧИ НЕ СЕ ЗАМАРАМ СОПОЛИТИКА АМА ИЧ !
    АМА ЕДЕН НАСТАН ПРЕМНОГУ МЕ ИЗРЕВОЛТИРА !
    ГРЦИВЕ СЕ БУНАТ БИДЕЈКИ НИВНИ ДРЖАВЈАНИ ДОАЃААТ КАЈ НАС ВО ЗЕМЈАВА И ДАВАЛЕ ПАРИКАЈ НАС ВО КАЗИНАТА ! АМАН БЕ ШТО СЕ БУНИТЕ ? А КОГА ОВИЕ НАШИ СЛЕПИ МАКЕДОНЦИ ДОАЃААТ КАЈ ВАС НА ОДМОР ТОГАШ АРНО ВИЕ ? ТОГАШ НЕ ВИ СМЕТА НЕ СЕ БУНИТЕ ?? МОРЕЕ ЦЦЦЦЦ
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.677
    Допаѓања:
    22.730
    Пол:
    Женски
    Туризам и економија немаат врска со политика. Нечиј глас се слуша подалеку, нечиј не. Јас да сум Гркинка и да имам хотел таму, ма колку и да ги мразела Македонците, не би се радувала за оние инциденти со скршени и ишкртани коли.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Ама политиката си има врска со економијата :cash: ;) нели?
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.677
    Допаѓања:
    22.730
    Пол:
    Женски
    Политичарите и да имаат некој бизнис, од него нема да им бидат единствени приходите.
    Друг муабет е хотелиер или сопственик на пансион, на кого моите неколку стотки и те како ќе му завршат работа.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    ^Или што македонците со инвалидитети доаѓаат кај нив доле, прости па и слепи :fubar:
    И тие се како нас, ист манталитет сме значи, само за разлика од нас они убаво ја одрааа државата, а не како ние дозболивме она да не дере нас и мајнуми да не праи.


    Али туризам не е само економија, инаку немаше да има факултет посебно, нели ;)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
     
    На i...ja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Јас мислев на малку повисока политика, на пример остварување влијание во некои земји заради економска корист, во последно време енергетска стабилност.

    Не за нашиве. Нели како што рече Хипстер-ка, зад нив обично стојат други режисери.

    :D инче за ова со стоткиве , во право си, нема што,... а и фотото ептен се совпадна со овој коментар :rofl:
     
    На Hipster и tessie им се допаѓа ова.
  15. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Во цел арапски свет се инсистира на доведување исламистички структури на власт (освен онаму каде веќе се застапени). Сето тоа има директна врска со Русија? Не знам, матно ми е. Со Русија судирот околу Сирија трга и накај економска природа, ама дали битката мора да ја водат преку поддржување исламски радикали...
     
    На kva му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Според тебе кој го подржува исламскиот радикализам? (не примаш лични пораки, ке ти напишев нешто што не сакам јавно)
    Така си е трга и накај економска природа, секоја политика трга натаму, затоа погоре напишав политика си има врска со економија :D :D
     
  17. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Со случувањата во Египет и незадоволството што го искажуваа западните центри поради симнувањето на Морси и муслиманското братство...
     
  18. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345

    Ако се секавам добро, учевме дека туризмот е гранка на стопанството , така ли беше :?:
     
  19. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Не ме разбра, зборувам за Сирија;
    Русија или Америка го подржува актуелниот претседател?
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Абре да, ама туризам е една голема и сеопфатна гранка, има и бизнис, и угостителство и што знам друго више не сум толку запознаена.
    Продонесува за економија, секоја дејсност продонесува за економијата, и адвокатите се бунеа што ги фискализираа и ги ставија на ниво на занетчии, па не се баават со економија нели :D

    Туризам не треба да се меша со политика, па и политиката во економијата превише, иаку има така наречена економска политка, не знам што се учи таму не ни можам да претпоставам, ама не треба да се користи за високо политички моќи и цели. Да се користи, затоа сме таму кај што сме, поточно кажано никаде!
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.