Зарем? Ене споредба на цените на светските берзи од лани и сега, убаво пишала Ева. Или автоматски прескокнуваш тоа што не сакаш да го чуеш и видиш?
Скопјани го плаќале паркингот за функционерите на СДСМ-ДУИ, организиран од Демократски Сојуз на Павле Трајанов Дали над 2 милиони евра пари на скопјани е штета од ослободувањето од плаќање паркинг за функционерите на СДСМ и ДУИ?!, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 400 возила 4 години не плаќале паркинг низ Скопје, прибележани во ЈП Градски паркинг со регистарски таблички, марка и модел, но сите на 3 имиња, Борче Јакимовски и Владимир Кроневски, директори од ДС во тоа претпријатие за време на СДСМ. Дали зад овие имиња се криеле Мартин Попов, шеф на кабинет на Димитар Ковачевски, Златко Марин, Миле Зечевиќ и други високи функционери на власта?! ДС по овој систем функционира како приврзок на СДСМ и ДУИ. ДС преку своите директори го помагаат криминалот на СДСМ и ДУИ. https://republika.mk/vesti/skopje/s...-na-sdsm-i-dui-organiziran-od-ds-na-trajanov/ За сиротиња која зема 18.000 просечна плата веднаш да се воведат нови законски мерки со кои ако не платат паркинг да им се блокира сметка или одземе возачка дозвола на 3 месеци. Законот треба да се изгласа со ЕУ знаменце
Брате дај потсети не' за нешто посвежо и поактуелно. На пример за изјавата на Славјанка за нашата значајна улога што ќе ја имаме во Нато силите во Украина, за нејзиниот цврст став за зачувување на територијалниот интегритет на едикојси, па како им с, рже на Русите а? Е од вакви светли примери ставај изјави, ако ништо друго да си поплачеме од среќа.
Славјанка првин нека наплати данок и комуналии во Грчец и Арачиново, па тогаш нека оправа геополитика во Украина. Кој се ни ја води државата. Страшно!
Март 2011- просечна плата 20 000ден. Март 2011- минимална плата 8000ден. Минималната синдикална кошничка зазема 380% од минималната плата и 152% од просечната плата. Затоа што е за четиричлено семејство, со две минимални плати дома, би имале 16 000ден., а трошоците речиси 30 500 ден., значи тоа се 190% од минималната плата, односно 76% од две просечни плати во 2011 (40 000ден.). Декември 2021- просечна плата 29 000ден. Декември 2021- минимална плата 15 000ден. Минималната синдикална кошничка зазема 234% од минималната плата, односно 121% од просечната плата. Затоа што е за четиричлено семејство, со две минимални плати дома, би имале 30 000ден., а трошоците 35 000 ден., значи тоа се 116% од минималната плата, односно 60% од две просечни плати во 2021 (58 000ден.). Кога се зголеми минималната плата од 9000ден. на 15 000ден., за речиси 6000ден., а со најавите во втората половина на годинава таа ќе изнесува 18 000ден., т.е. 9000ден. повеќе? Да потсетам дека актуелната градоначалничка на Скопје (патем, кажете како е, ве мислам ), заедно со другарите од ДПМНЕ, особено Трајко Славески (претседател на Советот на Град Скопје), беа изричито против зголемување на минималната плата, бидејќи тоа би довело до колапс и масовни штрајкови. И сега да заклучам: Ни нема спас. Ни со едните, ни со другите. Ни со тие што се промовираа како трета опција. Само едните се подобри од другите, за нијанса (се наоѓаме во еден редок период каде што може директно да се спореди и види како "владеат" и едните и другите, што е добро и корисно). Како и да е, за ова парче земја нема надеж, макар и Меркел дошла кај нас откако се пензионира сега
Ни нема, ама уште луѓето не сфаќаат. Не знам шо мислат дека ако дојди вмро дека ќе се смени нешто на подобро, беа 12год видовме. А од овие па потрчковциве партиски ми е преку глава. Еве во мојот град се смени градоначалник од вмро сега и на локално ниво нормално се вработува исто како претходно, ништо сменето, ни ново. Нели нон стоп на Тв поинаку кажуваат? Вака млади ќе задржуваат? Се дури народ не сфати дека две партии ја уништија државата и не трчаат за 500ден, ни ќе се смени нешто, ни ќе се подобри. Мислам дека од ова дно, освен бетар подобро не можи да биди. Ама најјакото од се ми е, како деца мали само на Тв знаат да се препукуваат, вака направи сдсм, вака вмро Ова ни во Африка го нема.
Плата се зголемува врз база на ликвидност на економијата, а не врз задолжување и собирање евтини поени. Врз која база ти ќе зголемуваш плата на твоите вработени во фирма ако фирмата едвај подмирува долгови? Секој здраво разумен економиста ќе ти каже дека последнава влада е нај анти-економска во историјата на независна Македонија. Зголемуваш плати врз база на ништо. Земаш кредит да купиш кола, а живееш на социјално. Ете така во превод.
Ја немаат сите таа среќа да работат во државни и јавни претпријатија Ахој. Пред неколку недели наш соработник ни кажа дека морал да отпушти дури 4 вработени, не може да ги плаќа. И сега им велат минимална да биде 18.000?Па ќе ги избркаат сите вработени, и ќе турат клуч на врата, тапа е сегде, разбираш? На прсти се бројат тие што зголемија профит последниве 2 години, па да можат да издржат вакви небулозни новини. И, сега во име на што ги поддржуваш, во име на државните паразити? Ако рокне скроз приватен сектор, сите автоматски ќе рокнат. И после што правиме, имаш идеја?
Цитираното мислење не беше за минималната плата, туку за измислувањето позиции за да се вработуваат луѓе зашто им е ветено од партија. Во однос на минималната плата, тоа е барање на ССМ, да минималната плата биде 60% од просечната. Се надевам дека ќе се најде решение со кое ќе му се помогне на тие којшто евентуално не можат да ја исплатат таа плата.
Ова е оглас за вработување, работно место: чувар на шахта во ЈП Стрежево, Битола. Не сум слушнал дека има и такво раб. место, ама Мк и се е можно.
Ова може и зафрканција да е..не се ваљда до толку.. Башка 300 евра за да чуваш шахта..машала машала Ќе рече некој после сиромашна држава сме
На АВРСМ е објавено, слободно може да проверите. Објавено сè како што треба И тоа две работни места на оваа позиција
Нема проблем, повели. Не знам шо толку и се запнавте на женава за изјавата, само не е болката изјавата туку членството во НАТО