Па уше Русија да нѝ се пушти, како што е забеган Путин..Заев Ахмети и Гвујо најмал проблем ќе нѝ се.Шо се меша кај шо не ѝ е место?
Е пак ај да не биди толку, тука е пресметан и ризик на работно место, шо ако пропадни вшахта чуварот.
Далеку низ историјата можеби не директно, ама индиректно Русија ни има повеќе наштетено, а од друга страна Украина беше единствената што ни донираше оружје во 2001 колку шо ме држи сеќавањето, небитно. Сеа јавно сакаат да остават лице кај американците за утре други ден да бараме на некој начин влез во НАТО итн..
Apanazata I tie privilegii Sto gi imaat bivsite funkcioner da imse ykine.Se e tovarna budzetot na nas narodot.tolku privilegii pa ustem koga ke zavrsat apanaza. Vo evropski drxavi ministrite so metro sevozat. Koj saka dasi se luksuzura od soptvenipari da si Sadat. Pakolku samo pari idat na sluzbeni patista I kirii.b
Влеговме во Нато, Старк. За ЕУ да не мислеше? Затоа е и овака. Не пуштаат Американците да џавкаме како кученца. Инаку да, Украина ни е еден од најголемите пријатели. Ни донираше оружје, ни ги продаде Хеликоптерите Ми 28, и авионите, Сухоите, не само што ни ги продаде, туку и Украински пилоти ги летаа во војната. Секако, и тоа беше аминувано од Русија, која Украина како прокси држава ја искористи за да ни "помогни". Не дека многу им беше гајле за нас, туку дека Америте ги поддржуваа УЧК. Така да, најдобро е за нас да не се мешаме во конфликт кој нема никаква допирна точка овде, да си седиме на страна, и да си ќутиме. Ама мора полтрониве да слушаат совети од Кале.
Ако НАТО се замеша, нема да имаме избор. Сега-засега само САД и Британија испратија оружје и војска во Украина. Европа сакам дипломатски, или евентуално преку економски санкции да ја одвлече Русија од идејата за инвазија
Чесно би било,сите поддржувачи на НАТО во земјава да ги испратат своите деца ако дојде до војна,треба да му останат верни до крај на господарот.
Па ние сме во НАТО и не се тепаме со никој, госпоѓа Русија неќе Украина да влезе во НАТО ради границата, као демек претња ќе ѝ била.Му фуфка на лудиот..Ленин, Сталин па Путин..Сите со мокро чорапче и незаситна желба за моќ.И никогаш нема да престанат Русија и САД со повуци потегни.А Израел, и Кина тивко си копаат.Кој во медицина кој во технологија.Овие со оружје и курч пробуваат.И така.. Ние од страна, ко преживи причаче.Среќа далеку сме
Ако се случи овакво нешто, Трета Светска ќе биде на повидок. Мислам дека и двете страни не сакаат да ескалира ситуацијата и да се случи војна. Посебно не Европа која може само да загуби од тоа. Од друга страна, на САД највеќе им одговара да буцкаат. Жално само за украинскиот народ. Во било кое сценарио, они највеќе губат...
Ве читам погоре па ќе се надоврзам. Во пракса знаете дека војните претежно почнуваат пролет или есен. Така што верувам дека малку ќе се почека, а меѓувреме ќе ескалираат тензиите. До која мера ќе видиме. Ако реално гледаме, на никој не му е во прилог да има Војна... И ќе биде присилно изрежирана ако се деси, тоа е факт. Од друга страна фрка е што политиката на В.Б. е многу лоша на чело со Борис Џонсон. Они се во стил ,,ние излеговме од Европа и сега може да правиме што сакаме". Не размислуваат за консеквенциите, знаат дека Елизабета е пред смртна постела, не се прашува таа за воените одлуки. Граѓанството најмногу ќе го окрка, ама тоа важи за сите фронтови на Светот, не само за В.Б. Имам таму мои луѓе, ми рекоа дека не паничат, ама во прв момент во случај да се деси срање, односно нивните војници да го подогнат орозот се подготвени да ја напуштат земјата. Што реално ги разбирам. Опширна тема ќе биде ова, затоа можеби и не е лошо да отвориме нова, да не се полнат оф топици...понатака. Путин не верувам дека ќе направи компромис, само ми е едино жал што ќе бидеме на полошата, губитничка страна на причава. Ама тоа е, не зависи од нас. Ние во секој случај ќе бидеме губитници, што год сме одбрале.
Русија буцка. Им постави услов, да ја банираат Украина од влез во НАТО засекогаш. Кај на мајка им? Украинците ќе одлучат дали ќе влезат во НАТО, или не...не Русија. Истото им го прават, ко нас што ни прават(еа) Грција и Бугарија.
Ете, Вајлд така кажа. Путин на апарати. Ќе го пуштиш ли твоето дете сега во Украина? Ајде, држи си на зборот.
Зошто да го пуштам моето дете во Украина? Навивам дипломатски да го решат спорот, не со воена акција.
Зошто да не? Јас не сакав во НАТО, ти сакаше. Ете, НАТО те повикува на лојалност. Сите за еден, еден за сите.
Јас сакам да нема воопшто воени алијанси и акумулација на оружје. Уште помалку сакам воени конфликти. Ама не ме праша некој шо сакам. Светот е поставен како што е.
Лажеш. Сакаше токму НАТО членство. НАТО е воена алијанса, а не детска градинка. Затоа правевме револуција со пенкало да го турнеме режимот кој не спречуваше да влеземе во НАТО.
Хрватска, Бугарија, Романија, а веројатно и Грција по тоа што читав од неколку избори категорично одбиа да испратат воени единици во Украина доколку ескалира ситуацијата. Ама затоа Славјанка е спремна да праќа македонски деца да гинат.