Јас зборував за исламскиот радикализам во целост за да се надоврзам на она што претходно го напишав и она што мене ми е нејасно во цела приказна. А Асад е поддржан од Русија, тоа ни е јасно на сите. едит Ќе ги одблокирам пораките, за ако имаш нешто таму да напишеш. Ама зошто да не и овде, ние не заземаме страна, објективно си дискутираме Инаку мало објаснување: Краток водич за Средниот Исток Ситуацијата таму изгледа комплицирана. За сите што мислат дека е лесно да се одбере кои се добри а кои лоши дечки, еве мал драфт за тоа кои се актерите и какви им се односите. Иран го поддржува Асад. Земјите од Заливот се против Асад. Асад е против Муслиманското братство. Барак Обама и Муслиманското братство се против Генералот Сиси (Египет). Ама Заливските земји се за Сиси. Што значи дека се против Муслиманското братство. Иран е про-Хамас, но Хамас е про-Муслиманското братство. Обама го поддржува Муслиманското браство ама Хамас е против САД. Заливските држави се про-американски. Но, Турција е заедно со нив против Асад. Башка, Турција е про-Муслиманското братство против генералот Сиси. А Сиси е поддржан од Заливските земји. Што тука не е јасно? Извор http://off.net.mk/vesti/svet/kratok-vod ... niot-istok
Предметот се вика ПОЛИТИЧКА ЕКОНОМИЈА колку што мене ми е познато. Политика секаде се меша, како маргарин ДИЈАМАНТ , па и во ЕВРОВИЗИЈА, па и во спорт, па и незнам каде,... у медицина можда. На адвокатите фискални им воведоа? Е ова не го знаев. Па добро, порано како плаќаа данок кон државата? Паушал?
Не знам какво е затоа што не го пратам, гуглав малку и ми излезе. А вака за се што постирам обавезно наведувам извор. И за тоа што не е јасно, времето ќе покаже.
И до кај сме? Уште ништо не се разјаснува , а јас треба натаму да патувам, две недели одложувам карта... , незнам што да правам . И во Србија кога бомбардираа сепак радијацијата ги зафати и околните земји.
Оу ква па тебе бајаги ти горело под нозе а? Што знам дали е безбедно да се патува или не, се збудале и овој Обама, се е можно, значи сите сценарија се можни, у право си ги заболе нив за мир сакаат само моќ и пари. Ако ти е недложно нешто и битно оди не може да не идеш, што да ти кажам, радијација има секаде, ако е така ние сме испозрачени сите после бомбардирањато во Србија, се осеќаше тие години најмногу и со плоност луѓево од тоа си имаа нејголем проблем(ако они се лажат дека свекрвата магии им прави затоа не им иде у живот ). Ако е за провод избери нешто друго, јебига ќе идеш друг пат нели Инаку да убава мини дискусија си направивме, ми се допаѓа како размислуваш
Абе одложувам подолог време, се нешто ми излегуваше приватно, ај уште ова-она, и кога се подмирив мое, овој Обама (или кој стои зад него како што рече ти) ми ги расипа плановите . Официјално нема забрани за патување во околина на Сирија. Но ако има бомбардирање богами страв ми е, бидејки кога беа нападите во Србија мене ме фати желудник, ке умрев. Бев на клиника со онаа големото црево, гастроскопија ми правеа. Не можев долго време да го стабилизирам. После многу години бев на клиника(во одеелот каде што мерат радијација),случајно ,ама случајно видов резултати од мерењата, абе што да ти зборам, 10 пати над дозволено. Али што да се прави, и да кажеле во јавност, ќе се испаничеше народ, а од тоа спас нема; Знеш после Чернобил цел град иселија. Е кога веќе го спмонав Чернобил, се сеќавам дека тогаш нашата професорка по биологија беше бремена, и се збореше дека намерно го абортирала бебето поради озраченоста. Може имала некои информации. Исто сум слушала муабети, дека кај многу војници кои биле во Србија во тек на бомбардирањето се појавиле тешки болести. А и Србија многу болни од рак имала. На моја колешка(Србинка) ,брат и во Белград живееше почина од рак на бели дробови. Колешката одеше често во Белград,се лечел на ВМА. Ми кажуваше дека се запрепастила кога видела колку луѓе, млади се заболени од рак. Плачеше жената. Рече тоа народ, народ, чека за хемотерапија, во голема сала како амфитеатар чекале стотици луѓе на ред, запрепастена беше. Додуша Србија е поголема, само Белград има 2 милиона, ама си има влијаниет тоа бомбардирањето. А и кај нас, кога читам по ова форумов, колку млади жени миоми на матка, абе дете 18 години, го читам миом на матка ? Можно е , кога беше бомбардирањето, тоа дете било 3-4 години, не развиено, млад организам, не стабилизиран ,... Окај тие миоми? Велат ,е тоа е како операција слепо црево, секоај втора жена го има. Ова најверојатно спаѓа во тема “ Влијание на актуелни политички настани на здравје на народ“ .
^ Да отидеше досега можеби ќе завршеше работа, не знам колку време требало да ти трае престојот таму. А сега и конгресмените отстапуваат од поддршката. Ова ќе потрае.
оооооооохоооооооооооо абе они може и цела година ќе си шетат бротчиња по средоземно море ова машкиве не ви се чудни, уште од мали си играат со камиончиња, бротчиња, авиончиња,пиштолчиња, па некои таа “играчка“ си ја продолжуваат и кога ќе пораснат .
еве што им се случува на Христијаните во Сирија http://preminportal.com.mk/content/view ... mment35060
Од 1. октомври добитокот во Македонија ќе може изгледа легално да се храни со ГМО храна. Мислам дека авторката на следниот текст воопшто не претерала со предупредувањата за здравјето на народот и црното сценарио: Народе, кажете НЕ за Генетски Модифицирана Храна
http://www.sitel.com.mk/mk/zhrtvite-na- ... -na-lagata Ако Бранко константно ика, не ика од пиење, туку од шо не го вадат од уста. Го зазема местото на Цацко у кривица на национално ниво. Да се разбереме, сум против тие работи што ги донесе тој период затоа и не сум за СДС. Ама потегов...
Е добро де, за 2 години ќе се соберат жртви на режимот, посебно овие земјоделците со субвенциите, да се прогласи денот на невидливите остварувања. И едниве и другиве од простотилук и испран мозок не знаат ни што бараат ни како да излезат од кашата во која се нашле. Додека народот чека на едните или другите, да им донесат работа на тацна, да им ги решат семејните проблеми, да им бидат дежурни психијатри, ќе гледаме вакви циркузи. Едните се фатиле за транзицијата, другите се фатиле за што и да се фатиле таму, за пералната на пари СК2014 да речеме, и едните и другите чекаат некој друг да им ги реши проблемите. Не е дека едните или другите се невини бидејќи не се, ама најголемата моќ е во народот. Кај нас до тоа свесно ниво сеуште не сме стигнале ниту пак ќе стигнеме уште 20 години. Да ја прогласиме Држава на лагата најдобро ќе ни биде.
Се` е тоа прекрасно и камо да може да не` прашаат дали сакаме нешто после еден протест и потпис на петиција. Камо да можеше...со крв ќе се потпишев шо се вика... Ама за жал, кога народот, обичниот, без огромна моќ, народ, бил прашуен за нешто? Зборам на глобално ниво, каде било во светот... Сила Бога не моли, ако сакаат ќе не` уништат. Мој потпис негде нема ништо да смени иако се имам потпишувано за многу вакви иницијативи на други теми како што се заштита на животните и сл. и пак ништо. Се`уште постојат измачувани животни. "I'd rather go naked than wear fur" кампањата не ги спречи луѓето да дерат животни и некои други да ги носат нивните лешеви. Мада мене ни паникава околу ова не ми личи на нешто наивно од друга страна. А паниката е огромна. До тоа ниво што кога ќе прочитам ГМО одма ми замирисува на болница. Како и тоа да е дел од некој експеримент со нас обичните луѓе, кои не` намамуваат со трошка вистински информации за работи како што е ГМО (не зборам за тие што пишуваат текстови, туку за кукларите што не` држат на конци и толку се моќни шо немаат потреба од многу зборење, има луѓе кои го прават тоа за нив). Затоа не сакам многу да му ја мислам, особено не за работи во врска со кои што јас како поединец не можам ништо. Можам само да го помолам Бога да се смилува над мене и моите блиски и да бидеме здрави и живи.
Е многу јако џанам! На 1-ви октомври Законот влегува во сила, на 16 ќе се собираат за петиција. Невиден сарказам. После свадба тапани. И што ќе изменат. Така ли се протестира? Или само од дома некој да излезе, да се “промува“ по град. Да се изнавика од секакви фрустрации до следен протест. Која иронија!
Се е ова супер, ама кој не прашува нас ??? И да се собериме, џабе...за жал... И колку што знам, ова е едно од европските правила, па ако сакаме во ЕУ, мора да воведуваме некои нивни правила, меѓу кои е и ова.
Ако речам непотребна паника, веднаш 100-тина ќе ми рипнат , но некои реакции понекогаш се навистина тенденциозни. Уверена сум дека на тоа потпишување на петиција 99,99999% од присутните ќе бидат луѓе кои како прво не знаат што е сточна храна, ама демек слушнале нешто ГМО , а тоа е опасно по здравје, ќе излеземе ќе дадеме потпис. Прво, во законот се дозволува увоз на добиточна храна со максимум 0,9% ГМО. Второ, тоа не значи дека нашиве фабрики веднаш ќе почната да употребуваат таква добиточна храна. Трето, луѓето кои ќе излезат да протестираат ако ги прашате дали знаат дали кај нас има фабрики и колку, кои произведуваат добиточна храна, ќе кренат раменици. Четврто, ако ги прашаш дали знаат колкав процент од сточната храна која се користи во МК е од увоз, исто така нема да знаат да одговорат. Кај нас од мода се оди на оваков вид на протести, не дека луѓето се детално информирани со сите потребни информации. Ако ги прашаш истите тие луѓе дали знаат колкава количина овакво месо треба да се изеде за да има последици по здравјето на луѓето е исто како да си ги прашал колку пари има Англиската кралица. Исто како нитрофенската криза со ќуркиното месо од пред 10-тина години. Прво се крена галама , се успаничи народ па после трибини, стручни форуми да се докаже дека за да има фатални последици по црниот дроб (бидејќи овој орган најмногу пати од нитрофенот), потребно е еден човек да изеде 10-тина ќурки од таа пратка за време од 3 месеци, што реално не е можно, бидејки овој вид на храна, ќуркино месо поретко се наоѓа на трпезите. Пресметките покачуваа дека за да има последици по здравјето, човек секој ден треба да јаде по 1 кг месо , што исто так не е реално. А што беше најинтересно, ние пак во МК не сме некои јадачи на ќурки, ама цела Европа е успаничена, па ние кусо ли да сме ? Исто и со англиските “луди крави“ ! Луѓе повеќе умираат од кардио-васкуларни заболувања отколку од јадење месо од лудите крави. Има еден куп психо- соматски болести кои се фатални за човечкиот живот. А за купиштата индустриска храна спакувана во амбалажа никој не го фаќа паника! Замислете си една замрзната риба од Тајланд, по колку магацини има стоено, колку транспорт поминато, преку колку раце, колку различни човечки енергии влијаат на неа додека дојде на нашата трпеза. Којзнае колку нервозни и незадоволни рабоници ги трескале од земја гајбите во кои е транспортирана таа риба. Никој не крева паника дека иако научните истражувања укажале дека таа и таа храна е добро за незнам што, ама не е исто замрзнат лосос од Тајланд и Лосос уловен во дивите води на Колорадо веднаш подготвен. Никој не крева паника дека во оваков случај најдобро е да си подготвуваме домашна храна, како за нас, така и за нас. (два пати повтореното за нас не е грешка ). Можам да посочам уште многу примери со храна, за кои може слободно да се крене паника. Ама ако јас напишам текст и го потпишам со мое име и презиме, ја некој ќе го прочита ја нема. Ви текнува сега? Откога пак јавни ликови од област на култура станаа стручни јавно да информираат народ за последици од погрешна исхрана! Абе ајде! До таму ли дојдовме? Да се палиме на куп неконтролирано компонирани стручни изрази собрани по интернет од страна не виртуелни божемни безбожници?!
^Во глобала се согласувам, разликата што ќе се направи со одобрување на ГМО во Македонија е минимална, бидејќи и до сега ние веќе ја имаме конзумирано преку милиони други производи. Прво асортиманот на производи што се нуди тука е можеби добри 70% генетски модифициран на еден или друг начин, а потоа и месото и сувомеснатите производи. Минимален процент има од домашно производство, кое не баш може да се гарантира дали добитокот не бил хранет со некоја тешка хемикалија или генетски експеримент. Меѓутоа, добро ќе биде да го зачуваме и тој минимален процент, без разлика дали последиците ќе се почувствуваат сега или за 10 години, со редовна или нередовна конзумација. Дека се претерува и преувеличува за споредните ефекти, се преувеличува, ама тоа е, секој медиум е претплатен од одредена политичка партија и ќе објавува тоа што и одговара на истата, и колку што може подраматично ќе го прикаже тоа.