Ахх Александар Николовски со ист став како министерката Славјанка: Македонија треба да го поддржи ставот на САД и територијалниот интегритет на Украина
Vladata mora da se fati so resavanje na krupnite problems prvo so korupcijata prepolnata javna adninistracija.Nienarodot some dolzni da zborime. Povekje da se stavi fokusot na privatniot sektor toj etojsto go polni budzetot. Da sepravat patista da senosat investicii fabriki!g
Ja neznam vladava Sto pravi? Do koga ke skokaat cenitr na gorivata? Vladata da najde Nacinn nekako da gi zamrze sekoj den rast. Skapo e gorivoto Vladat da reagira.n
Сакал Грујо од народни пари да си гради вакво нешто. Во судница прикажан барокниот замок, на два ката со огромен балкон и базен, кој Груевски сакал да го гради на Водно
Твоја работа Инаку имаме зголемување на минималната плата. Ковачевски: Минимална плата 18.000 денари, ветено-исполнето
Се убаво, уште да можеме да го сопреме зголемувањето на цените до април добро ќе биде. Од вечерва повторно зголемување на нафтата. Имаме вртоглаво зголемување на цените на производите не од денар, два секоја ден поскапување од 10, 20, 30, 50ден на производи. Енормно покачување на струјата. За минималецов не треба да се радуваме туку да плачеме, со моменталниот стандард ни 20000 плата минималец не не пере, нема да можеме да си го најдеме крајот. Толку ја испразнија државната каса, полицијата го суши народот со казни, пуштени се на најјако. И за ова ли е за аплауза, бетер од Африка станавме. На нив да им дадеме 18000 плата да и со таа да го минат месецот, хоштаплери.
Да секое зголемување на минималната плата е за поздравување, а со корона кризава економиите на многу држави крахираа и тоа се знаеше дека ќе има поскапувања. Колку за пример еве во Србија како е:
Добро минималецот ќе се качи (ќе субвенционираат придонеси) па ќе ни поскапат даноци, гориво за да ги вратиме ние пак тие пари од нас за нас, нели зачаран круг и се тоа нејсе...што е со другите плати, малку над минималец, просечни, дали тие ќе се качат? Просечната плата ја прават повисока несразмерно високите плати од ИТ секторот ( не е топла вода откриена), ама цело време се наметнува некое мислење ете се качува просечната плата, а тоа не е резултат на Владата туку на приватен сектор (странски компании). Како шо ги дал Господ некадарни и позиција и опозиција јас ќе бидам среќна ако не крахираме додека да помине малку кризата и да се соземеме од пандемијата.
Драго ми е што се покачи. Ама и тоа е ништо, и плус работниците ќе земат минималец од 18.000 денари дури во април, тоест мартовската минимална ќе биде 18.000 денари. Штом ќе се субвенционира, тоа ти е од свои пари си плаќаш повисок минималец. Гледам погоре ценовник во Србија. Еден земјоделец ми кажа дека ѓубриво кај нас станало 2.000 денари ( Србија гледам пишува 1.000 динари, тоест 500 денари, ама па зависи дали е вреќа или некое пакување мало), и тој нема да купува, ниту да фрла, па ако сака нека се роди, ако не не мора.
Затоа Македонците во Тетово е најдобро на локални избори, масовно да излезат во прв круг, да гласаат за советници и да издејствуваат што повеќе места на тој начин, и во вториот круг воопшто и да не излегуваат. Го гласаа Касами, а истиот Касами одеше и во Лешок и ветуваше ќе работел во интерес на сите.
Епа затоа ќе си трпи. Јас на еден друг форум, мислам Кајгана дека беше, читав некој тетовец си пишува како во школо многу пати му се заканувале со нож, пиштол, ама па среќа не му направиле ништо. Замисли среќен е, не му сториле ништо и вели „ама па не можам во школо да не одам, што да правам“. Народот не е паметен, гласај си прв круг, и втор никој да не излегува, па нека вадат очи меѓу себе за превласт.
На ваква скапија, за аплауз е 300е? Па едвај изгласаа. Уште онде на Тв ќе му се смеат на граѓаните, ќе се исмејуваат. Дај не ме зафркавај. Ајде ќе штракаме сега. Смешни сте. Секоја недела ново поскапување. Ама ние ќе аплаудираме
Проблемот со покачувањето на минималецот е што никогаш нема да се мрдне од таа плата. Тие што земаат 20, 22 или 23 илјади пример, никогаш не добиваат покачување, нема ни да добијат, ќе се изедначат платите сите ќе земаат минималец, и на крајот ќе биде што и да работиш, пак минималец ќе земаш, џабе и образование, џабе и се... и така се е отидено во неповрат, битно во влада јадат на златнии чинии со златни лажици.