Ми е гајле што ти е интересно а што не, за криминалецов се уште се водат активни судски процеси а јас само ја споделувам веста за нив. За голем број граѓани тие 3,000 ден. покачување ќе значат и тоа како многу, посебно во ваква економска криза која што не има зафатено и нас како и голем број други земји пред се поради пандемијата, и иако првичната информација беше дека нема да има покачување сепак се изнајде решение и покачувањето на минималната плата се изгласа, а тоа е за поздравување. Фејсбук статус на Андреј Жерновски:
Колку те плаќат да си ја рекламираш партијата на форум? Што не пишеш колку многу се покачени намирниците и другите потреби во овие години
Кога веќе постираш колку пораснала минималната плата низ години, постирај и колку е се поскапено, од лани до сега. И на форум да се немало рајат од партиски потрчковци. Ми се повраќа веќе од такви.
И мене исто да ти кажам, а посебно од вакви драми и етикетирања Хмм, кога веќе толку напнувате ај еве ви:
За брашното веќе имаш погоре, лебот е исто така тука со цената некаде отсекогаш се движел околу 25 ден., а зејтинот да тој е поскап.
Леб од 23 на 40. Млеко од 30 на 55. Брашно од 30 на 50. Зејтин од 60 на 120. Иначе некоја анализа што ја гледав скоро. Дури во државите во ЕУ се пониски цените од кај нас.
Не, не ти се точни цениве и нема потреба да измислуваш, веќе објавив како биле претходно а како се сега. И уште да те корегирам за зејтинов и толку.
На страна цениве кои не знам ниту од кога ниту од кај ги вадиш. Ти пример, немаш приметено дека ти се зголемени потрошувачките?
Минималната може се зголемува, ама треба скалесто да се зголемуваат платите. И што, на крајот сите 18000 ќе земаат? Не знам за вас, ама мене тоа ми смета. Во обрзование пример ќе стигнат сите исто да земаат и хигиеничарки, и наставници и се топтан. Во здравство ќе стигнат сите исто да земаат и хигиеничари, и болничари и сестри, и доктори. На што личи тоа? Кај го има тоа во светот? Некој што порано земал 18000 плата оти бил поквалификуван пример од тој што земал минимална, сега ќе зема исто. Џабе ќе е и образование и искуство и се. Кон што ќе тежнееме, за кој напредок ќе се бориме, за што ќе учиме? Треба ако се зголемува платата за 1000 ден, пример, кај сите да се зголеми за 1000 не само кај минималец. Глупости живи се ова!!!
На 180.000 плата, горивото ќе е 2000 денари и сите среќни и весели. Дојде животот Тие 3.000 се колку за една недела за едно 5 члено семејство. Не знам некој што пазарува и не остава барем 1.000 ден. во маркет и тоа најосновни работи, не луксуз. Храна, нафта, такси, струја се е прескапо.
https://iportal.mk/stav/minimalecot-ne-treba-da-se-zgolemi-platata-treba-da-se-ukine/ Ова братот да прочита. А за чичето погоре: Арам да му се парите што ги земал за да даде таква изјава. Жално е ова што го прават, нели се свесни колку се јадни, колку се дно . Немам коментар