Само кај нас се овие еврејскиве секташи примени како "добро намерни". Биле протерани од САД, Гватемала, БиХ а главниот водач уапсен. И не само на википедија, сегде пишува дека кидпапираат и заведуваат деца, силуваат итн.. EDIT: Исто така се наречени и "Еврејски Талибанци". https://en.wikipedia.org/wiki/Lev_Tahor
Како за информација, и Христијанството започнало како секта. Тоа им се внатрешни проблеми. Не влијаат на заедницата околу. Се разбира, истражни служби треба да се позанимаваат, доколку има таков случај.
Да. Само што живееме во 21ви век, а не во први. Мене лично ми сметаат и неќам да ми се во близина. Не сум толку добродушна.
Мене ако ме прашуваш не треба воопшто да постои религија. Ама ако за едни е дозволено да ја практицираат одредена религија, зошто да не е и за други? *Криминалот треба да се казнува, без разлика на која религија припаѓаш
Сектава брои мал број луѓе и се обвинети за педофилија, силувања, женење на 10 год, братучеди во брак. Вајлд колку и да сме open minded не мора по секоја цена. Не дека тие во Гватемала, БиХ, Канада се глупи што ги протерале, а ние што сме ги прибрале најпаметни.
Како? Не влијаат на заедницата околу? Значи споредбава тие... Да, точно е дека христијанството се сметало како секта од страна на римјаните, но христијанството имало други цели и тоа се случувало пред 2000 години а не во 21век во ера на технологија и ниту еднаш аврамските религии (Христијанство и Ислам) не се сомничат дека силувале. Ќе речиш папата и свештеници го прават тоа, но зборам за почетокот т.е развитокот на религиите како шо е оваа сектава. edit: И никој не те тера да веруваш во господ со сила, тоа е слободна војла ама за разлика од секташиве каде со сила заведуваат.
Своите ги мажат мали, не ги мажат деца од улица. За нив не чинат. И со тоа треба да се позанимаваат институциите. Не бе... христијаните и муслиманите не ги мажеле мали, нема и денес христијани и муслимани кои 'не веруваат' во силување во брак. Нема денес и христијани и муслимани кои се педофили, силуваат, убиваат. Како што реков:
Сакаш да кажеш дека што овие што им се на чело и имаат секс со 10 годишни детенца се внатрешни проблеми? И кога мајката ги зела децата и избегала во УСА, ја нашле и ги киднапирале и назад. Тоа нормално ти е и е "внатрешен проблем"? Ау Вајлд
Кажав: Сектава е протерана од секаде дури и од САД ама за Вајлд тоа нее проблем, важно христијанството да се смеша..
А, зошто би ги интегрирале? Зошто мислам дека исис би интегрирала ти, така ми личиш со муабетов... Лошо
Затоа што само со интеграција на сите маргинализирани групи, ќе се 'измазнат' драстичните разлики. One World, one Nation
А зошто да ги интегрираат кога претставуваат закана за опшеството? Значи водачот им е уапсен, групата е протерана од САД, БиХ, Гватемала, дури и од ИЗРАЕЛ се прогласени како Еврејски Талибанци а крајна дестинација им било Иран ама таму не смеат ни да цапнат. Немој Вајлд.. постара си дупло од мене ама вакви толеранции не се прифатливи. Разбирам дека си open mind - секој како сака ама оваа група е прогласена како закана од меѓународните безбедносни организации.
Исто како што не ми е за толерирање твоето негирање дека постои силување во брак. О ти 'пресветол' Христијанину
Се слушаш шо збориш? Ме обвинуваш. Реков ли некаде дека религиите толелираат такво нешто? Оке, ќе си среди Рејн нее моја работа тоа - секако ако има правила на форумов. И ХРИСТИЈАНСТВОТО и ИСЛАМОТ никаде не оправдуваат НАСИЛСТВОТО. Целта на религиите е всушност да се бори против насилството. Ти имаш фобии и против Христијанството не знам зошто и плус обвинуваш дека се толелира такво нешто итоа во ПРВО ЛИЦЕ еј, ама се друго е прифатливо дури и секташки групи кои претставуваат закана ама важно да се оди контра. НИКОЈ не те тера да веруваш во господ, шо се контраш? Плус не ти личи со дупло помали од тебе да се расправаш за без врска и прифати ги фактите и аргументите за сектава.