Да де.. Истото чувство на 'прогон' го имаат сите верници, без разлика на која религија и' припаѓаат. Прво треба да разграничиш криминално однесување, од религиозност, после врати се... ќе прајме муабет. Оти вака, ништо не разбирате и си влечите заклучоци од г*зот.
Преку онаквото веќе и со исусовци и со мухамедовци. 2022 сме имаме реални проблеми со кои треба да се занимаваме, животна средина, економија, здравство, образование. За мене забеготиниве не се ништо повеќе опасни од нашиве фанатици без разлика од христијанска или муслиманска припадност, за нијанса позабегани у однос на проповедањето. Светот би бил поубаво место за живеење без религиите.
Покрај сета негатива на темава, во Македонија сепак има и нешто позитивно, потег на Претседателот Пендаровски со кој конечно Македонија беше претставена во позитивно светло низ бројни светски докажани медиуми, како и познати Твитер и Инстаграм профили, објави кои допреа до илјадници, ако не и милиони луѓе. Браво!
Врз основа на што? Новинарски сензационалистички написи? Тие што го кршеле законот биле осудени, ама тоа не значи дека сите припадници на групата го правеле истото. А од Израел зошто не ги протераат следбениците на харедим? И тие се слични, не ја признаваат државата (но сакаат да учествуваат во одлуките на власта) и се залагаат за сегрегација на жените ама Лев Тахор ги има десетици а Харедим ги има повеќе од милион. Зошто не би смееле да цапнат таму? Освен ако не се бават со прозeлитизам(наметливо преобраќање на луѓето во друга вера), Иран е релативно толерантен кон евреите и припадниците на другите религии (сикхи, христијани, зороастријанци, дервиши...). 1979 по исламската револуција, ајатолахот има издадено фатва (појаснување, мнение) со која се гарантираат правата на другите. Секако тоа не е на исто ниво како во западните демократии, но постои. Сикхите на пр. иако не се наведени во иранскиот устав, во Техеран имаат гурудвар(нивен храм) и тн. Зборот секта во денешно време (последните 3-4 децении) низ просторите на поранешна Југославија има негативно и омаловажувачко значење и погрешно се употребува наместо релилгиозна група. Изворно секта значи следба (од латинскиот збор sequi - следам некого или нешто). Додека не чепкаат никого, нема што да пречат, освен тоа дојдени се само на привремен престој.
Очигледно Пендаровски има одличен ПР тим... ...ама сепак... одамна не сум се чувствувала толку горда што сум македонка.
Го видов и јас на неколку странски портали, иако има такви кои коментираат дека е за политички поени (шо не е далеку од вистината), сепак преовладуваат оние позитивните. Ме насолзи тогаш, браво. Се замислувам од страната на дете кое е bullied, ова е големо нешто, им покажа на сите! Е сега покрај тој ПР, убо ќе е да се преземат конкрерни мерки. Се сложвам со Вајлд.
ПР-от несомнено е перфектен, ама гестот е прекрасен во секој случај. Камо сите ПР-и да работеа вака, од Влада, централна и локална, до партиските, опозициски и позициски, со вака фини гестови место меѓусебни препукувања. Ќе бевме подобро место на картата на светот.
Имаше еден испад со бурекот пред некое време. Небитен факт ама често му го гледам инстаграмот, дури и фотографиите му се перфектни. Кога е нешто за пофалба, е.
Се случува, ама сепак минорно споредбено со другиве... да не го заборавиме генијалниот ПР на Заев, на пример Или на Мицко , синоќа на пример. Струја снемало поради неговиот говор
Покрај се трагично и комично во темава, еве и нешто трагикомично. ВМРО-ДПМНЕ: Бараме одговорност од власта зошто снема струја додека Мицкоски даваше отчет за општините
Сектата си е секта, и како таква е спорна и проблематична. Ем ништо не работат за да се молат, ем раѓале деца по дома за да не знаат колку години имаат мајките, ем децата не ги пуштаат на школо, а при тоа некој ги финансира за да се селат од држава во држава. Пиша на Фб еден човек кумановец дека ги виделе во близина на школото во населбата Гоце Делчев. Што мајка бараат околу школото кога се свесни дека ги протерале од еден куп држави и дека и онака се различни, сомнителни? Од се што прочитав на фб, гледам колку сме овци, а некои па дури и споредуваат Македонци кога оделе во Германија, па како ќе им било да ги протеруваат. Аууу, гастарбајтери ( тоест измеќари сме кога одиме на запад) споредуваат со некакви секти кои се кривично гонети, следени со месеци, и патем животна цел им е децата дома да ги образуваат демек и да живеат изолирано од сите. Па исто ли е тоа бе? Што треба да киднапираат нечие дете? Слушнав дека планирале да дојдат уште во 3 куќи, и овие воопшто не биле пријавени никаде, ама кога се крена прашина, газдата ги пријавил отпосле. И една жена која прва реагираше, трпела притисок од некои инстанци, тоест добила закани. Ова е нечие сценарио и ништо не е случајно. Сега ќе си одат, се надевам, а да не беше притисокот од јавноста, може да седат со месеци. Друга дилема ми се јави. Зошто во чиста македонска средина? Што не отишле на друга локација, па не за една недела, за 48 часа ќе беа исфрлени како партал. Да почнеме да се жалиме себе, наместо некакви си секти. Тоа што белосветскиот џган доаѓа кај нас без проблем, ти е доказ дека границите, полицијата и разузнавањето се хотел промаја.
Историјата се повторува, меѓусебното кодошење, предавање и ништење кое е карактеристично за вмро уште од одамнешни времиња повторно се случува. Груевски за Озбилно: Се срамам од моите сопартијци кои зад мојот грб местеа избори ЈАНАКИЕСКИ, ПРОТОЃЕР И ЈАНКУЛОСКА ПРИЗНАА ВИНА ВО „ТИТАНИК“ И СЕ ИЗВИНИЈА НА СИТЕ ШТО СЕ ПОЧУВСТВУВАЛЕ НАВРЕДЕНИ ВО БОМБИТЕ Јанакиески за „Титаник“: Ве молам за најминимална казна Груевски си избега, па сега „ќе соли памет“: Се пониживте самите себеси и признавте вина што не постои
Од мал се гледало дека ќе го биде, види го само како мава заушки и како ја мува онаа додека прежива со мастиката А со оваа изјава го достигна врвот во глумењето.
Не им верувам. И крадецот и убиецот за себе велат дека се невини. Мене ми е побитен фактот дека од една Канада и САД паднале на тоа да се рашетуваат по балканските држави. И самите во интервјуто на Н1 кажаа дека не праќаат деца на школо.
Според судот во Велес, девојката Пале што го уби полицаецот е невина. Денеска е убав ден во смрдештијава од држава. Браво, конечно нешто арно.
@WildMk @Bratot Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ пред некој ден имаа презентација што сработиле нивните градоначалници во првите 100 дена од локалната власт. Секој градоначалник имаше презентација посебно. СДСМ имаше таква презентација или? Ах, заборавив. СДСМ немаат градоначалници