Не можев да се воздржам да не пишам. Швајцарскиот БЛИК исто пишуваше за тоа и добивме доста позитивни коменатри од швајцарци, германци итн. Но, не можам да верувам колку се гневни албанците, од нив само негативни коментари во смисол на: “Немојте да верувате, тие луѓе убиваа во 2001 невини деца , а сега само се прават добри” или “тоа е само фасада” , “ Тие дискриминираат албанци” итн. и упорно пробат да ги убедат луѓето.
Пратенициве ќе се подновеле со телефони со вкупна сума од 200.000 евра. Тоа се 1500 евра по телефон Ко шо рече некој - Таман со нив ќе можат да донираат по 100че за деца за кои државата нема пари да се лечат. Тоа се нешто повеќе од 7000 пцр тестови или околу 600 и нешто лаптопи за деца од загрозени фамилии. Или 28 казни на Ристе од Гевгелија. Или можеби неколку спасени луѓе кои чекаат на 100те денари од повик. Ама не. Ќе се тешиме дека сегде е криза и нормално е сево ова. Ќе кажев многу тешки зборови ама ќе заќутам.
https://skopje1.mk/archives/166192 Боже Господе. Сите се експерти за се. Еден куп навреди, исмевања, и не им доаѓа памет.
Кај е членката шо ми викаше ,,нема да има војна не паничи”?? Реков војна јас.Мене интуиција не ме лаже
Се зборува за можна девалвација на денарот? Кој ќе биде погоден? Ајде економисти ако ве има, дајте мислење. @Feminka22 мислам ти имаше економисти дома. Што ќе се случи ако девалвира денарот? Веројатно тие со кредити во евра ќе ги удри по џеб. Другите?
Сите сме, добро ја уште не сум положена.Инаку, денарот ќе депрецира, еврото ќе априцира.Уствари, за 20€ пример, ќе купуваме мноогу помалце него сега. еве други ефекти: Наспроти позитивните ефекти, девалвацијата може да предизвика контракција на домашната економска активност (contractory devaluations), и тоа преку повеќе канали:[9][10][11][12][13] Во малите отворени економии, увозните материјали имаат големо учество во производството, така што девалвацијата ги зголемува трошоците на фирмите. Доколку фирмите го финансираат обртниот капитал претежно со банкарски кредити, девалвацијата (која ги зголемува каматните стапки) води кон пораст на овие трошоци. Девалвацијата предизвикува инфлација, која ја намалува реалната парична маса, а тоа ја намалува домашната потрошувачка. Девалвацијата ги намалува реалните плати и тоа, исто така, води кон пад на потрошувачката. Девалвацијата може да предизвика негативни ефекти преку прераспределбата на доходот од секторите со висока склоност за потрошувачка на домашни производи кон секторите со ниска склоност. Доколку девалвацијата го зголемува реалниот даночен товар на приватниот сектор, таа може да ја намали приватната потрошувачка. Девалвацијата ги зголемува трошоците за отплата на надворешниот долг, а тоа води кон намалување на реалната јавна потрошувачка. Доколку земјата веќе има дефицит во тековната сметка, девалвацијата ги зголемува расходите за увоз и отплата на долгот (изразени во домашна валута) и со тоа предизвикува пад на домашниот доход и намалување на економската активност. Во земјите во кои банките и фирмите имаат големи обврски изразени во странска валута, девалвацијата ја влошува нето-активата на фирмите и ги прави поризични за кредитирање, ги влошува билансите на банките и со тоа го намалува кредитирањето и може да доведе до финансиска криза, проследена со пад на економската активност. Углавном ќе поскапи доста сѐ.Поготово во однос на другите валути, нешо ако увезуваме извезуваме, ќе добиваме помалце него сега. Мада ја као шо знам денарот и еврото се фиксно врзани.Не би требало да е драастично Ај ќе пишам накај 6 повеќе.Да го прашам татко ми.
Како ќе се намали вредноста. Ќе чепнат во парите? Да се извадат подобро или? Или сакаш да кажеш како и се останато, ако имаш одредена сума во банка, таа ќе биде иста, но со тие пари помалку ќе можеш да купиш. Во минатото имало процес со кратење на две нули мислам, се надевам дека такво нешто нема да се случи во денешно време.
Кој бил на ум да купува недвижност, нека не чека да му се обезвреднат парите, било денари или евра. Недвижнините не губат вредност. Исто како златото. Се сеќавам пред некоја година на некој портал прочитав дека Русија ги дополнува државните резерви во злато, маж ми прокоментира дека земјите најчесто тоа го прават кога има опасност од војна или друга сериозна криза. А деновиве прочитав дека Кина подолго време правела залихи со гас, нафта и други суровини. Значи.. Ние како стоиме со било какви залихи, знае ли некој? Тие што треба да гукнат нешто за ова си ќутат како залиени, не им чуе за ништо. Важно нив залихите по дома да им се полни
Tато вика практично се губат парите така пошо за тие пари не може да се купат евра.Или ќе се купат ептен малце
Па да, така му доаѓа, дали се под перница или во банка, губат од вредност. Ако поскапат уште градежни материјали, ако скокне цената за квадрат која е превисока, џабе е се. Единствено како што пиша @orevokrsacka aко некој има пари, и планира да купи имот, да не чека, да купи. Видовме примери во Турција скоро, а претходно во Венецуела. Еден дечко од Венецуела ми објасни дека толку им паднала валутата и практично мајка му работела цел месец за 3-4 килограми сирење. Ужас. Не дај боже да се случи такво нешто, ќе биде невиден хаос. Ако е нешто минимално, и брзо да се стабилизира, можеби нема да осетиме.
Ако продолжи задолжувањето и немањето пари да се покријат плати и пензии, а на добар пат сме кон тоа, можноста за девалвација е голема, па и за банкрот.
Aко се случи тоа @Ugly Duckling сите ќе настрадаме, и едноставно нема бегање. Ќе бидат погодени и бизнисмени и граѓани, сите комплет. Туку денеска читам Петар Колев бил во Софија. Јас имам впечаток дека тој е само бугарофил, но не и Бугарин. Овој впечаток ми е од тоа што го гледав интервјуто со Васко Ефтов, каде тој не негираше дека е Македонец, туку само велеше „мајка Бугарија“, тоест ја величеше како давале пасоши. Друго интервју, тоест дуел со Филип Петровски. Знаете дека Филип кажува директно што мисли. Филип вели „Бугарија претерува, постапува вака, така со нас...“, а Колев со се се сложи, и за ништо не ја бранеше Бугарија. Денес во Софија, за правата на Бугарите се интересирал од прва рака. Само мене овој ми личи на бугарофил или сум грешка?