Исто како што името "Македонија" успеаа да си го поврзат со античкиот период и со античка Грција. Иако до 80-те бришеа се македонско во Егејска Македонија, од тогаш почнаа да водат политика на присвојување на името Македонија, македонскиот јазик итн. итн. А ние, од друга страна, словенски народ без корен, без јазик, кој нема право на името Македонија и на јазикот Македонски. Аморфна обезличена маса. Просто и едноставно.
Не ја избрука ни фамилијата ни државата. 99% застанаа зад него, освен секако оние кои се продадоа за пари и ред други работи годиниве. Се врти еден коментар на социјалните мрежи за дедо му на Ламбе. Бил убиен од администраториве де, не од фашистите... Оти ако речеме така увреџени се. Секој голем оган започнува со искра. А народот македонски зовре веќе. По којзнае кој пат низ историјата повторно истото. Допрва ќе се пали, не дека е во ред ама не е во ред и луѓе живи да горат а кабелот да е крив. Овде нема барем никаква жртва туку бесот и револтот на еден погазен и мирен народ
Мало сутра 99%. Стори криминал. Ги избрука. Неговата фамилија не е единствена која загубила некој поради Бугарите.Ама, асални потомци не прават вакви глупости.
Како да не застанале зад него 99%. Во Шарената бев, па сакав да ги испоказнат тие шо кршеа. Секој кој ќе прекрши закон, треба да е казнет. За шо стапо имаме закони? За украс? Научени сте по емоции да одлучувате што е морално, а што не. Законот и редот треба да се нерпристрасни. Ама кај тоа, кај народ со 'културна' навика да корумпира и да биде корумпиран? Не ни знајте шо значи правда.
Како пишувате, како да е ова држава на задоволена правда, како да нема нерешени случаи, не дека не можат, туку не сакаат да ги решат. Па ај сега за Ламбе, требало да се казни и да се покаже што е закон и ред! Да, ќе го казнат Ламбе и со тоа ќе докажат колку се способни да фаќаат криминалци и колку оваа држава е против криминалот. Смешно е.
Кај се случаите за болницата и автобусот на Дурмо турс? Некој одговараше за тоа? Човечки жртви имаше. Се задоволи правдата? Рашкоски, Зеќири кај се? Ама не, ние не знајме што е правда, така? Оној кој си ја сака државата и реагира емотивно е неправеден нели? Епа затоа ќе станеме малцинство и ќе ја изгубиме државата онаа која никој не ни ја дал на поклон туку крв се пролеало и реакции имала како Ламбе. Ај ако има правда да земеме на плоштад да го обесиме а? Како Карпош, да ни докажат дека не смееме да зуццнеме.... Шоферот што го прегази девојчето на пешачки како е казнет? Која правда е тука задоволена? И да не редам ред други работи. Во ред е човек што едвај за леб има да лежи затвор за една марула а овие од Влада греота се сите се испоболеа кутрите по затворите. Доста се двојни аршини
Да, ама дали до додека не дојде ова со ветово, Бугарите скокаа и сакаа да ја сменат историјата? Епа секој има чувства. Не прават во очи будали а ние молчиме
Девојката од Велес што го уби партнерот со кој живееше, мислам не беа венчани, ја ослободија, така? Оправдано беше тоа, застанаа сите зад неа, тој неа прво ја малтретирал па таа се одбранила. За убиство се добива казна, ама за самоодбрана не. Епа и Ламбе треба да го ослободат. Значи алоо, внатре во клубот има цитат каде се негира македонскиот народ, нормално дека ќе има револт и бунт. Криминал било. Криминал се овие на власт што дозволуваат свашта да ни прават. Треба да се ослободи, не да лажи во затвор за ова. Ако за ова толку ви се наполни душата да одлежи па осетите дека живеете во правна држава... Кај живеам бе.
Денес во 18 часот ќе има протест во Битола. Се согласувам од збор до збор. Страшно е ова, ние сами себе не сме се сакале, а камоли други нас ќе не сакаат. Отварањето на клубот беше провокација на цел македонски народ ама не палењето е провокација. Ај ок. Има може трошка надеж, секако секогаш револуциите почнувале од натака Битола, Прилеп...
Јас не се чувствувам одбранета, кога се палат објекти. Посебно, ако има можност да настрадаат луѓе. Памтам како пиштеа едни комшии, кога им ја запалија куќата.
Тоа како се чувствуваш ти моментално не е темата тука но сепак си имаш право на твое мислење и јас тоа го почитувам.
за сите вас што мислите дека ова е некое големо патриотско дело, да ви нацртам една ситуација: Живеете во зграда, на приземје некој сака да го даде станот на некоја организација ли, секта ли, што било што на некој ќе му смета. И доаѓа едно сабајле рано околу 4 саат додека сите блажено си спиете и пали.. Ама не се запира на време, зафаќа други станови, има жртви.. Дали и тогаш ќе речете браво, алал да му е ? И не ми релативизирајте ама овде немаше. А за срцепарателната приказна за дедо му, аман немојте секој втор има таква приказна во во фамилија. Можел да искрши, можел да исфарба зидови ама со оган да си игра?? Па кој малумен е бре.
Не треба да молчиме. Постојат легални средства кои можеме да ги користиме.Кои и Ламбе можеше да ги искористи. Ама, тој одбра нелегално.И со тоа само уште повеќе ќе им даде сила на Бугарите.