Не е темата @WildMk како се чувствува туку сите граѓани а нивното чувство може да го забележиш и сама не треба да ти го кажувам јас.
Еве ви да видите каде е тој клубот ( на сликава е Хотел, постара е ) и да видите колкава трагедија можеше да биде. Се плаите, скокате како млади мајмуни а не ни знаете каде се наоѓа тој клуб (@WildMk ти текнува на Папакоч куќата дека е? ) , каква е околината наоколу ама ми величате вандал. Море мрш!
Епа и ти пиша како се чувствуваш. Не е сите граѓани, оти јас не мислам така. А има и други што мислат ко мене.
Не велам дека така треба, но мора нешто да се превземе тој барем го искажа својот револт за разлика од сите нас што се криеме само на ФБ и сме патриоти. Би излегла на протест за заштита на идентитетот ?
Во ред е, знам дека баш те заболе за македонските корени и идентитет, одамна си кажа што мислиш за тоа на форумов. Ламбе нека а вандал и криминалец, а власта што не' упропасти во секоја смисла и сегмент, таман е. Уживај.
Ама зато има закони. За да не настрада некој, или нешто. Овие, отворено поддржуваат оштетување објекти и ризкување повреди и смрт. Забораја како изгледаше, кога гореа живи луѓе во монтажната во Тетово?
Во нормална држава ќе добиеше прекршочна а не кривична ама ајде јасно е која политичка партија ја бараниш и мислам дека не вреди да се објаснувам.
Ами ако сите ние поединечно својот револт го искажуваме со пиромански и различни други акции поради кои би можела да настане и колатерална штета, тогаш незнам до каде би стасала безбедноста во земјава. Јас сум револтирана од образованието на пример, и сега да одам да го запалам школото (а знам дека сите родители се револтирани, ама само си пишуваат на ФБ) би било оправдано ?? Ако оправдувате вакви чинови, тогаш тоа повлекува и многу други оправданија за кои се ,,корнеме,, во некои теми ! Се си има начин. Има протести, штрајкови, петиции, политички делувања преку Здруженија на граѓани... Што ако пожарот се проширеше и нечии деца/родители изгореа ???
Никој не рече дека власта е таман. Реков дека немаме функционална правна држава. Кон кој е критика то, шо мислиш? Кон Ламбе?
Дали клубов се смета како Бугарска територија? Сериозно прашувам, зашто Ламбе има и Америчко државјанство.
Па ти едно време ја поддржуваше оваа багра. Само тогаш уште не си го имаа покажано вистинското лице. Ако сега не си задоволна, направи нешто за промени, ама казна за Ламбе никаква промена не е и никаква утеха за правен напредок.