Не ми се верува да е сериозен посебно за последните две реченици нема шанси, се заебава лагано. Буквално го замислувам како се газел од смеење сам на себе дури го пишувал постот.
Замисли !! Ауу што ми изнакажа. Еве ако напишам За Македоња напрет111111 како ќе бидам етикетирана? ВМРО? Левица? Дуи?
Е ај да се обединиме. И јас сум ЗА. Ама како? Вие оправдувате криминал, јас не. Како ќе најдеме заеднички јазик за ова?
Никој не би бил за криминал, реално... само ете ништо не помага, ни со арно ни со лошо. Ни протести, ни менувања на власт, НИШТО... се е пробано
Не е се' пробано. Можеме секој, лично да се смениме. Можеме да не корумпираме. Можеме да не дозволиме да не корумпираат. Можеме да застанеме зад жртвите. Можеме да не мислиме дека сме најдобри. ... многу можеме. Ама не сакаме.
Ни сум корумпирала, ни мито сум плаќала, една казна ми е пишана до сега сообраќајна за погрешно паркирање, уредно си ја платив... Почитувам сообраќајни правила, не фрлам ѓубре на улица, не крадам, собирам измет од кучето, уредно чекам ред во банка, исто во МВР за документи. Дури и за учетелка за ќерка ми ме прашаа на училиште дали сакам да бирам, реков како што си е вашиот план и распоред така нека биде, ваше си е тоа... значи и таму врски не фаќав. Факултет завршив без никакви врски, без никакво мито, ми бараа членство и мито за да ме вработат во државно, ете не поддржав, си се вработив во приватно.... да не редам со ред. Што појќе јас да придонесам, ете кажи? Истото понашање што би го имала во странство го имам и тука. Ете јас како поединец не придонесов ништо. Чаре?
Потполно исто, ама оди кажи им на сите дека е така. Не можат и не знаат да разберат. А може па не ни сакаат. Да тргнеме од доктор и учителки за 8 март. Едноставно нема поклони ни кафе ни ништо. И ако некој понуди повеќе од ете ајде нека биде една бомбоњера од мерак за частење, нека биде пријавен и нека плати казна.
Не оправдуваме криминал, ама не оправдуваме ни двојни аршини. Зошто еден куп криминалци и крадци се на слобода? Кога ќе видиме лице блиско до власта осудено и навистина во затвор да е а не како што ни мачкаат очи тогаш ќе бидеме против секој кој се огрешил. А кај нас ако е така па пола држава треба да оди в зандана. Не може за некој една работа да е криминал, а за друг да е истата работа нешто друго.
Ааа извини, ја украл финтата...и нас вака ни рече госн министер или чак Руте, да сме си ги намалеле термостатите за 1 степен. Јер на гас се греат повеќето. А сакаат , ( и ќе биде тоа) на струја за неколку години сите да ги префлат, оти и гасот бил нечист. Е јбг, ветерниците не ствараат доволно, а полиња ги има полни, и граѓаните се бунат за звукот. Овде ако има холандез над 20 што грее јас нокт сечам. Кај мене дома во цича зима БЕЗ никакво греење, е 19, под тоа не паѓа, ради добра изолација. Они ќе ми ќажат, што самите не штедат. Колку било убаво ( извинете) да читаш вака од страна , и да се газиш од смеа. Оти до пред 8 години и сам си ги трпел говедава.
Земи ме таму жено, куртули ме, роб доживотно ќе ти бидам. По не знам кој пат толку се сакалдисувам што више смешно ми е.
Се согласувам. Ама тоа не значи дека треба да му се прости на некој што прекршил закон. Сите со ред треба да се казнети. Вклучувајќи го и Ламбе. Баш тоа значи функционална правна држава: Секој - според закон
Малцинство сме. Треба мнозинство да е, за да има критична маса. Пишав за оние кои не се придржуваат до правилата. (ми помина времето за редактирање)
Овие 30год не видовме ни П од правна држава. Што во тој случај? Да чекаме следните 30ет па да се смени нешто. Очигледно тука не функционира ништо милум.
Па нема да видиме, ако повеќето прекршуваме закони и/или премолчуваме кога ќе посведочиме дека некој тоа го прави.