Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.331
    Пол:
    Женски
    И нашите во странство се цивилизирани, и странци тука сум видела ко од ланец пуштени. Се е до уредувањето и точка.
     
    На Demi_ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Објавата на Вучиќ на инстаграм.
    Сосема обратно од она што го зборат Бугарите.
    Србија е државиште со споредба со нас, али тоа е.

    Screenshot_2022-06-12-14-32-42-006_com.instagram.android~2.jpg
     
    На Bitter-Sweet и СуперДевојка им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Ама ако сите прат нешто и тој ќе прај.
    Дали се почитуваат закони, зависи од системот.
    Кај нас системот е поставен на корупција и задоволување на лични потреби.
    И сите така функционираат.

    *Татко ми, Бог да го прости велеше:
    “Сите крадат, во рамки на можностите.
    Работникот ќе укради штрафчиња во џеб, директорот во камион“
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Demi_

    Demi_ Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2022
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Зависи и од свесноста на луѓето но и од филантропијата на власта.
    Ако луѓето од власта немаат филантропија, немаат професионалност, немаат грам осет за страдањето на сопствениот народ, немаат емпатија зошто се кандидирале за тие позиции?
    Во ситуацијава за која зборуваш поголема е одговорноста на луѓето од власта.
    Како и да е нивното лошо раководење ќе биде казнето од народот и од тој што ги ставил на власт ако се непристрасни на следни избори и од тие што никогаш не се согласувале со нивното поставување на власт и не ги ни гласале.
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Ама џабе се изборите.
    Без разлика кој е на власт, ќе функционира во рамките на веќе утврдениот систем.

    А системот по дифолт ни е “Секој, за себе“

    Доколку поголем број од луѓето се 'освестени', поголеми се шансите да имаш 'освестени' политичари.
    Пошто од народот излегуваат.

    Ни треба едукација.
    Да ги разбериме процесите кои ни се во системот, да ги утврдиме недостатоците и да се обидеме да ги смениме.

    “Сите крадат, и тато краде“ не е модел во кој можеш да очекуваш луѓе на власт да носат и инфорсираат закони кои би ги подобриле условите во кои живееме.
     
    На monibejbi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Demi_

    Demi_ Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2022
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Се лажеш ако мислиш дека ако сите прават и тој ќе прави.
    Вака ти било кажано дека било порано, кажано од лично доживување на татко ти што не мора да е точно такво и да ја отсликува тогашната реалност. Ама ајде ќе земеме дека бил во право значи така било порано, е сега е вака, не може тоа што прават поединци блиски до власта да го прават сите.
    Остај го ти системот настрана, ако на раководна позиција бираме професионални, неискорумпирани личности кои само си гледаат за себе и за тие блиските до нив, тие со такви карактеристики кога ќе бидат на позиција се моќни да направат измени во полза на народот и измени за сечие добро.
    А кога во старт се ставени политички полторни, корумпирани, па се виде и предавници станаа со тек на времето, нели името, јазикот беа забетонирани, па испадна мало сутра биле, испаѓа ова што е.
    И ете што може да се очекува од личности на власт кои очигледно работат против интересите и добросостојбата на народот?
    Просперитет ли?
    Затоа пишав пак да си ги гласате и ич да не му ја мислите.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    21.253
    Да де. Криви сте што фаќате врски за магнетна оти цела држава на еден апарат се снима и за да не морате со месеци да чекате и у меѓувреме да умрете. Тоа дете ќе направиш и родиш дур те снимаат.
    Или што во полиција казни добиваат нападнатите, а насилниците уште имаат право да ти бараат оштета па крив си што ќе превртиш све живо да најдеш некој што ќе ти помогне да не завршиш ти во притвор туку кривецот.
    Не се криви тие што треба да си ја вршат работата, не ич.
     
  8. Demi_

    Demi_ Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2022
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Многу си опседната со сите можат, сите крадат, од кај вака си научила да гледаш, од по дома ли ова, еве не знам...Смешна си ми, само си наоѓаш бедни оправданија и изговори за да протуркаш дека е само до народот.
    Народот да бил поосвестен и тоа водело до поосвестени политичари. Ајде бе, жено политичарите од сам старт кога се кандидирале за тие позиции треба да се свесни на што се нафаќаат и да се чисти како солза. Тие треба да го водат овој напатен народ, да соработуваат со него, да му го слушаат гласот, тие треба правилно да го насочуваат народот, за тоа се платени, тоа им е работа.
    Народот знаеш што сака? Добри раб. можности, плата да го истурка месецот, да има достоен живот и раат, почит да добива и од тие горе и од соседните земји, па и низ светов и ако има среќа да остави подобра и поубава иднина зад себе на новите поколенија. Нашиве народни херои за што се бореле и гинеле, за вакви глупости да се прават низ земјава, во гроб сигурно се превртуваат по сето ова.
    Каква едукација ни треба, едукација која ќе ја вршат поединци кои ќе полнат џебови само, нво и што ти ја знам таму, ветер во магла, божем не знае народов што треба да се прави па ќе дојде некој да не научи.
    Промени треба во мозоците на тие на власт, огромни промени.
    За што се кандидирале, за што правеле програми и ветувале дека ќе ги исполнат, за да си играат играчки па ти да велиш едукација ни требало на народов?
    Секогаш велиме рибата од главата смрди, ај да видиш ти главата кога нема да смрди како народов ќе си легне на брашно и ќе знае да почитува закони повеќе од сега.
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Колку луѓе познаваш што поправале оценки преку врски?
    Колку луѓе познаваш, што добиле работно место преку врски?
    Колку луѓе познаваш, на кои 'пријател' им скинал сообраќајна казна?
    Колку луѓе познаваш што одат преку ред на доктор?
    Колку луѓе познаваш кои работат 'на црно'?
    Колку пати ти се случило да ти влезат преку ред?
    Колку пати ти се случило да ти наплатат казна оти немаш, или неќиш врски?
    Колку пати ти се случило да не можеш да извадиш документ со недели/месеци, оти стално 'ти фали некој друг документ' или 'моментално немаат термини'?
    Колку пати си посведочила да му се поклонува вредни продукти, на луѓе од авторитет?
    Колку пати си посведочила дека некој добил петка, иако знаел колку тој со двојка?
    Колку пати си посведочила човек од било која инстанца од инстутициите, да не си ја сработи работата навреме/прописно/пристојно?
    Колку луѓе лично познаваш, а работат во некоја од тие институции?

    *Од таму научив.
     
    Последна измена: 12 јуни 2022
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    21.253
    Јас многу пати еве. И што ти е поентата? Дека само до народот е?
    И не знам како да ти кажам дека не е исто да бараш врски за кинење казни за озбилни дела до барање врски за рецимо снимање или преглед или операција
    Прееска баш купив убав евтин зеленчук од роми со дива тезга. И ај сега плукај ме оти не им викнав полиција. Зашто извини ама немам срце. И за твоја информација, компир во маркет под 60 денари а да не е стар и спурен и скапан. Е кај луѓево најдов стварно убав компир за помалку. И некогаш стварно ми е побитно мојата ситуација каква е и јас да заштедам или бидам здрава и жива отколку да почитувам закон кој не го почитува тој што највеќе треба.
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Политичарите излегуваат од народот.
    Од македонци, ќе излезат македонци, а не финци.
    Еве го моментот: “Сите крадат и тато краде“

    Ако некој прави криминал, тоа не ве оправдува вас кога правите криминал.

    Оти знаете кој страда најмногу во овие ситуации?
    Тој шо нема врски, нема пари, нема моќ..

    Па после ќе донираме преку СМС и ќе си мислиме дека 'сме направиле нешто добро за светот'

    Ама разбирам.
    На сите ни требаат coping mechanisms
     
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    21.253
    Пошто народот му е ќеф у гомна да гази кога иде во болничко веце, затоа не ги реновира никој? Абе ај.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Demi_

    Demi_ Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2022
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Ти колку вакви луѓе лично си запознала еве јас николку, седам дома затворена во четири ѕида и лично врска си немам од вакви особи:)
    Прашањава врска си немаат со актуелни политички настани, ама ај да продискутираме, тие што се жртва на вакви злоупотреби имаат уста да се пожалат, имаат така?
    Се жалат кај раководни лица на овие кои им направиле неправда, така?
    Раководново лице под директна поставеност од некој на власт ако не е подобен да го услужат, поточно не е од нивните ќе го исшутира со изговор аха да ќе го разгледаме важето барање.
    И кој е крив сега тука?
    Рибата и главата прочитај пак во врска со тоа ќе ти се разјаснат мн. нешта.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Актуелните политички настани се симптом, на моменталната дистортирана ситуација.
     
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    21.253
    Важи
    Ромиве со тезгата се криви што деца ни се лечат со смс.
    Не зборев за крадење. Зборев за финансиска ситуација и здравје.

    Збориш за тие без врски и моќ епа душо тие продаваат по тезги и работат на црно и ги гони полиција со казни оти такви како тебе ги пријавуваат за да се покажат сАвесни граџани. И после се лупате во гради колку сте го почитувале законот леле леле. А не сфаќате дека законите работат против тие со најмала моќ, не за нив.
     
    На supergirlmb и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.331
    Пол:
    Женски
    Да де, кога ја читаш во светот чиниш нигде нема криминалци, престапници, арамии, убијци, силувачи, сегде секој свесен, посветен граѓанин затоа реков не видела. Криминалци и несвесни има секаде, нормално… полни се затворите секаде. Само системот си регира и си казнува од најмало до најголемо неселективо. Ама ај да не ја искараат од партија, поарно да пише дека се си е ок, народот не чини.
     
    На Demi_ и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  17. Demi_

    Demi_ Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2022
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Актуелните политични настани се симптоми на тоа дека рибата одамна е засмрдена од главата. Пишав јас се јасно, да повторувам нема потреба, ако ти е нејасно прочитај погоре за рибата и главата.
    Пак прашањава врска си немаат со темава, ама ако целта ти е да цепидлачиме ајде нека биде така.
    Кога одговорите на сите би биле да и кога како што ти одговорив опцијата е да се пожалиш кај раководно лице а тоа ти вели аха дојди вчера, тоа укажува од немање професионалност и немање увид и контролни механизми врз раб. на раководните лица. Тие треба да се рол модел, ама кога гледаме како се поставени и од кого се е јасно.
    Не е народот толку пасивен и субмисивен како што мислиш или ти е во полза да мислиш.
     
  18. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Класична Сдсовска теза,народот е виновен за се,тие се непогрешливи богови.
     
    На Ева33, orevokrsacka, Billy Idol и 2 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Баш то е муабетот, дека има селективна правда, оти дозволуваме да има селективна правда.

    Кога велам дека 'немаме функционална правна држава' шо ви се чини дека значи?
     
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Првпат го гледам ова видео, кога истиот Еди Рама го прашуваат дали разбира македонски јазик, он одговора дека знае бугарски, а македонски не, затоа што е нов јазик. А Заев му одговара: То је то.

    https://bulevar.mk/2022/06/12/video-a-zoki-a-tache-bitno-da-se-nasmeeme-na-smetka-na-makedoniјa/

    А некои на темата со Ламбе беа потресени како ли ќе го сфатат Бугарите гестот и што ќе значи тоа за односите со нив. :wasntme:
    Така, потресувајте се за другите држави шо ќе помислат. За нас мање битно. :D
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.