Па они се такви дека ние сме такви, нели сфати па и ти. Народот коа ќе се опраи, тогаш и власта ќе чини.
Како можиш да мислиш дека ја поддржувам власта, кога отворено ви кажувам дека СИТЕ сме криви? То не ја вклучува власта? колку поголема моќ имаш, толку имаш поголема можност за криминал. *Оти системот така е поставен. Основата му е кроуптивна.
Не е само на власта. На сите е! Како шо реков. Со вашето фаќање врски, тој шо ги нема, треба само да умре. За тебе тоа е здраво општество? *Чувство за заедница. Го спомнав поназад. Знајте кога ќе се опрај МК? Може по 100тина години, ако не се самоуништиме како врста дотогаш
Ова е соодветна изјава, во контекст на муабетов: First they came for the socialists, and I did not speak out— Because I was not a socialist. Then they came for the trade unionists, and I did not speak out— Because I was not a trade unionist. Then they came for the Jews, and I did not speak out— Because I was not a Jew. Then they came for me—and there was no one left to speak for me. - Martin Niemöller *Не коментирам повеќе. Кој разбра-разбра; кој не-нека се информира, ако сака.
Куку мајко еј. За да не умираме без врски, треба месје министер да уреди здравство, не јас и Столе од Свирипичино да одиме да им кажеме на докторите вака и вака да работат. Значи пак "од горе" е проблемот.
Да, само што ти за власта си гласна, за народот ставот ти е - сами сте си криви. Уште цитатов пробуваш да го поистоветиш со мислењата кога сосем спротивно кажуваш. Кое лицемери еј...
Тоа што ти кажа дека народот е крив. Ама ај ќе се правиме сега несфатени и жртви. Толку од мене, ти продужи гз да лижеш.
Јилдиз е крива. Кабелот е крив. Возачот е крив. Народот доцна се јавува во болница. Македонците во дијаспората се криви. Македонците дома се криви. Нема нерегуларности. Село гори, баба се спрема за на ЕУ журка. сдсШ на прав пат... Студио?
Народот ко народ е секаде ист Вајлд, како може македонецот надвор да е примерен граѓанин на западното општество а чим се помине македонската граница да биде ко куче пуштено од ланец? Чива е вината, на народот или на политичарите што 30 години не успеаа да креираат систем? Со ова што го велиш погоре ги амнестираш сите влади вклучувајќи ја и сегашнава што е многу лоша реторика да бидам искрен..
Ама во Германија, мнозинството ќе те пријави ако правиш криминал, а и мнозинството не извршува криминал. Кај нас сите истото го прат, а никој не пријавува. То зависи од едукација, ментален капацитет, народна култура, менталитет. Каква е свеста на народот, таква е и власта на тој народ. За сите држави, исто важи. Затоа немаме секаде исти системи. Оти она што ние сега го учиме, некои го научиле пред 100 години, а некои ќе го учат 100год после нас. Затоа имаш и поделби на развиен, во развој и неразвиен свет. То не е навреда по дифолт, туку факт со кој мораме да се соочиме. Најлесно ќе беше да беа само 10 души 'на власт' криви, а останатите 1.800.000 да бевме супер. Кај нас 10 само не се криви... шо се вели... Мораме да се научиме да преземаме одговорност за постапките и да се научиме кои се последиците од нашето однесување. Катастрофа сме чоек. Последни по квалитет на образование во Европа. Шо кажва то за нас, како народ, како држава, како поединци? *Да бевме во Африка, ќе се убивавме по улици, ќе имавме диктатори, цивилни војни, глад... Имаме среќа шо сме на Европскиот континент. Јас, лично се срамам, а што е полошо, се плашам за тоа каков свет ќе и' оставам на ќерка ми.
Не може да сме СИТЕ криви. Колку поголема моќ имаш, толку поголема одговорност имаш!!! Ама така гледам јас -ОДГОВОРНОСТ, ти збориш за можност за криминал. До перцепцијата е. Ти како родител, си одговорна за твоето малолетно дете, не е обратно. Ти како директор си одговорен за почитување на законите, не чистачката, таа не ги ни познава законите. И во ниеден свет не се детето и чистачката одговорни, освен во вашиот на изместени перспективи. Тој што ве учи така, да ви ги врати парите.
Добро бе жено, разбираш дека ПРИЈАВУВАМЕ ама џабе е, никој не реагира? Да ти нацртам ако не, шо велиш? Значи дај не тупи ко не разбираш... Се почнува од врвот, не од долу, може ако си учела социологија, ако си учела историја и антропологија ќе си знаела... човекот се обединил во заедница и назначил главен за да се оорганизира и олесни животот, да не пишам толку сега, имам работа. Земи проучи малку наука, доста со рекла казала, треба да сфатиш која е суштината, како функционира психата и како функционира социјалниот момент, уредувањето и сл. Си научила 3 збора, татко ти шо ги рекол и ајде сега ќе побиваме цели факти. Ако од врвот се речи - ОД ДЕНЕС НЕМА ПОВЕЌЕ МИТО, НЕМА КРАДЕЊЕ, НЕМА ТОЛЕРАНЦИЈА.... ние ќе ги опремиме болниците, и ќе ги модернизираме, ама очекуваме работа - правиш болници ставаш камери, мониторираш вработени, и кој прекршува правило бидува КАЗНЕТ... еднаш два пати три пати, и толку ќе биди. Истото и со училишта, царини, итн итн. Во таа Германија што ја спомнуваш дома ти иди казната за брзо возење, на камера фатена, нема тука мито... секој што не ја извршува работата треба да биди казнет, а не јас да сум крива што лежи цел ден. Ако народот е УСЛУЖЕН човечки, и има леб да јади, нема да фаќа врски и нема да има потреба да се моли за преку ред. Ако службеникот е КАЗНЕТ за преку ред издавање документи, службеникот НЕМА да издава преку ред оти ќе му е страв... и така постепено ќе си влезе во навика тоа и за наредни генерации. А во каков свет ја оставаш ќерка ти, од тебе зависи, оти ти поддржуваш ваква власт и го окривуваш народот, така да вие со таквите мислења не му оставате иднина на децата, ама вие си знајте... се надевам попаметна ќе е таа и нема да поддржува и гласа вакви гниди.
Кои се тие кои не реагираат? Премиерот, или полицаецот во локалната станица? Нашите роднини и пријатели.
Не сме малолетни деца. Разбираме, свесно носиме одлуки. Свесно блендираме на Плетварот, место по логика да знајме дека појасот не е за полицаецот, туку за глата твоја шуплива.
Пишав уште вчера: Власт, никогаш нема да ти дај ништо доброволно. Оти ич не ги боли куро. Сам треба да си побараш.
Па тој што му дал моќ на твојот роднина да не реагира, и да си тера така, тој е крив, за него тој што е над него... и така пак стигнуваме до врвот. Поздрав!
Колку е кај нас лошо може да се види од индексот на корупција и кое место сме рангирани во светот. Моментално се наоѓаме на 87 место во ранкингот. И делиме ист индекс со протекторат како Косово, со една Етиопија, Гвајана, Колумбија, Суринам и Танзанија. Но само претходната година историско дно пробивме кога за прв пат бевме рангирани на 111 место, полошо од африканските држави. И така, пак народот е крив зошто не пријавувал корупција додека имаме најкорумпирана влада кое секакво дно пробушува со криминалите од ден во ден. А баш тој народ се крена на нозе поради тоа што сакаше напредок, помалку корупција, повеќе прaведна држава. Еве го "напредокот"... Срамно и жално е некој да брани оваква власт поради личен бенифит. Ако некој е соучесник во кривицата за криминалите и корупцијата, тогаш дефинитивно се овие граѓани кои тераат пропаганда за да го перат образот на власта.