И за ова е народот крив. Ај да ги видиме тие што беа толку вознемирени дека Ламбе можел да ги запали куќите и дека тоа е глуп потег, ќе бидат исто вознемирени што паднат кров можел да ги усмрти нивните деца од наводно реконструирана градинка. Што е полошо од тоа што велеа барокни стиропорни огради? Е ова е полошо. Тие барем уште траат. Ама не, народот е крив.
П.с. нема ни година дена откако е реконструирана, а потрошени се 5 милиони денари. Со брз лепак да ја лепеле, поарно ќе ја залепеле.
Кога секој што бара врски и знае дека преку нив ќе добие се ќе прекрши закон и никому ништо ќе знае дека за тоа дебело ќе одговара, нема да прави така, пишав мислам на оваа тема, на пример подарок за доктор за пораѓај или наставнички за 8 март, да има утврдено една симболична сума која смее и тој што дава и тој што прима да ја направи. Кој ќе понуди или кој ќе земе повеќе да одговара. Ама кај нас, да, и луѓето се виновни за многу нешта, на пример јас ќе давам повеќе за јас прв, за моето дете да го гледаат повеќе. Ама сепак, најголемата кривица за се секогаш ја имаат одговорните. Едно време памтам зачестија одамна беше бележани пари на студенти за професори кои им барале мито и така ги откриваа. Долга и широка е оваа. Ама рибата смрди од главата. Не сум јас будала да правам се по закон кога гледам дека оној кој го донесол не го почитува, така испаѓа.
Па најверојатно парите в џеб, најефтини материјали купиле. Ова е постојано кај нас. Во мојот град најновото школо капе од покривот а прикажано тон пари дека се дадени. Како не им е срам не знам на децата да крадат
Ама никој не ја брани власта? Како не разбирате дека функционална правна држава, значи законот да се спроведува еднакво за сите. Без разлика дали си Јонче од Бучим, или Премиерот Како овај дел, упорно го прескокнувате? Навистина реалноста е субјективна. Скроз... Не гледаат очите, туку умот. *Секој збор треба да ви се оbјасни, одговорност не прифаќате, па ако сака светот нека се преврти. За: “Другите се секогаш криви - јас никогаш“ - рамен ни нема. don't shoot the messenger.
Истиот муабет ко за загадување, огромни компании вртат милијарди и се одговорни за над 70 посто од глобално загадување, ама активисти се фаќаат за пластичната цефка што ја купил некој за со кафето ко да е крај на светот. Досаден муабет.
Ај чисто вака со пример да ви посочам. Дечкото ве претепува и силува, пријавувате во полиција. Имате докази и све. Ама типот во станица ви вика Ајде ќе се смирите, млади сте, не се тужете. Или па - може сама си крива. Идете дома, насилникот продолжува да ве бара, да ве следи. Пријавувате пак, истите зборови од батецот во станица. И така другар(ка) ваш/а ви вика - Имам познати во МВР, ако сакаш можам да ургирам да го притворат и понатака на суд како иде. Имате две опции - да живеете секој ден во страв и упорно безуспешно да пријавувате законски како совесен граЏанин - да искористите врската за да спасите жива глава, колку што е можно Нема во ваква опасна ситуација да прифатите било какво решение? И пред да осудите, забележете каде е проблемот. Коренот е полицаецот што неќел да го казни кога требало па не ви останало избор.
Ова било печено за уште еден случај како Тетово модуларната болница. Буквално истото, фушерај до бол, да плукнеле со плунка повеќе ќе држело. Ако треснел таванот со полна градинка деца имаше да биде прејако, ако се завиеја уште милијарда фамилии во црно. И ќе почнеа тогаш дека се е градено по најнови стандарди, дека ова е последна технологија, дека крив е земјотрес во Јапонија што овде треснало, дека некое дете се удрило во ѕид па паднало итн итн, реченици кои се наменети да ни ја вреѓаат интелигенцијата до бол. Ќе прогласеа 3 дневна жалост, ќе излезеа сите на прес конференции со прстот в нос и ќе се лигавеа како они не се нишо криви, крив ќе биде некој столб или некој небитен враг. И ќе се јавеа Вајлдовци на чело со неа да ни кажуваат како треба да оставиме службите да си ја работат работата, како треба да протестираме а нив нигде ги нема во живо, на тастатура се само јаки и врхунацот кога ќе пишуваат петиции некој политичар кој е во гуша до гомна да не си иде, како што се лигавеа по Филипче. Загрев, сите од прв до последен. Среќа у гз сме имале што ова паднало за викенд, ќе имаше трагедија од невиден размер.
Законот го спроведува власта, не народот. Статистиката кажува дека во владеењето на оваа власт индексот на корупцијата не само што се дуплирал, туку се триплирал. Криви за тоа се единствено власта каде што и се посочува проблемот, од сите јавни странски институции кои мерат индекси на демократија, корупција и криминал. Селективното применување на законите, не применувањето на законите, крадењето, криминалот, корупцијата кои ги прави оваа влада се видливи во сите индексни статистики. И да, ова е нешто за што ДИРЕКТНО е одговорна власта и треба токму таа да се СПРАВИ со корупцијата, а не граѓаните. Ама како да се справи, кога баш тие се најкорумпирани. Да ја префрлаш кривицата на народот, наместо на власта е срамно и иритирачки за сите нас како народ. Насочи го проблемот таму каде што е, а не кај обичните луѓе.
Не е доброволно, туку тоа се наши пари... Никаде во светот речиси не треба никој да побара за нормални улици, болници, училишта, тоа се подразбира, така да тоа е НАШАТА власт (и оваа и претходната), а не е општо како што си напишала. И бараме... ете бараме, ќе се ископа улица, ќе ја прават со 5-6 месеци 200 метра улица, подрумите од ископаното со месеци ќе се поплават, луѓето се жалат, луѓето пријавуваат, улицата уште си седи ископана, луѓето бараат, никој не им крева на телефон, бараат преку имеил, немаат одговор, на фб - оставени се на seen, и така (АМА народот е крив). Лично знам дека секој ден се моли и пријавува во нискоградба за затнати шахти, и да, значи секојдневно со години луѓето. Исто знам дека се молеше комуналец да го собери ѓубрето, со години, со пријави, со дојави, со молења, на крајот се собраа ученици, луѓе, доброволци, собираа сами (АМА народот е крив). Луѓето молат, пријавуваат и молат и пријавуваат и молат и пријавуваат за компјутерот што не работи на болница, не можат да се снимат. Пријавуваат и молат и пријавуваат и молат и пријавуваат и молат и пријавуваат и молат со години, никој не го поправа, на државата не и е гајле да го поправи со години (АМА народот е крив). Бараме да се намали загадувањето... протести, жалби, молби, протести, жалби, молби, протести, жалби молби... Само молиме, само протестираме, не знам што треба веќе... еве пола се исселија, поголем протест од тоа здравје. Не знам што треба, да фатам да ги чистам сама шахтите да не се давиме во вода на секое врнење, или на болница да одам со штрафцигер да го поправам апаратот. Ама пријателите и роднините биле криви, мито корупција, бла бла.... АЛОООО, шахти чистење им е работа, и нема шо јас да треба да барам... исто како на продавачката што и е работа да реди роба и да наплаќа, и на градежникот што му е работа да реди тули. Ама самото претпријатие треба да си издаде наредба, не сака... оти? оти на гредоначалникот не му е гајле да му даде наредба на претпријатието, оти? оти на никој во државава не му е ФАКИНГ гајле да дај наредба да се исчистат едни мизерни глупави шахти. АМА НАРОДОТ Е КРИВ, не е власта крива... срцка си е власта - вие не си барате. Бараме ние, а тие имаат моќ да не ни направат оти никој не казнува за неисчистени шахти... треба уште да пишам? (шахтите беа само еден пример, оти е толку мизерна работа, и толку време се молиме, па да и доловев сакав на другарката Вајлд колку нема врска муабетот нејзин)
Бугарија нема право да блокира две земји , тоа што го прави не е европски начин , за земја што е во европска унија толку време. Правата на двете земји треба да се почитуваат од двете страни и од македонската и од бугарската.
Министрите не се Корумпирани НАРОДОТ е Крив, тој ги Потмитува Бонус плус: Корона катастрофа – народот е крив, не следел мерки, Поскапува струјата – народот е крив, не внимавале со трошењето, Енормно загадување на воздухот – народот е крив, гореле гуми Снемува масло за јадење – народот е крив, купувале многу без потреба, Народот е крив што не проверува лиценци на автобусите, Народот е крив што не проверува исправност на кабли во модуларните болници, Народот е крив што уште живее тука и не се иселил од протекторатов.... Не гледам зошто воопшто да имаме влада, ако народот е крив и одговорен за себе.
Основата на политичкиот систем се политичките партии. Тие ја бараат довербата од народот за власт. Откога ќе се конституираат институциите на власта, не е народот одговорен за нејзините грешки. Одговорот не е “Самите си ја одбравте власта, сега самите истрпете ја!“ Одговорноста е на власта за состојбите во државата и со нацијата. Но, која е мојата одговорност ако власта на која сум и доверил мандат ме турне во амбис довикувајќи ми од висина и далечина “Спаси се!“ ако сум веќе во слободен пад?
Ова самите ги гласавте, сами сте си криви е само аналогно на она - Ќерко сама си го одбра маж ти, трпи си го.