Па не му ја давајте. На никој. Ми требаа 40 години, ама сфатив... конечно... Ни една партија во Македонија, не ја заслужува довербата на народот. Ни една.
Кога сме кај "барајте си" Памтите човекон од село што низ брда и шуми двајца лекари го носеа на раце оти брза помош не можеше да пристапи? Е истиве се јавиле во ЦУК мислам или ДЗС не ме фаќајте за збор. Барале хеликоптер да им се прати итно или барем теренско возило да се пренесе побрзо човеков. Замислете, немаше. Ниедно од овие. Сироти на раце неколку саати на снег и мраз го носеа човеков. Е како имаше за Вилипче и Заев да отпатуваат до друг град на некаков си состанок? Погласно барале или на друг јазик побарале? Стварно ме интересира како се бара хеликоптер за итен случај за да го добиеш. Човекот си почина...
И после? Било-поминало. За една недела заборајле луѓето... А-у! Тогаш-затогаш и ќе ги снема сите. *Ехее на форумов, на колку теми сме зборале за пропусти и само на зборање останало?
Не е една мака. Секој ден има нешто ново. Сите до гуша сме со проблеми, за шо попрво да се буни чоек.
Абе то ти викам... на власта не му е гајле. Ако не му е гајле, од шо мака да напрај нешто? Нема некој што може да ја контролира власта, освен нас, народот. Опозицијата (која и да е), ќе вреска само за фотеља да фати. Од такви ли да чекам 'да ме спасат'?
Е ова е веќе муабет за кој треба сериозно да се разговара. Оти навистина има толку многу причини, што треба цела држава да се дигнеме на нозе. Од најмало, до најстаро. Без разлика на пол, религија, националност... Сите сме во исто говно. *Најдобар начин да се обединиме, е да најдеме што на сите ни смета, без разлика на која групација припаѓаме. Имаме заеднички проблеми.
Вајлд ко на различна планета да живеам од тебе се осеќам На секое ќе се дигнуваме, од најмала до најголема работа ќе го поминеме животот во протести Дали озбилно веруваш дека ќе се дигнеме и ќе смени нешто. Многу утописки
Ајде пак. Власта е крива оти краде и продава, а народот е крив оти молчи и не се буни.На тастатура сите сме јаки, а надвор никој.
Убиство се случи никој ништо не разбра. Никој ништо не смее да напише. Се прават сто обдукции за да испадне оти онака сам паднал и се убил. Ама за Ламбе и триста други глупости се труби по две недели насекаде. Фино државиче сме.
Народот се буни и наебува зошто тие што се најгоре се имаат спремано за сценаријата кај што некој ќе се побуни. Јас стварно не верувам дека во наш животен век ќе се покачи квалитетот на живот доволно за да се живее достоинствено, а денес светот имигрира повеќе од секогаш така што сите млади кренете си стандарди и фаќајте пат под нозе. Овде се знае кои ќе останат, корумпираните до даске и оние што буквално не можат да најдат начин за преселување, иако сакаат. Срамота и греота е млади 20годишни, 30годишни секој ден да прават муабет за некоја трагедија или неправда, кај има тука простор за самоактуелизација. Мене протести за нешто што е далеку повеќе заебано од тоа што мислиме ми се толку смешни како на една слика од пукнат ѕид после земјотрес да пробуваш да го задржиш со парче фластер.
Партиска наредба е дадена, ајде сега сите во еден глас: Олуците се криви, што паднал покривот! 3...2...1... @WildMk is this you?
Значи како ве трола шундурчево битолско, тоа е чудо едно! Нели гледате дека се "храни" со вас? На крај, вие исцрпени, а таа важно сита! Имаше и дефиниција за ваков профил на луѓе...