Ние сите велиме дека треба функционална држава, ти велиш народот е крив. Кој е тука во динајл? Не се брукај, жити очи.
До сабајле можеме да ја критикуваме @WildMk , ама една е.Да се појаснам, не ја бранам. Ако ти се буни и ништи, треба да се организираш против целиот систем. Уште еднаш... Со ваков народ сите влади ќе играат.Треба да им ја расипеш играта, инаку нема да видиш промени.Ама, не во Ламбе-стајл, туку со разум.
Немаме кој паметен да не собери и организира па да им се случи народ. И да се најди таков е со политички цели, барем да ни одговараа тие цели и на нас како народ, ама не, знам дека пред фотеља се едни, а после исто срање. Како поединци за жал толку можиме - на форум и Фејсбук. Јас не сум паметна, ако има некој таков нека кажи шо е излезот, оти ни ВМРО, ни СДС, но ДУИ не се. Германија можда. Систем, мајндсет и љубов и страв (да ме останиш безработа) од партија не се менва преку ноќ. Се' додека 100% не сфатиме дека сите работат за наше лошо и ги сакаме религиозно, ќе си велиме има полошо (како Стојанче) и ќе си ќутиме. Шо се мешам во вакви теми па и јас.
Ај кажи како сме криви. На црвено немам поминато во животот, а не па да поткупувам или да примам мито или да фаќам врски за лесни или тешки криминали и така натака. Доста со гилт трипови. Нема никого да го натераш да направи промена ако му кажеш колку е лош, несвесен, неедуциран, крив за состојбава. Само себе си ќе си донесеш едно чувство на - јас сум најпаметна и најпожртвувана. Ако го тераш активизмов за тоа чувство, ок твое право. Ама сум вложила многу и не сум добила ни приближно назад за возврат и на тоа некој да ми каже дека така ми е пошто крива сум што не се борам ми е смешно. Сум се борела со тоа што сум пишувала домашна, што 3ка ми била трауматична оценка, што сум одела на факултет, сум била поштена граѓанка, сум работела најпримерно, сум плаќала даноци, сум почитувала правила. Со 18 илјади минимална плата сам не можеш да поминеш од први до први, а не па да гледаш фамилија. Кога си во таа состојба не ти е ич во фокус да одиш на протести и да се понашаш против системот пошто леб треба да донесеш дома. А таа мизерна плата од 18 илјади не е воопшто случајно поставена зошто стравот од егзистенција те држи парализиран. Некогаш муабетиве за момент ме прават да се осеќам ко најлоша особа на светов да сум, ама среќа знам која сум па се враќам одма назад. Да, за многу работи сме несвесни како народ и менталитетот ни е тој што е. Само пак ќе се навратам погоре на платата, кога работиш по 12 - 15 саати дневно и кога оброците ти се леб и маргарин, а одмор во Албанија луксуз, немаш време да се едуцираш, да видиш дека некои работи не се во ред, да научиш нешто ново, да прочиташ нови студии, да прошеташ низ светот да се вмешаш со луѓе, така што менталитетот ти останува тој што ти е, додека светот околу тебе на месечина ќе се качи. Имаш доволно пари за да си купиш киндл и да гледаш нов документарен филм секој ден? Нормално дека ќе си информирана за најновиот закон во Скандинавија. Ама тие ко тебе и ко мене се поретки зошто грото од државава уште се брои со сиромаштија. А тоа ни е зошто мажите ни се во ИТ професии што важат за највисоко платените професии општо низ цел свет. Секој ден треба да се потсетуваш на тој факт зошто и јас со мојата плата, иако работам исти часа како мм, можам да поминам од 1ви до 1ви, под услов да не ме заболи повеќе од 1 заб месечно и чешмата да не се расипе па да е за менување. А не земам ни минимална, што е најтрагично, повисока земам. Епа кога ќе се потсеќаш на тој факт, нема да им викаш на луѓето да се едуцираат за нешто ти што си го прочитала на киндл, а тие едвај пари земаат за лектири да купат на децата. Најсериозно не ти чини муабетов со неедуцирани и криви сме сите. Повеќето сме жртви на многу силен систем, а не криви.
Ако не припаѓаш во тие, ок е. Зборам за тие што се корумпирани. И вие тврдите дека сум СДСМ, а не сум. Шо да прам сега?
Ич не е проблемот дали си ти сдс, или алијанса, или партија на џедаи или ниедно од нив. Проблем е што секоја конкретна тема, рецимо оваа актуелни политички настани, ги разводнуваш во познат (научен ) манир- држте го крадецот. Притоа крадецот е тој со марулите, а не тој со куферот пари, јер СИТЕ исто се криви. И пошто двете ги знаеме и концептот на америчка пропаганда и Чомски, знаеме чив наратив е тој и кому користи. Мене и на 98 посто од луѓето, НЕ. И, да се вратиме сега на темата. Кој е тој што има мандат и легитимитет, да преговора дека јас зборувам на јазикот на Северна Македонија и сум по потекло бугарка? Пошто тоа беше во куферот на Шолц, ама никој до збор не можеше да дојде, јер системот и продавачот на марули беа топ тема. И шта чемо сад?
Ај некој нека ми објасни, ама како на глупа каква врска има олукот со паѓање на таван. Онака, во две просто проширени реченици, да ми ја објасни физиката зад тоа. Знаев дека нешо ќе искочи криво а не они, јас мислев столб, тоа олук бидна. Ебате глупердите безмозочни ебате, грам памет немаат.
Неисчистен олук, паднал таванот, една година оџак не исчисти, и куќата може ќе ти падне Сепак реалистични да бидеме, најкриви се родителите што запишуваат деца без да ги проверат олуците на градинките.
Народот во глобала е добар и солидарен. Колку животи се спасија со донации од смс пораки затоа што државата не сакаше да помогне? Народот ќе се опрај за брзо, има капацитет, си треба добар лидер. Вајлд изгледа многу врски фаќа затоа си мисли сите се такви. Секој од себе си тргнува, нели? Обичниот народ си е ок, само добра организација, подобрен живот и обезбедени услови за нормално функционирање треба.
Добар предлог, се надевам ќе се оствари, толкава зграда би собрала солиден број на студенти. Студентското собрание на УКИМ бара седиштето на ВМРО-ДПМНЕ да стане студентски дом Универзитетското студентско собрание (УСС) на УКИМ ќе бара конфискуваниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ да биде пренаменет во студентски дом. „На студентите им припаѓа луксузот во кој политичарите до сега незаслужено уживаа. Ова е шансата сите заложби дека на младите е иднината и дека државата се грижи за нас да се докажат како реалност! Ова е шанса да се исправи погрешното трошење на парите. Не ни требаат вашите кристални лустери и позлатени слики, ни требаат тоалети со врата која се затвора, тавани без мувла и ѕидови со изолација“, стои во соопштението на УСС. Судот денеска пресуди да се конфискува седиштето на ВМРО-ДПМНЕ поради незаконска изградба во случајот Талир 2. Поранешниот партиски лидер Никола Груевски доби шест години затвор, а поранешниот генерален секретар Кирил Божиновски доби две години условно.
Ќе се бара нов параван за да се прикрива дека тој со куферот работи против нашите интереси. На Ламбе му заврши улогата, од денес е пуштен на слобода од домашен притвор, само му се одземени патните исправи. А за она погоре што го дискутираш и јас и предочив дека смешно е колку е опседната со тоа кој колку крадел и кој е криминалецот, па ај и точниот да го посочува при тоа кога разводнува. Ама па претпоставувам знаеш кој најгласно вели тој е криминалецот и фатете го криминалецот.
Ау богати. Его мач? Ајде жити мене објасни ми решение на хипотетичкава ситуација без врски. Ајде те молам Ако речеш сега па ќе пријавиш, ете ти кажувам дека со обично пријавување ништо не е решено. Ако не со врски, ја би му испратила некој да му смени личен опис ама ти пак за законите ќе се фатиш. Проблемот е во врските "таму горе", не во тие што ќе ги фатиш за да се спасиш од насилник или смрт од болест.
Пасоши на нарко дилери... Вакцини преку посредници од Хонг Конг.... Двајца секретари на влада во притвор.... Изгорени 14 луѓе... Автобуси без лиценци... Анекси за криминален автопат Кичево-Охрид.... Автор Зоран Заев основач на хуманитарна организација Едно ОПШЕСВО за сите... Loading..... fore more... Ма нема прејако...
Мнозинството да не е корумпирано и да се буни, пријавува, протестира, кога ќе посведочи криминал Пример.