Ја не знам дали читаш или не? Те прашав што ќе направиш или ќе советуваш да се направи во таква безизлезна ситуација. Ете пријавува некоја, не ја фермаат. И?
МНОЗИНСТВО! Едно е ако сам чоек се бори, друго е ако се група луѓе. Колку поголем број луѓе активно притискаат за промени, толку поголема е шансата да се смени нешто. Ама за тоа, прво треба да се охрабрат/едуцираат *Граѓански активизам ни фали. Не само за протестирање, туку граѓански активизам опфаќа еден куп фронтови. Не да чекаме партија да ни кажи за шо да се буниме.
Ама за конкретна ситуација треба решение одма и брзо, не да чека женава протести да се дигнат. А и ако тие се џабе? У реду јасно ми е. Ќе ја посоветуваш да чека да си умре него да среди како знае и умее. Јас едно ти зборам, ти друго тераш. И ако близок ти лежи во говна во болница чекај протести, у меѓувреме он нека си умре, само ти да не прекршиш закон.
По патот на промените ќе има жртви. Чудно е како досега на никој не му текнало да пружа отпор. Нејзе и' требаше одма, на еден куп им требаа еден куп работи одма, ама заминаа. Колку подолго чекаме, толку подолго ќе има случаи кои се за 'одма'. Треба да го смениме системот, за да нема поќе вакви ситуации, воопшто *Јас сум била од оние на кои им требаат промени одма. Верувам и повеќето сте го осетиле истото на грбот. Не треба да не дели ова, треба да не обедини. Сите со истите проблеми се соочуваме. Најмногу корист имаат најбогатите и политичарите.
Како само се осмели да го пишеш ова еве не знам. Нека ти умре блискиот у говната и рандом девојка од насилник оти мора да чекаат протести да се дигнат за промени да си иде све тоа полека, после ќе се лупаме во гради дека сме праведни и сме помогнале. А они отишле под земја одамна. А нема да помогнеме ич. Ако животот и психата и здравјето ми зависат, нема да бирам праведен или неправеден начин. Ти жртвувај си го најмилото во име на ебените закони, јас нема.
Оти тоа е вистината. Луѓе ни умираат, ние може ќе умреме поради неодговорноста на државата. Се плашиме за нас, за нашите деца, за се'! Не е во ред да го продолжуваме циклусот на опресирање. То ни прат. Секој-на себе сме препуштени. Дај, ако не не' организираат тие, за да сме еднакви и да имаме пристап до сите подобности-еднакво и по закон, сами да се организираме. Мене не ми се чека одамна... оти додека зборував, еден куп отидоа. Луѓе кои ми се драги. Луѓе кои живот ми беа. До кога ќе чекаме???
Не. Луѓе за кои фаќале врски мои блиски и кое сметам дека НЕ Е ВО РЕД! оти некој ја нема таа можност. Не фаќам врски, оти можам да платам... барем сега-за сега. Ама и тоа не е во ред. Што со оние кои не можат да платат? НЕ Е ВО РЕД!
Мнозинство велиш? Мнозинството е презадоволно што жени на пораѓај, најприродната работа на светот, завршуваат осакатени, а на ,,докторите,, влакно не им фали, и така со години. Неедуцирани се и никој не притиска за промени? Граѓански активизам во здравство ви фали? Ете ви го, го пикнаа во закон, сега ќе процвета здравството. Граѓански активизам во судство ви фали? Пикнете го и таму во закон, зошто да не. Во влада пикнато видовме како функционира, уживајте во плодовите на истото. Како се вика оној систем кајшто малцинството се изживува на мнозинството ( не во етничка, туку во управувачка смисла)? Знаеме зошто е тоа така, ама чисто, да го именуваме, за да знаеме како да го лекуваме.
Ебати живото, кога опциите ти се или да се исселиш, или да молиш Бога да не треба да затропаш на врата на некоја институција.
Оти бе да не затропаш? Слободно може да затропаш, само земи си поголем стап (од оние за овци пасење) Буквално или фигуративно
Прашањето е просто ко пасуљ ти треба итна здравствена услуга која нема да ја добиеш без врски, дали ќе фатиш врски или ќе си речеш ова се жртвите во име на правда и утре ќе одам на протест. Хинт: ќе фатиш врски.
Да! Тоа е моменталното решение! Зборувам, за тоа да имаме систем, каде нема да треба да фатиш врски и/или платиш за да добиеш услуга, која ионака ја плаќаш преку данок! За шо кур плаќаме даноци?
Па сите тоа го знаеме/сакаме де. Не дека нешто посебно ни кажа. Идеално ќе беше да не е ко што е сега, ама е. И прибидејќи не е, сакав само да ти доловам да не ги правиш криви луѓето во безизлезни ситуации зошто има за се објаснување зошто било како што било. Крадачот на марули и таквиот со 5 стана во Австрија на Аплите не може исто да лежат.
НЕ, не, стап е стап, од фино дрво, во природа растено. Граѓански активизам ти по дома, ние сме сите деца на селани, само стап железни врати отвора.
Ама истото и јас го зборам, ама не ви се бендисва оти велам дека треба да не потплаќаме и да се буниме. Треба да преземиме одговорност за то шо ќутиме ко посрани!
Ама зошто таков дефитистички поглед? Ако размислувале така нашите претци, ич немало да излезат од пештера. Се' може да се смени, ако имаме доволно свест. И чувство за заедница... Поарно ќе бидам идеалист и будала, отколку да се подвиткам и да прифатам да ми се сери некој на гла.