Јас еве ти кажувам неам надеж. Годинава здравје ќе почнам да си ја работам професијата за која се интересирам од дете и од сега правам пресметки дали ќе можам со таа плата да плаќам кирија, сметки, храна и остало. И знаеш што испаѓа? Не можам. Иако струката ми е тешка и не секој има капацитет да ја разбере. За колку ќе бидат тие промени? 10 години? Важи, ако останеме живи до тогаш. Мене за одма ми треба. Не треба ти да му висиш над глава на докторот да му кажеш како да те лечи, треба сам да знае. Исто е и со политичари.
Зато реков одамна не ми се чека. 44 години чекам. Мајка ми чека 70. Татко ми не дочека. Колку побрзо ќе се опаметиме, толку помалку ќе чекаме. Мојата генерација, нема да види бенефит... ама би се борела за ќерка ми...
Немало да излезат од пештери ако не правеле ништо. Ние од Македонија се иселуваме масовно секоја година енормни бројки, и тоа е правење нешто. Тоа што ТИ не сметаш дека е тоа е правилен начин на делување, тоа е друго двајсе. А идеалист и будала можеш да бидеш само кога имаш пари. Кога си сериозно соочен со ризик од немање пари за јадење и сметки во месецот, тогаш повели биди идеалист и будала, капа ќе ти симнам. Ниту се подвиткуваат ниту им се серат на глава. Ептен грди зборови што глупаво ми е дури да ги препишувам. Јас околу мене во ептен голем дел гледам изработени и измачени и истрошени луѓе, особено постарите генерации. Помладите, ко што кажав заминуваат грото, а за да заминеш богами треба да го испотиш газот зошто никој не не чека ни во Европа ни во Австралија на лепе очи. Храбар секој знае да е кога е финансиски стокмен. Во сите здруженија активист ќе се сторам.
Е не можат, овој со марулите ќе окапе во затвор, а другиов па со добро изврзан адвокатски тим ќе му најдат дупка во законот ќе прежали еден стан како мито и оп на слобода. Тие се тие двојни аршини, одамна е отидено се'... да не пишам каде. После народот бил крив, како не бе, кога имаш искорумпиран врв или кога рибата смрди од главата еве гледаме што се случува. Граѓански активизам се пишало да има. Да, да има и да функционира ама тоа си е така во високоразвиените земји со силна демократија, а табелета што укажа на кое место сме ние и зошто? Одг. е во потцртаното, ако некој не го знае.
Аха, нема видено оваа држава доволно невладини. Пробај се, зошто да не. Ама од 33 деца во клас, 32 велат дека сигурно сакаат да се иселат. Дека рече ќе се бориш за ќерка ти, стварно мислиш ќе остане тука? Кога ќе видат децата за што се способни и што им нуди светот, ќе се занимаваат со невладини. Мислам, јас прва сум за правда, ама read the room. Зошто па и ние да не ја осетиме промената? Што ако не сме 16 годишни? Свашта. Во секоја доба од животот секој заслужува квалитетен живот. Едит: ако мислеше да отвориш ејчбио, океј, и јас сега ќе пуштам Френдс.
Абе и јас сакам и за мене да е поарно, ама чисто сумњам дека дури сум жива ќе видиме некои реални промени... судејќи по минатово искуство де... Не знам дали ќе остани. Во случај да остани, сакам да биде подобро. Ма и да не остани... оти да не биди поарно?
А оти па толку веќе врзување за едно место. Ич не гледам јас така. Милиони луѓе секој ден се движат низ цел свет, секој некаде се пронаоѓа. Не знам зошто па толку миграцијата да се сфаќа трауматично. Светот е место за сите. Може и Македонија за некои луѓе е таман земјичка. За тие што не е таман нека си бараат потаман место. Таа филозофија што и да правиме никако од Македонија мрдање зошто имаме мисија да ја подобруваме земјата во која сме родени, ич не ја негувам. Земја е која како и сите земји е со граници поставени од луѓе, така што ништо не ми значи дали ќе ја преминам границата или не, ми значи дали на болница ќе добијам квалитетно лекување. Ти како се пресели од Битола во Скопје за подобри можности за работа, е може така пошто двата се градови во Македонија? А од Македонија во Германија не може за зголемени можности за работа? Смешки. Истото е. Ќе решавам јас сега децениски проблеми, како да не.
Навистина колку млади и при тоа високо квалификуван кадар си замина, па после бараме граѓански активизам и промена кон подобро. Па кој ќе се бори за тие промени население кое веќе си го истерало својот живот, поточно пензионери или тие кои се веќе во некоја зрела доба и се помириле со тоа кои се, што раб. и каде припаѓаат. А интересна појава во помалите местенца како пораат да се по овие прашања, или одма се вработуваат на државно или мигрираат во поблиски поголеми градови, економски поразвиени или во краен случај во Скопје. И нив им е супер така, а од Скопје повеќето одат во странство и ете ја таа миграција од понеразвиено место или држава кон поразвиено место или држава. Така што има мн. млади кои се сосем задоволни од тоа што им нуди државава и не би се бунеле за подобро. Е има и такви вечито незадоволни се' не им чини, сакаат промени, да се селат, да постигнат повеќе ама останува само на зборови сето тоа. За сериозни промени треба критична маса и голем дел од населението да не е задоволно. Ама вистински да е незадоволно и да сака промени, по сметка и на организирање масовни протести еве како овој на 18 јуни од опозицијата, па да видиме колку ќе има масовност и што ќе се постигне со протестот. Ама независно од овој протест треба и протести без политичко влијание. Сепак потешко е да се организираат бидејќи пишав голем дел од работоспособното население или се помириле со тоа кои се и што можат тука или се задоволни од работните позиции добиени преку поседување на партиска книшка најчесто во државните институции. А имаме примери и во приватен сектор, на пример во ИТ индустријата на кои тука им е милина, пониски даноци, низа привилегии и тие за жива глава ниту би протестирале ниту би се селеле. Потоа во здравствен сектор кои имаат убави плати, мн. повисоки од просек и за нив е тука милина. Па и во банкарскиот сектор не се за жалење одредени кадри, исто и во академските води. Така што не е се така црно, па си седат тука сосем задоволни од можностите кои им се нудат и од нив протести и побуна за подобра иднина нема што да се очекува. Па кога се нема доволно критична маса нема да има и протести за промени, тоа се подразбира. Во ваква ситуација најмногу ќе страда она население кои ги нема овие можности и привилегии затоа што тие на врвот се искорумпирани и одамна не гледаат за доброто на народот како целина.
Мантуб, @Mantub се си кажала со мислење кое не го гледам сега , веројатно е избришано. Суштината. И можам да замислам со кого разговараш, со луге: кисело е грозјето. Веројатно за да се одржи привид на функционалност, мора и делузиите да се одржуваат. Се' се', само да не се признае поразот. За сите кои мислат дека надвор сите се "образовани" ( или 'образУвани', ко 'стренџер' веќе станаФ) пример од северо-западот: ТЛДР : на старт на ковидот "бациња" холандези,( зборот баце ми е врв, морав да го употребам) успут политички активни, и' се понудија на владата да им дозволи увоз на маски по таа и таа цена, преку НЕВЛАДИНА хуманитарна орг ( ха, ха. Ха) дека не сакаат профит, и дека се' прават од што се фини. Не само што им дозволија, и волонтери од друга организација им помагаа. Елем испадна дека двајцава, ил тројца беа, лажеа и заработија 20+ милиони. Овој во текстот 9. Кога го фатија со раце во медот, си призна дека заработил, но рече све било по закону. ( ме потсеќа на некој) Елем сега го гонат, меѓу другото за злоупотреба на волонтерската работа и перење пари. Системот го процесира, никој не излезе на протест . Народот не го фати крадецот, полугите на системот: да . И никој не се треска од земја, туку се' остава да работат оние на кои тоа им е работа. Во мк оние на кои тоа им е работа, или се продаваат за милионче ил мебел од 50 илјади, или ако некој плати милиони, веќе не е криминалец. Фала богу постојат луге кои гледаат колку е сатот. https://www.dutchnews.nl/news/2022/...-face-mask-deal-extended-to-money-laundering/
Идеологија е потребна за да се создаде критична маса која ќе донесе промена. Почит и љубов кон заедницата,исто така. Со години е тоа,би рекла тенденциозно уништувано во Македонија и поголемиот дел е со желба да го искорени и она малку македонско во себе. Само критика кон се, никаква гордост кон она што е автентично.
Прејако ми е како тие што нигде ги нема у живо се најјаки на тастатура. И ова не е само на форумов, општо и на фејсбук го имам приметено. Повикување на протести, пењавење, тетеравење, лупање во гради како тие се најпродуховени, најфер, најчесни и примерни граѓани, а во живо кога ќе искочиме на улица нигде ги нема. Никогаш не го сфатив ова, зад компјутер под клима у лето или со топол чај до нив у зима, лупаат коментари онака солзи на очи да ти дојдат дури, а у живо коа треба да блокираме улици нигде ги нема. И не само политички протести, и аполитички, за загаден воздух, за родилки без органи, за јавни соби, за сообраќајки. Живи ги нема. Ама ај на фемина ќе се пуваме и ќе набиваме гилт трипс на луѓе дека не се во ред оти гледаат како знаат и умеат да се снајдат кога им гори под нозе. Ајт.
Што е полесно? Алудираш на претходниот муабет за преселување? Те молам врати се во Битола, признај си ја личната одговорност и крени протести за развивање на градот и намалување на невработеноста, немој да ги користиш бенефитите на Скопје. Или алудираш дека полесно е да се свитка грб одколку да се биде храбар, непркосен, Јованка Орлеанка филм Во тој случај повели фати просечна работа ко просечен граѓанин во државава и да видиме колку си храбра кога ќе ти покаже системот што се треба да трпиш и на што се треба да се прилагодуваш, зошто ако не се прилагодуваш ќе ти дадат отказ, а отказ не е опција кога децата чекаат јадење дома. Божем малку на површина е извалкано, па ќе заметеме Нема да биде полесно зошто сите сакаат да му ја збришат надвор од овде. Не ни се решаваат децениски проблеми во неколку години и затоа не можеш да најдеш критична маса за протест. А чисти сме ко солза
За што лична одговорност? За бебено у Битола денес што го умреле докторине? Стварно мислиш дека на обичен работник "му е лесно" зашто не се дере на протести? Знаеш колку има по фирми што ги демнат за кого се? Дали идат на протести, на чиви? Близок пример иам у опкружување и многу ми е јасно. Не смеат да зуцнат против "оние" оти ќе летаат. А на кризава на никој не му одговара да лета.
За жртви од насилство стално објаснува на долго и широко зошто не заминувале, а за луѓе што трпат неправди на работа, нашколо, во здравство - ќутат ко посрани. Ама на насилство вика и самата таа била жртва, па лесно е да се ставиш на местото на друга жртва и да си емпатичен, а ако го немаш осетено финансискиот притисок за егзистенција можеш да расприкажуваш до бескрај како треба да биде. Не знам како може да е толку тешко да подразмислиш дека можеби грешиш кога 10 луѓе ти го пишуваат истото.
Лична одговорност за вашето извршување криминал и премижување ако посведочите криминал. На било кој начин ќе се обидите да рационализирате. Знам дека е полесно... многу полесно... друг да е крив за се'. Не сте сите сиромашни. Имате и пари и врски и ич не ви е гајле за другите.