Понекогаш се радувам за вакви постови - една се нервира оти ке качат плата, друга коси куби оти пензии ке качат--па уште еднава и вика на другава дека е неписмена...и оваа наша земја ке треба да ги рани. АМа тоа е, сите се луѓе, деца на некој. Инаку, сите што зборуваат за администрација, да даде Господ само таму цел живот да работат, за 15 400 месечно со странки. Нека клатат врати. И нека им ја качат платата. Толку од мене за дамиве. Инаку, може ли некој да ми каже што бараше Шекеринска во Грција да се слика? По кој повод беше таму? Истовремено, знае ли некој да ми каже оти Гошев не знае дека во РМ има Собрание а не Парламент? Бааги време човеков беше у политика, како може да не знае основни работи??? Нејсе, некои мислат дека он знае се. Во ред е, и јас да бев гувернер, ке давав какви сакам изјави. И од кога Астеруд бе невладина??? Па закон за абортус, дрн дрн...Госпожа, ти на факс кога викаше сите вмровци да умрат, невладина беше? Океј, кај нас секој има право се да рече. И тоа, моите мисли за последните политични настани. А да, абе Заев колкава фамислија се ? Човече, не може да се изранат упм.Праеле, праеле деца, се заборавиле.
Зошто да не се зголемат пензиите ? Тие пари од буџетот не ќе ни ги дадат нас, па поубаво за пензии отколку за споменици. А, и кога ќе дојде пензијата, баба, дедо одма ни даваат паричка.
Па човечки е да не ти е мака што старите луѓе или која било друга загрозена категорија се колку толку обезбедени. Не дека е ова којзнае што, ај згора на се да навиваме и тоа да им го скратат . Мислам стварно нема смисла. Само тоа сакав да го кажам. А патем, зошто само моите мислења се бришат без врска? Tоа како администрацијата (а и некој на форумот) треба да поработи на својата култура и останатото за пензионерите, студентите и соц.случаи го нема. Ама добро... дека јас сум дама што куби туѓи коси за во Шведска, оно бај бај... ќе ме бришете нормално.
Сакав да речам, што му текнало на Гошев сега, муабетот му е бајат. Сигурно он го читал извештајот и пред нас Или што викаш, знаел уште пред овие да пишат. Иначе ние ако не поднесеме, ни се е*а мајката. Туку уште повеќе ќе се заостреле работите. А бе држава е ова, нема шала
Абе,сигурно го побарале од весников да искоментира нешто во врска со завршнава сметка,пошто помина некако се’ така, без особена помпа, ко и вообичаено кај нас (можда пошто А1 и компанија ги затворија, па само портали останаа да креваат џева ) Не е тоа,тоа. Tuku, знаеш како е во весниците, кога е нешто актуелно трчаат прават интервјуа и може сите да се погодат со еден ист човек,еееекссспеерттт да направат, дури Најчесто новинарот си бира со кого ќе направи за темата муабет. Пак, може и да испадне дента и сите наредни да е препуна агендата, да нема место да одвојат за интервјуто,а не им се цепка на делчиња...па го подзадоцниле самите редакции (уредниците) со објавување. Се бидува,се’. Како и да е, и да не потсетат мораат, пошто не реагираме еднаш, не реагираме втор пат, нема реакција трет пат,викаат ај уште еднаш,последна мајка. оп!
Соопштение за бракот од православните Епископи на Америка (25.09.2013 ) Од своето редовно годишно собрание, одржано од 17 до 19 септември во Чикаго, Соборот на канонски православните Епископи на Северна и Централна Америка изнесе соопштение во кое го изразува непроменливиот став на Црквата во однос на прашањето за бракот. „Ние, Соборот на канонски православните Епископи на Северна и Централна Америка, кои претставуваме милиони православни христијани во САД, Канада и Централна Америка, изразуваме длабока загриженост поради неодамнешните потези на владата и одредени општествени трендови кои се однесуваат на статусот на бракот во нашите земји, пред сѐ, на легализацијата на истополните бракови. Православното учење за бракот и половите, цврсто втемелено во Светото Писмо, 2000-годишното Предание на Црквата и канонското право, учи дека Светата Тајна Брак е заедница од маж и жена, и дека автентичниот брак ја отсликува светата заедница која постои меѓу Христос и Неговата невеста – Црквата. Кон луѓето со хомосексуална ориентација треба да се однесуваме со истата милост и љубов кои на целото човештво им ги подари нашиот Господ Исус Христос, бидејќи Црквата е духовна болница во која сите сме повикани да најдеме лек за нашата падната природа, преку Исус Христос, Кој ја прими човековата природа за да ја обнови. Сите ние се бориме со разни страсти, и само во Црквата можеме да ги најдеме средствата за нивно надминување со помош на Божјата благодат. Подлегнувањето на каква било сексуална привлечност: хетеросексуална или хомосексуална, нѐ оттуѓува од Бога. Ги повикуваме свештенството и православните верници безвремено да сведочат за Христовото учење со своите животи во чистота и светост, со упатување на своите семејства и заедници на евангелските заповеди и верата во нашиот Господ, Кој „го победи светот“. На крајот, ги охрабруваме нашите верници да се обраќаат кон своите парохиски свештеници или духовни отци со прашања или грижи кои се однесуваат на ова соопштение и неговата практична примена во нивните животи.“ Соборот на канонски православните Епископи на Северна и Централна Америка е еден од дванаесетте епископски собори основани во разни делови од светот. Се содржи од сите канонски, активни православни Архиереи со јурисдикција на територијата на Северна и Централна Америка. Извор: http://preminportal.com.mk/content/view/12988/1/
Убаво што си го изнеле ставот, тоа е одлика на едно демократско општество, секој може да си каже што му смета, НО, и да се помири со желбата на мнозинството која е изгласана прописно, демократски. Не знам зошто одма рипаат црквите, и тоа најчесто православните, во теми за хомосексуалност, односно за легализација на брак. Ако тие не сакаат да го прифатат, не мораат, нека не венчаваат. Меѓутоа, мислам дека им се провлекува низ прсти фактот дека не сите хомосексуалци се припадници на една религија, и црквите, а и било кои други, треба да ги почитуваат туѓите желби и потреби, посебно ако некоја друга религија/владата ете тоа го дозволува.
Кон луѓето со хомосексуална ориентација треба да се однесуваме со истата милост и љубов кои на целото човештво им ги подари нашиот Господ Исус Христос, бидејќи Црквата е духовна болница во која сите сме повикани да најдеме лек за нашата падната природа, преку Исус Христос, Кој ја прими човековата природа за да ја обнови. Црквата порачува дека треба да се има љубов кон нив, никако да се дискриминираат како луге и да се исфрлат од општеството. Ни промакнува податокот дека до пред некое време ова сметало за боелст, за жал и црквата тргува од тој аспект. Инаку незнам каков е ставот на другите религии, не мислам дека баш и тие го оправдуваат склопувањето на бракови. Еве ако има некој со муслиманска вероисповед, баш ме интересира што ке каже по ова прашање од религиозна гледна точка? п.с. by the way, на крај краева ми изгледа дека единствено на овој форум човек може да ги изрази своите ставови без страв без огледа какви и да се, место каде може да се прочитаат различни мислења по едно исто прашање, за разлика од сивилото кое владее на сите можни портали и остали пишани и непишани медиуми. Дефинитвно, најдемократско место во Македонија. Е да имаа жените повеке власт во државава кај ке ни беше крајот!?
Не не, грешка си Ква. Веднаш под болдираното, се побиваат самите Прво кога го прочитав болдот се изненадив позитивно, ама кога го дочитав пасусот... Инаку и јас баш би сакала некој со муслиманска или било каква друга вероисповед (која не е христијанска бидејќи гледаме дека тие се поделени) да даде мислење од религиозна гледна точка за хомосексуалност.
Американците не си го изгласаа буџетот, па сега Обама го плаши со истите зборови како овие нашиве лани што не плашеа нас Нема плати, нема пензии, ништо нема, епокалписа! Таман работа да се праша некој што не е во ред и што треба да се промени. http://www.kapital.mk/MK/svet/96854/blo ... vlada.aspx
Nymeria, според Исламот, хомосексуалноста е многу осудувана, се смета за огромен грев. Барем според она што можам јас да го прочитам. U Kur’anu je jasno rečeno da su upravo to ljudi koji sve granice zla prelaze [7].
Не е поентата зошто да имаат, поентата е од каде ќе ги добијат тие пари. Дали државата успеа да ја намали невработеноста, да го спречи одливот на работоспособни луѓе надвор од државава, или планира да го зголеми давачките за придонеси? Од каде ќе дојдат средствата за зголемување на пензиите и како тоа ќе се одрази врз помладите? Се тоа што го добиваат пензионерите денес, го плаќаме ние. Каде пензионерите ќе ги потрошат своите средства и дали истите ќе се вратат во стопанството за повторен обрт. И всушност, ако се погледне подобро, нема ни да им се зголеми куповната моќ, затоа што сигурно ќе дојдат повторни покачувања на цените, така да нема да трошат повеќе, ниту да покријат повеќе отколку што би можеле сега. Поширока е работава, не е туку така сеа ај пензија поголема. Што се тоа ќе повлече со себе, кои други фактори ќе се променат или ќе останат исти и на долг рок како ќе се одрази врз економијата. Дали има оваа држава реален капацитет за покачување на пензиите?
Ке ги покачат пензиите пред избори оти се знае која е најголемо гласачко тело, и најманипулативно-пензионерите.А политиката на Грујо ако вака продолжи Македонија ке потоне како Титаник,и сите во неа ке нема пари ниту за пензионерите ниту за административците. а албанците ке си ја земат западна Македонија и збогум Македонијо
Секоја изворна религија(не мислам на израстоците од нив),ја осудува оваа појава. Значи не се осудуваат лугето, напротив ставот кон нив е љубовен, човечки. Не да се маваат со камења како по блудницата, која Исус ја спасил со обракање кон прогонителите: кој не сторил грев нека фрли камен. Но оваа појава се смета за противприродна,а лугето кај кои се појавила фактички се жртви на невидливите сили на поденебесието. п.с. А кој жив човек роден од жена не е жртва на некоја страст? Сите ние сме гршни.
Не е така...знам многу пензионери, кои се задоени со комунизмот и колку и да им качат пензија, они ке гласаат за СДС како производ на комунизмот. СПоред мене, овие пари требааше да се дадат на интелектуалната младина која ке биде носител на општествените процеси. А ако му дадеш на еден млад човек плата огромна, нормално дека и тој и неговите родители ке гласаат за тој што му дал плата на детето.Нема родител што ке гласа спротивно(добро, освен свекрвите )) И плус, помеѓу младите нема задоени комунисти кои се поклонуваат на тие идеали, туку се во таа партија заради тоа што нивните родители живееле убаво у времето на Тито. А пари ако немаше државата, немаше да има зголемувања ни на пензии ни на плати. Политиката ќе беше - ете сите симнаа, ние не ви симнавме пензии и плати, туку ги задржавме. Значи ке се одеше со замрзнување, а не покачување. Затоа нема потреба од паника. Инаку, не се офајдија само пензинерите од владаа - во бањите кои се распаѓаа, се вработија куп луѓе. Наместо владата да им даде пари на бањите да се реновираат, тоа го напрабија преку пензинерите. Еве ви уплаќаме, секако им ги даваме парите на бањите, ама корист имаат и пензионерите. Плус, ако сте уште мали, не знам дали се сеќавате дека книги купувавме? На школо немаше без пари книги. Значи и родителите имаат ќар некој. Се сеќавате дека на факс беше 1000 евра упис? Заради тоа не сум сега стоматолог или доктор. 50% намалени постдипломски. Многумина имаа ќар, ама се се заборава.
Мразам да се расправам за политика но работите ги гледаме од различен аспект. Јас пак познавам многу пензионери каде што пензијата пред избори им ја покачија на 500 ден по изборите, а наредниот месец им скинаа 700 ден со сигурност знам. Во времето на Тито не сум живеела сум родена за време на распадот на СФРЈ но не знам некој да се пожалил од од тоа време,освен некои поединци што не се сложувале за заедничко живеење и мир,ок тоа не е ни толку битно сега минато е. Иднината е важна. Аза која интелектуална младина ми кажуваш?!За таа сто се пијанче дрогира до 5 сато сабајле . не интелектуалците побегнаа поготово тие што се со техничките факултети во последните години над 240 000 млади паметни емигрираа зошто иднина во ова држава немаат...а ке ти одговорам и за високото образование ма ова е партал образовен систем секој се запишива и секој завршува колку да не седи дома.нема веке никакви критериуми се поместија границите тоа е политика на оваа власт сите на факс намален број на невработени тоа е само замачкување на очите на јавноста и ништо друго. А парите се знае од каде се од кредитите што треба допрва да се вракат, а Грујо се надева на уште еден мандат па да го соголи народот и после ке си ја кидне у странство а народо нека му ја мисли
Не дека бранам некој, ама тие фрази ке ја кидне надвор 20 години ги слушаме! Кај ке оди бе, кој уопште ја киднал надвор до сега? За колку така се збореше и од други партии, ке кидне, ке кидне, па гледам никој не киднал. Сите се тука! Камо да киднеа . Туку политика после некое време се претвора у хоби. Кај ке оди, на Хималаи или во Америка азил ке му дадат?
Ја гледам целата оваа “претстава“ со Субрата Рој деновиве, и баш ми е ТРАГИ-комична (повеќе трагична ама тоа е...). Стварно е жално како дозволуваат еден лопов да ги лаже, па уште и толку честови да му прават. Неговите го бркаат од Индија како најголем криминалец, а пак овие нашиве уште за “светец“ да го прогласат. Еееех... баш ќе видиме за некоја година што ќе испадне.