Демек не спеа сега, арно си ти тука спасителот, испратена од Бог, безгрешна, сезнајна. Не го пријавив министерот за крадење преку патни трошоци, и ете ти ме спеа дека јас сум крива.... ах бе духовита колку си.
Уф да, исто ко ти што премижа на насилството на 15 годишното чупче, пошто таа не сакала да пријавуваш, иако законот вели кога се работи за малолетни лица не треба тие самите да носат толку големи одлуки пошто се малолетни. Пријави го коментаров да го избришат ако нејќеш да стои во јавна тема зошто како што се сеќавам го пиша во 40ка која е во скриено катче или кажи одма ќе го избришам јас пред да поминат 30 мин. Само и јас мислам дека не ти е гајле за другите, зборувањево повеќе ти е за лична сатисфакција - јас сум најпаметна, наједуцирана, најетична, одколку што ти е стварно гајле за државава.
Така е Вајлд, затоа сум на сите протести пошо иам и пари и врски. Најлесно е да се труби за протест, ама за тој протест да биде успешен мора и физичко присуство како да ти кажам, не може само онлајн
И јас одам на протести, па шо? Додуша, се издишав последниве години, пошто сите протести се окупираат од партија. Не се граѓански иницијативи. Не би скокала за партија. Никогаш.
Е, сама си го даде одговорот. Јас само ќе додадам уште ова. Паметниот попушта. Во нашиот случај, напушта. И не само кај нас, цела јужна европа го има истиот проблем. Корупција.
Аааа добро штом си се издишала и не идеш у реду е, на другиве што им е преку курца и не им се иде како смеат така, треба да протестираат!!!1111 И јас не идам на политички протести, ама за јавни соби, загаден воздух и изгазени девојчиња идам. Тие еве на пример не се политички.
Па затоа викам дека ни фали граѓански активизам. Дека повеќето се корумпирани, или корумпираат. Зошто да дозволиш партија да ти окупира движење? За да преку грбот твој преземе власт? Кој има корист од тоа? Граѓаните, сигурно не.
И јас одам на такви протести. Ќерка ми е израстена на протести. Ама џабе ќе објаснувам... Пак ќе си верглате по ваше.
Глеаш... Ќе си верваш во то шо си верваш, па дури и да ги објавам сите слики, на сите протести каде што сум била. А не би... Се што ќе добијам, е да најте нова рачка за то 'колку сум јас ваква-онаква'. Ако само јас не чинев, а вие бевте супер, поинаку ќе беше структуиран системот.
Кој е крив бе човече за никакво здравство и трошење буџет за коли и златни лажици? Нема да барам врски за глупости. Ама ако ме нападне говедо, ќе искористам врски за да го пикнам во затвор наместо да живеам во страв дека утре ќе ме убие мене или некој од фамилија. Ако на близок животот му виси на конец зашто не го ебават у болница, исто ќе искористам. Зашто не знам поинаку како. И Пале од Велес уби човек. Убиство е, кривично дело нели? Ама беше приморана.
И мене може ме рани маж ми или татко ми ама знам дека не бев крива кога близок го пуштија неоздравен од болница оти "добар бил" . Беше ама едвај функционираше некое време. Оти се тресам од страв ако треба некогаш да отидам до болница дали ќе се вратам жива. Или ако ме нападне ѓубре дека јас ќе го јадам место тој. Или како со цениве ќе се преживее. Пред 15 години цела фамилија на една плата живеевме. Со одмори, со јадење и заштеда. Денес на 3 ипол не можеме. Не мора да дојдеш до фаза да немаш леб за јадење за да знаеш кој е крив. Доволно е близок да ти лежи во болница. Е толку е доволно. Еднаш се случи кај мене и сите срања у здравство ги видов.
Проблемот е што тој што нема врски и пари, е осуден на смрт во такви ситуации. Ама шо ти е гајле за другите. Умреле, умреле. Кој му е крив, ко не можеле 'да се снајдат'
Имаше една реченица...за зајакот и магарето. И немој ти да ми зборуваш за емпатија те мооолам. А за умреле умреле па сама кажа на патот кон промени ќе има жртви....така беше?
Па да де. Дури вие се мислите дали да прекините да го енејблувате системот, луѓе ќе умираат. Спротивставете се. Барем оние кои можите да си дозволите... А ги има, со тони.
Не знам зашто мислиш дека тие неколку што јадеме гомна сме некои што можеме комотно човек да утепаме и со врски да не влеземе во затвор. Обичен човек сум јас и тие. Не носам Луј Витон ташна, не јадам бифтеци по ресторани секоја вечер, немам хациенди на мое име, немам контакт од премиерот и министерот. И немам никаде врски, чисто вака за твоја информација. Само онака пробувам да ти кажам дека кога системот мене ќе ме изневери, и јас нема да ме боли да го изневерам законот.
Ех па сега и ти...не си го читала говорот на Кенеди: "ask not what your country can do for you, ask what you can do for your country." Така рекол на инаугурација. После изгледа оладил малку, па малку швалерај, па го застрелаа. Па уште не е јасно кој , дали е соло или не. Еве јас направив нешто за татковината: ја напуштив. Оти знаев дека ќе бидам несреќен граѓанин во неа , кој ќе мораше врски да фаќа оти ќе немав пари за приватно ако татко ми не ме спонзорираше. Или маж ми евентуално. Ама нели јаки штикли сме, не сакаме да се бесиме на грбачите на мажите. Бар јас не сакав. Неубаво ми беше.
https://sitel.com.mk/sitel-storija-...-i-celosna-nepodvizhnost-3-meseci-cheka-da-se Замисли некој да успее да ѝ фати врски на мајкава а ти да ѝ речеш "спротивстави се на системот, не го инејбл-увај, како така против законот" Едит Има луѓе со ретки болести како девојчево без терапија. Земјоделци без исплата секоја година имаме. Здравство крш. Образование крш. Воздух загаден. Цени до плафон а исти плати. И куп луѓе изневерени на овој или оној начин. За секој посебно протест? Што би била темата на протестот ако се излезе за све?