Ни ја кројат полека капата... Кадија те тужи, кадија те суди ќе биде нашето. Макрон веќе си го кажа своето... А да не брани, единствено може Србите. Мада од тоа "бранење" ќе имаме репетиција на Балканските војни. А знаеме како завршија тие за Македонците. Не ни се пишува добро во секој случај.
Адеми фрла предмети, Азири се заканува со кршење раце и нозе. Есдеесовци ги криват другите. Пак да ги гласате.
а овој првиов беше и министер за образование... може сеа министер за фрлање шољи да биде племе едно скапано. цел свет ни` се смее бе.Ова е мизерија бе.Онака срам ме фаќа коа ги гледам на вести и Фејсбук.Не им е срам и од децата дома шо ги гледаат? за кој к беше овој министер коа е насилник, сељак и абдал? овој д асе грижи за образованието на децата?????? државава е само за мочање. од авион горе да не` моча кој стигне.
Ама кој фактор е тој Макрон? Готово е со тие европски паразити, а ние да си собереме храброст и да ставиме до знаење што ние сакаме! Мора да притискаме да падне власта, опозицијата нека притиска, нека прави блокади, протести, душа нека им извади на ѓубрињана на власт, мора да паднат веќе еднаш. Мамицата ни ја расплакаа, и упорно во амбис не тераат. Епа сега му е мајката за вршење притисок, Амерот и ЕУ газот не знаат кај им е, нема веќе да имаат поддршка учките и заевистите. Гледате ли како се осоколени Србите, Вучиќ, Додик, па и Рама, курташак си тераат со ЕУ и Брисел и не ги есапат два посто. Јасно им е колку е саатот. Само ние вечно заспани и уплашени, напикани во европскиот задник само чевлите ни ѕиркаат, никогаш не гледаме кој воз ни иде во пресрет. Е доста беше. Мора да се издејствуваат предвремени избори, со Ќурка и компанија ни леб, ни струја, ни држава ќе видиме, па дури после со право ќе плачеме и нема да знаеме кој пат да го фатиме.
Што сторија деновиве, кој тепал или тепан, кој замавнал или го замавнале, скршен инвентар, кој навредил зошто му се можело или бил вознемируван... Бре бре бре тие таму работат за што се платени од народните пари или мислат во Холивуд се на снимање филмчиња, очигледно од чкљ категорија
Не гледам како може опозицијата да направи нешто овде. Та и едните, та и другите по ова прашање исти се и не гледам разлика. 30 години не туркаат во амбисот, а не може ништо да направат во државава без дозвола од Вујче и од Аљи. Така да, џабе ќе е и притисок и се за да го замениме Курто со Мурто или обратно. Ако се прават промени, мора да се прават коренити промени и се што е транзициско хоштаплерство и криминал да се исчисти од државава и да дојдат луѓе што ќе работат за нашите интереси. Мада, за такво нешто немоќни сме, а и може веќе да е касно. Еве ги, се јавија овие. Кој јунак ќе се најде на ова да рече не? САД ги поздравија напорите на Франција за тргање на бугарското вето, остануваат подготвени да го олеснат компромисот
Здивени се ептен. Ковачевски: Пратеник вчера снимаше пратеничка на 15 сантиметри од деколтето, не знам што ќе прави со снимката
Ова веќе ни на циркуз не личи... и циркузот е пософистициран. Ова е најдолно нешто, ми е срам што вакви луѓе седат на позиции и ми ја водат државата, ми се чини дека толку е мизерно и ниско што не е ни реално. Пародија да беше, па ќе речевме претерале режисерите... е до толку и мизерија. Ова глупирање во собрание, па снимале деколтиња, па не знам што.... Кардашијанс поарно да ни ја водеа државата, мајке ми. Срам!!!!!!!!
Одете на профилот на Божидар Божиновски има супер трикови за заштеда на струја. Нека ни е на здравје бричење на суво.
глупи сме шо ќутиме абе мамата ни` ја ебаа дајте нешо, протест да напраиме. Храна, гориво, струја, се` е до курца отидено, а минималецот не мрда.Да им се измочам на тие 18,000. Ако некој за сите сметки фрла по 6000+, за такво му се 18,000 не може ова вака. до коа ќе ќутиме?
Нас струја ни доаѓа 5000/6000 илјади сега кој знае колку, само за струја ќе се работи за јадење и друго ако остане..Народов уво не ги боли, мислиш во Швајцарија сме...
ги боли, ама на тастатура само. Место да протестираат идиоти ко оние од Завод за матични книги, шо едвај 2 листа куцаат у ден, треба сите да се буниме.Кој за по сака више се буни, а за нешто што не` засега цела држава, само на Фб знаат гомна да јадат.Затоа не` ебаваат како стигнуваат. Нас месецов, рачунав, за тројца потрошувачката кошничка беше негде 30,000 и кусур. Па нема смисла ова, а кај е гориво, кај се козметики, терапија некој ако прима, кај се сметки, кај е да искочиш БАР ЕДНАШ? мизерија македонска. А овие ако тргнале у Собрание да се тепаат, бар нека се заколат, и да се спасиме од нив.Ама секој следен ќе е таков.Цел народ сме мизерија, зинати и алчни за пари, таква ни` е коскената `срж.И секој следен ова ќе го праи... треба да почнеме од воспитувањето дома и работа на менталитетот, за утреден коа ќе застане на фотеља, да гледа да ти помогне, не уше толку да те соголи. ама видоа дека имаат овци за стрижење, па удри брате..
Многу чурук народ сме не за џабе сите во минатото не заробувале и правеле што сакаат со нас. Ќе си ќутиме и ако за 100% ја зголемат струјата. Тие што се греат на струја што ќе прават. До сега паштети и виршли јадевме, сега ни тоа нема да може да се дозволи се повеќе луѓе што просат ќе има се повеќе гладни. Ако за ваков народ и малку е нека почнат и воздухот да ни го наплаќаат.
па уше тоа остана.А ние овде и на Фб ќе се жалиме и шо? треба на протест да се искочи, масовно.Мене ми е преку глава веќе, ама дека ја ќе се тепам за 1,800,000 народ-шанса нема. у Скопје е се` ѓаол ипол веќе станато. Такси пред некој ден, за рута шо порано 170 зимаа максимум, 260 ми зема. И кафе 100ка, цигари едно друго, без 500 денари више не моеш да искочиш. У Рамстор идеш, млеко, леб, јогурт едно друго, пак 200 денари минимум млеконо на Битолско 67 како беше, е дојдено. до пред некое време беше 10 денари помалце. салфетки 100 денари ало, тоалет папир 200 и кусур е доено. Да не можеш ни до вц да идеш на раат.
Пред некој ден бевме да испазариме ситници некој за дома, ништо посебно не земавме една кеса 1600 денари...и тоа гледав пак нешто и на акција да фатам. Идеме дома се распакуваме и не ми се верува, порано со тие пари дупло ќе земеше сега ништо. Не знам што ќе се прави народов ќути, кафичи преполни изгледа во некоја друга димензија живееме.. очигледно
баш..ја секој ден пазарам за дома и гледам. Класика зиам секој ден, цигари, леб, јогурт, грицки нешто.И ме фаќа 400 денари па тек шампони улошки кога купувам?? из гор
Чекам некоја будала на форумов да се избаци со муабетот: "Ајде бе, само плачат сите немале, а сите по кафичи, по одмори се отидени, коли возат... станови имаат. " Оти знаеш, сегде во светот ОК е да пиеш кафе во кафич, да одиш на одмор, да возиш кола, само за нас е бес, и штом не јадиш сува корка леб денес за ручек, значи имаш, не си за жалење.
абе океј е, и ја идам на кафе, и ја палам некад кола ако треба на 40 да искочам.Ама пре би да купам 10 производи за 200 ден, него за 400.Поентата е да заштедам у џеб. И да, баш ако не е се` изгор, ќе има и за кафиња и за по молови.Ако некој ја остаи цела плата у КАМ, тешко дека повеќе од 2-3 кафиња ќе испие надвор, и тие се под знак ?