Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    181.128
    Бооо...29 апартмани прочитав, во вредност од 3 и нешто милиони евра.
    А ова само во Мкд, пшшшт...:bandit:
     
    На anaja1 и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  2. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    14.465
    Пол:
    Женски
    Стево Пендаровски за Илинден сменил програма, ќе бил во Скопје, а не во Крушево. Фуфка фуфка:D
     
    На Billy Idol, christinnn, zuto и 3 други им се допаѓа ова.
  3. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.486
    Пол:
    Женски
    На еден од најголемите македонски празници Илинден, Виктор Апостоловски пее Supermen.
    Браво бе, стварно преубаво.
    Англиски песни ќе пееме(не само Виктор и Викторија Лоба пее моментално), а што го имаме Тоше(кој патем е од Крушево), што го имаме Влатко Лозановски, Некст Тајм кои имаат преубави патриотски песни е жално.

    ЗА СРАМ СМЕ! До организаторите, ова е дно.
     
    Последна измена: 1 август 2022
    На jacqueline.s, Tea678, Ева33 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. devito

    devito Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2022
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    217
    Искрено сочувство до семејството на прерано починатата Илинка Митрева, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и министерка за надворешни работи.

    Како еден од основачите на партијата, Митрева го трасираше патот до она што СДСМ е денес, одговорна, државотворна партија.

    Голем е придонесот на професорката Митрева во градењето и афирмацијата на македонската државност во времиња кои беа полни со сериозни предизвици.

    Делото на Митрева останува трајно богатство за македонската дипломатија и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон државата и иднината на граѓаните.

    Нека почива во мир

    36B18486-D952-4DEE-9DD8-A9F550B04A18.jpeg
     
  5. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.601
    Допаѓања:
    15.953
    Пол:
    Машки
    Претседателот Пендаровски по 18 години за Илинден ќе оди во „Прохор Пчински“
    По осумнаесет години, претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, на 2 август 2022 година, вторник, ќе предводи државнo-црковна делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“.
    641.jpg
    Пендаровски, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, на 2 август 2022 година, вторник, ќе предводи државнo-црковна делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година.


    По тој повод, претседателот Пендаровски оствари телефонски разговори со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и со поглаварот на Српската православна црква, патријархот г. г. Порфириј.


    Двајцата претседатели во разговорот се согласија дека релациите меѓу двете држави бележат одличен развој во повеќе области. Посетата на манастирот „Св. Прохор Пчински“, која се случува по речиси две децении е позитивен импулс за отворање на нови поглавја во меѓусебните релации.


    Во разговорот со г.г. Порфириј, претседателот Пендаровски се заблагодари на патријархот за одлуката да биде овозможена посетата на манастирот која следува со прифаќањето на автокефалноста на МПЦ – ОА од страна на СПЦ.


    Во состав на делегацијата што ќе ја предводи претседателот Пендаровски ќе бидат членови на Собранието и на Владата и претставници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.
     
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Да се разбереме, ова моментално што се случува во Крушево е само митинг на сдс. Нема да ме чуди гангам стајл да ја заиграат.
     
    На Konfetka, Ева33, Anie93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Се обидуваат да го слават Илинден, но не се осмелуваат да кажат или напишат Македонија...


    Дијагноза СеверЏгани.....
     
  8. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Не за тоа...

    FB_IMG_1659439356628.jpg
     
  9. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Багра продадена....
    Го товарат народот ко стока, да урлаат северна,северна...:puke:
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.106
    Допаѓања:
    12.839
    Герман Филков имал статус зошто не честита и кому не честита Илинден. Го споделуваат по социјални мрежи. Јас не се согласувам со тоа што го пишал.
     
  11. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Што мислите за потегот на Данела за отказ на рамковните кои седат дома а земаат плата? Што би било кога во сите градови тоа би се случило? Етнички тензии или подобрување на економијата во државата? Знам многу случаи такви, зема плата и си му тече стаж на државно а уствари си брка куп други бизниси додека некој квалитетен кадар од нив на ред не може да дојде. Јас го оправдувам потегов и кој и да е и и македонец, турчин, албанец, што и да е не треба да седи дома и плата да зема.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    2.949
    Пол:
    Машки
    Груби ќе ги "вработи" у неговото министерство за 50% поголема плата, ако не ги има вработено веќе.
     
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    А новото име колку ви ги нахрани децата?



    FB_IMG_1660038056698.jpg
     
    На Bitter-Sweet, Ева33, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.601
    Допаѓања:
    15.953
    Пол:
    Машки
    Ова е по наредба од ДПМНЕ да се испровоцира некој скандал со ДУИ, а дека Данела самоиницијативно тргнала да го реши проблемов не верувам, бидејќи ниту е способна, ниту може да го направи тоа.
     
  15. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Каков скандал? Па време веќе и Дуи да одговара за криминалите, а бааги се. Инаку во Еу како?
     
    На christinnn и Ева33 им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.106
    Допаѓања:
    12.839
    Не само Данела, сите да го сторат истото. Не работиш, нема плата. Туку за најавените даночни реформи што мислите? Јас мислам ќе не докусурат. Прашање е дали дел од фирмите ќе преживеат. Друго, ако чепнат во заштедите, народот ќе ги вади парите и ќе ги чува под перница или ќе ги вложи во имот, но тоа може да го дестабилизира цел банкарски систем. Која е логиката да земаш данок од камата на 5.000, 10.000 евра, па и 15.000 евра. Па тоа се смешни суми, каматите се прениски. Дури и до 20.000 евра мислам нема поента да ги оданочуваат. Придонеси за хонорар? Ало. Јас кога ќе фатам тезга работам по договор на дело, и арно ама на тие пари фирмата ако треба на сите придонес да им плаќа, подобро да затвори, не се исплати. Инаку, хонорарите за 10 години се минимално покачени, а јас да си плаќам придонеси на тие пари? Нема шанси, нема да работам тезги и крај. Нека си пратат инспекции по цел северозапад, ете им пари во буџет, а не секој неписмен ќе ми се прави бизнисмен. Да почнат да ги тресат инспекции, 5 дали ќе останат да работат. Ни каса, ни фирма, сто години рака, овие па ќе оданочуваат депозити. Ќе видиме што ќе оданочат кога се тоа ќе се повлече. Колку аматерски.
     
    На Ева33 и supergirlmb им се допаѓа ова.
  17. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Немам многу појма од економија и даноци, ама нека оданочат банки, (ако не се)... Ако за ова не излеземе на улица, не сме народ, уште данок во крв нека воведат....
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.106
    Допаѓања:
    12.839
    Можат да воведат за банките, ама дали ќе сакаат. Друга работа, на 10.000 евра или 11.000, карикирам сега, каматата годишно е мала, таман како да се почести човек некое парче гардероба. Која е логиката на тие пари да му лупнат данок и да го замараат да оди да плаќа, да се мрцвари? Друго, да имам 50.000 евра, па нема да им дозволам да ме дерат со данок на камата, дома во сеф би ги чувала. Ај ако има некој банкар нека објасни од орочен книшка, депозит, да се прејде на неорочено, дали е цела процедура, нов договор или е само еден потпис? Ако е само еден потпис во прашање и тие со 5.000 евра ќе ги разрочат и чао.
     
  19. Loslassen

    Loslassen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    473
    На орочени депозити камата е 0.5% или 50евра на 10.000 евра годишно данок е 10% на 50 евра или 5 евра годишно. Или приход од 45 евра камата на видување е 0% или 0 евра. Со разрочување губиш 45 евра годишно на 10.000 евра а ако а сигурно ќе се зголеми камата ќе изгубиш многу повеќе ако ги разрочиш.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.106
    Допаѓања:
    12.839
    Ама проблем ќе е целата процедура. Којзнае каков механизам ќе воведат, едноставно не може граѓанинот да изигрува сметководител. Најлесно би било да стигаат писма од УЈП со пресметка колку да се плати и готово.

    Убаво кажав, камата колку да си купиш некое парче гардероба. Толку.

    Банкар си? Ако си директно да те бараме за банкарски прашања.