Најверојатно нема ни писма ни ништо туку само исплата со платен данок би имало. Администрација нема да има. Обично кај просечниот граѓанин се работи за ептен малку пари. 5-10 евра годишно. Прашај за банкарски теми има учено банкарство и следам такви теми. А и слично работам.
Затоа велам ситните риби да ги ослободат. Нека оданочат влогови, ама кај тие над 30.000 евра. Зошто да го замараат некој граѓанин за 5 евра? Само обврска плус му создаваат.
Ајмо, уште едно бугарско здружение во Охрид - “Цар Борис III”. Еврејската заедница и Фондот на холокаустот, гневни! Каде е ЕУ да го осуди ова? Во Германија не смее да се кркне на оваа тема, а не да се отвараат про-фашистички здруженија!
70.000 илјади евра за забава...А народов ќе куцка сметки за 1000 денари. Луѓе ќе молат за донации. Жална "држава", прост народ.
Го гледав Бујар Османи вечерва на Канал 5. Го прашаа за вработувања во јавен сектор по новиот попис и тој почна да си толкува како сака. Според него требало да се гледа вкупно, затоа што и иселениците вложувале тука, доаѓале трошеле пари. Аха, сака да ни каже дека плаќаат данок? Па зошто општини кои имаат најголеми проблеми со наплата на данок се Тетово, Гостивар, Куманово? Арачиново не ни плаќа воопшто. По логиката на Османи тие од Швајцарија тука праќале пари, трошеле, а тие над 100.000 Македонци од Австралија нели трошат, нели праќаат? Нив како тоа Османи ги заборава, макар и што не се попишале. А што правиме со еден куп непопишани Македонци? Не да не отворале врата, туку никој не им дошол. Имам роднини Македонци со 6 деца, никој не дошол за попис, а 6 деца плус возрасни дома нон стоп има луѓе. Тоа што сакаат ДУИ да го наметнат со третина Албанци во јавен сектор ти е класично крадење од лојалните граѓани. А Ромите кај се? А терен ги има, во статистика ги нема. Со слободно толкување на законите нема да не носат во ЕУ. И обичниот Македонец е многуу наивен. Сите во дијаспората требаше да се регистрираат. Сите на кои не ви дошле попишувачи, нагласија да одат да се попишат во канцелариите во општините, и сте требале тоа да го сторите. Не гласаш, не се попишуваш, не постоиш, и ќе плаќаш и за воздух ако треба ама нема да ги користиш ни правата кои те следуваат. Со пасивност сам себе се бришеш.
Колку пати треба да ви објасниме дека пописот е фалсификат со од напред смислени бројки? Дрва букови.
Да де, на пример на Антарктик не ги фалсификуваа Македонците, во Јужна Африка не, колку се попишале толку се, ама во Австралија ги фалсификуваа, оти не им се попишувало, а ги има над 100.000. Ај ќе те видам дали за 5 години ќе имаш на шалтер со кој да се разбереш. Не само ти, сите ние. Кај тебе не поминале? Пријави ли негде? Сигурно не? Епа какви права сакаш, ќе имаш само обрски. Жал ми e, не живееме во Германија, во Македонија сме. Има ли маж што на Груби, Османи ќе им каже дека во тие 24% Албанци има и Роми, Турци, Торбеши, и по некој залутан Македонец кој глуми православен Албанец, а и невестите од Албанија се тука. Секоја македонска општина има Албанци, 1, 5, 20, и тоа жени. Тоа ти се Албанките кои се омажија тука и веќе се државјани. Во паланечко село наидов на семејство што гласа за ДУИ, вработување државно од ДУИ, и нормално се пишале Албанци. Нека си направат барометар за вработување како сакаат, ние со празни џебови по маало ќе раскажуваме дека не сме криви, наместено било. Да не е Бајден крив?
Толку изнапиша и ништо паметно не кажа. Оди во темата навивај за Украина и за ветераните од учк не ми кажувај за бајден.Бајден не ми е крив зошто овој албанофилски план што ќе спречи руско влијание на балканот не е од Бајден лично туку е политика на Соединетите држава. Овој попис е срам и брука на неспособната предавничка политичка структура на власт.Нема зошто да гу попишуваат иселениците во странство зошго тоа е право само на тие што живеат во државата.Трпе од Австралија не е должен да знае дека има попис во Северџанија повеќе од Абориџин.Трпе одбра живот во друга држава. Македонците што гласаат за дуи не се полоши од тие што гласаат за предавниците,погледнете се во огледало пред другиот. За 5 години дали ќе сме живи или кој знае каде ќе бидеме никој нормален не останува во држава каде народот е толку прост да гласа за предавници.
Се пишуваме бугари само за до бугарски пасош да допреме, се пишуваме албанци само за до работа во администрација да допреме. И после некој друг бил крив, Едните биле патриоти, другите предавници. Некој не ни е крив кога го вртиме газот на сите страни. Пола држава се иссели, овие тука што останаа само политика бистрат. Ќе заврши сето тоа еден ден. Отиде државата.
Поединци со таков вонсериски капацитет, сите светски заговори сте ги осуетиле, и уште во Македонија седат. Кога ќе седнете во фотелјата на Апостол Симовски, тогаш одлучувајте како ќе се попишуваме. Идете на Артан Груби објаснете ми дека Трпе од Австралија и Суљо од Швајцарија не треба да се попишуваат.
Сакаш да кажеш дека ти си останала во Македонија затоа што си глупава? Со вас комуњари нема да губам време,со вас само лета магарето.