Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Ако може да те дополнам + советник за зголемување на наталитетот
    :D
    http://a1on.mk/wordpress/archives/214590
     
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Му рекол Грујо колку се македонците будала народ.... не е крив човекот :D
    Само едно не ми е јасно. Субрата дошол да учи од нашите како подобро да краде, или нашите го викнале овој како експерт на тоа поле :^)
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.239
    Допаѓања:
    140.324
    ^ Сепак мислам дека Субрата е експертот, од него треба да се учи. Не дека нашиве се за фрлање, ама за него се ученичиња, овој е на напредно ниво.

    Сега скоро се запознав со еден Индиец и кога му кажав дека кај нас нивниот Субрата е народен херој, човеков умре од смеење, па после се изначуди што ќе ни е, кога се знае дека е криминалец. И на крај заклучи дека ако толку го сакаме ќе треба да му дадеме државјанство, пошто таму кај и да е ќе го осудат, па ќе треба во затвор да оди. А ни тоа не е проблем, нели на синовите негови им дадовме, па за него никаков проблем не е.

    И така од една страна криминални „инвеститори“ се третираат како богови, од друга страна на малите бизниси им се е*ава матер. Вчера муж ми се врати од бербер нешишан, разочаран и вчудоневиден. Дуќанот на неговиот бербер бил затворен од УЈП. Се изначуди затоа што иако цел живот таму се шиша, никогаш не му се случило да не му дадат фискална. Еве гледам на офнет има и писмо до читател до Горан Трајковски на истата тема. http://off.net.mk/pisma-na-chitateli/pi ... ski-od-ujp
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Го чека 6-тото дете - солзи во семејството на Весна која доби вработување во Македонски шуми
    очигледно е дека во овој пример на вработување е наместено.Не мислам дека не им е потребна помош но нивната скромност неморале да ја прикажат вака јавно.Па имаат ли малце срам и грижа на совест ! :fubar: :swear: Нешто ни фали материјално на сите ,се стремиме кон тоа но овие не се до тој степен да бидат за на тв како пример .Можеле да прикажат некој друг пример на луѓе што навистина им треба работа и плата, каде во очите ке им се гледа сјајот и радоста .А не ЛЦД тв то што е репер за луксуз на невработни со таму 5-6 деца и живеачка од 1 плата :!: .МИЗЕРИЈА се СИТЕЛ ги мислев за повеќе професионалци но само си покажуваат колку се потрчковци по власта :@ !!
    Да не заборавам оваа дека со мн деца сега и следуваат + 2 пензии 100% а може да ја стават и во спот некој како пример да е покаже колку се жртвуваат родители и се зголемува наталитетот |(



    http://www.youtube.com/watch?v=FvYa6zj7T94
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Никогаш нема да ми стане јасно зошто луѓе што не можат да се издржуваат раѓаат по 5-6 деца. Не конкретно за овие, туку општо за социјални случаи низ Македонија. Не можам да најдам логично објаснување.
     
    На Daydream, Dvolicen и karenin им се допаѓа ова.
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    ^^ Па власта не доведе до тука, ќе ни треба за аплицирање за работа за освојување на повеќе поени.
    Гледаш дојденцине, оп 10 деца оп 30 поени, а ти после чуди се зашто не си примен. Епа не си се потрудил доволно бе македонче, убаво си прави власта кампањи, ама не трето дете туку девето дете им треба кампања.
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.192
    Допаѓања:
    136.087
    Жената да имала пари, ќе направела заби. Може ТВ да и е поклон. Ама ние да си ја наполниме душата со греови оти она се вработила, нели. И да плукаме оти се множела, требало со едно да остане. Оти нели ние сме компетентни да кажеме како треба туѓиот живот да се одвива..
    АКо сме способни, треба нашиот да го средиме, а не да се мешаме во туѓите. ДОбила работа, добила со среќа нека и е, за другите, следен пат.
    Нека и се живи децата, да не се поганиме со зборување против нив. Секое дете е радост, нивна си е одлуката. Наше е да не мислиме лошо кон туѓе дете. Не доби работа како социјалка, туку како многудетна, а имаше таква категорија.
    Се ежам од судење за туѓи животи, па посебно кудење оти имала деца.
     
    На Gordana10, bittersweet, MSkorpionka и 3 други им се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.224
    Допаѓања:
    4.273
    Нека и е со среќа но како мисли ем да работи ем да чува дете? Ми личи ова со вработување на бремени како мечкина услуга да направила владата. Да не биде после отказ бидејќи децата им биле побитни отколку работата.
    Немаат пари за кондом... :lol: Шега на страна, раѓањето деца, врските и другите крупни животни работи не одат строго според однапред планирани шеми туку имаат и духовна позадина, на пр. кармичка врска доведува одредени луѓе и души заедно. Но тоа е веќе тема за карма, реинкарнација.... (има во подфорумот Другата наука)
     
  9. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Женава што толку многу деца и подарила на оваа држава и сега шесто на пат,
    одма таа плата што треба да ја добива на работа би и ја дала, и дома нека седи, нека
    продолжи да ги одгледува децата.
    (освен ако таа самата не сака да се социјализира, ама ке има поголем терет сега).

    6 деца, алал да и е браво за неа и за сопругот! :clap: :clap: :clap:
    И уште колку срекна и расположена изгледа, полна со љубов.
    Таа за мене е херој на денешницава!
     
  10. Antula

    Antula Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    91
    Јас имам пријателка, Македонка, и жената има 12 деца, ви се верува ли 12 :o , па се сами со мажот си ги гледаат,ниеднаш не се обратила до ниедна институција или да си прави реклама со толку деца.Нормално семејство,сите се супер дечиња, да беше друга на нејзино место сто пати ке се изрекламираше во спотовите на владава. И камо некакви бенефиции од Гвујо и Субрата за вакви мајки или треба на оглас да се јави,сама да си бара? Ние сме ти народ со извитоперени вредности, поради одреден дел луѓе што ги интересира само материјалното сите останати го јадеме стапот. И на крај ве молам Субрата ќе ни биде национален херој, па може и споменик ќе му изградат. Не ми се верува во каква комична држава се претвориме,баш Боливуд.
     
    На jb82 и karenin им се допаѓа ова.
  11. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Во време во кое живееме, пад на наталитетот, секако дека грижа на државните органи треба да биде и ова прашање. Праксите во западните земји барем се такви. Во Германија мајката имала право дури до 3 години на породилно отсуство, со тоа што, секоја наредна година и се намалува порцентот кој го зема како надоместок за плата. Но таму добиваат и детски додаток. Се со цел да се изградат квалитетни личности.
    Значи државата тоа го нуди, а на жената е да избере, дали ке земе 3 години породилно или не.
    Психолозите велат до третата година се образува карактерот на личноста, може не случајно дозволиле до 3-та година породилно.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    Со сините картони се поправаат заби.Мислам е даден само мн лош пример за вработувањето бидејќи има мн луѓе што живеат во голема беда ,без избор голем за работа а со соодветно образование.Дај боже сите да се вработат во администавција и да бидат на државна
    цицка
    цел живот но не разбирам се пикаат со сила каде што не бива .Очигледно е дека има превработеност во администацијата и еден од условите за приер во европска унија е намалување на администацијата .Ова со полицајците ке го надоврзам тоа не важи за македонци ДЕФИНИТИВНО .Но барем нека бидат фер и нека нагласат во огласите а не некој да се надева и да губи време и пари трчајки по шалтери :fubar: .
     
    На jb82 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Забот може пред 5 дена да го извадила :D .
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.192
    Допаѓања:
    136.087
    Ти од кога не си бил на забар? ЗНаеш колку е мост на заби? А ако ги нема сите до крај знаеш колку пари е? Може само кариес имаш, ама еден кариес е 600 денари поправка.
    Ако не се сеќавате имаше различни категории на лица кои се вработуваат. Меѓу нив беа и многудетни семејства, што не е автоматски сиромашни леб да немаат. Таа е друга категорија. Кога веќе исполнила услов, оти да не си поднесе документи? Секако една плата е помалку од две.
    Инаку, и мене не ми се допаѓа што вработуваат по сиромаштија место по интелегенција, ама па овие сите ке работат на терен(пожари и пошумување), така што многу памет и не треба за таму, па поарно сиромашни да се вработат.
     
  15. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Не се сомневам дека тие што добиле работа се лица на кои не им е потребна.
    Сега партиски и ли не, кој ќе вештачи.

    Многу побитно за мене е кој ќе ги “направи тие плати“? Извор?
    1. Кредити, и
    2. Приватниот сектор, се разбира

    Ако се потребни тие работни места во ред, ако не, кој ќе ја плати таа превработеност?
    Како и да бумерангот ќе се врати еден ден, кога и да е. :x
     
  16. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    Изговорите ти се очајни немам ништо лично против тебе но не се обидувај да не убедиш повеќемината тука дека оваа е од тие што се очајни за работа.За она со забите нејзини се гледа колку се грижи за себеси,каква личност е и колку е одговорна (финансиите ама ИЧ не се пречка за навремена рекација )..Кога станува збор за здравјето треба-ло да се поангажира повеќе (а не да глумат лудило и беда ) .На што ке личи и каков впечаток ке остави СЕГА кога е веке вработена или пак можеби владава ке ги субвенционира и за забите и сите естетски корекции што им фалат на тазеВработениве :?: .Без разлика дали ЛЦД то е подарок остава лош впечаток во приказната за вработување-то .
     
  17. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    извинете офф топик :D

    Се јавувам во Индија да прашам за Субрата Рој, и од таму ми викаат:
    - Субрата Кој? Тој од Македонија?!!
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    ^^А дали знаеш ти дека со секоја бременост бебето го абсорбира скоро 70% од калциумот од мајката??
    За време на бременост најранлива категорија се баш забите, ако има жената расипани заби не значи дека е неодговорна, баш напротив, одбрала за време на бременост да не го труе бебето со лекарства за таа да биде лична. :!:

    И зошто толку омраза спрема семејството на женава, не значи ако се многудетно семејство мора по дифолт да бидат бедни, сиромашни, прости итн.
    Браво за храброста за толку деца, за децата не се потребни само пари, потребни се и нерви, алал да им е. :clap:

    Плус тоа со пензиите, тие важат за деца родени после 2010 мислам дека беше а колку што видов помало дете од 3 години не видов, така да ако роди уште 2 ќе може да го земе тој надоместок од државата.
     
  19. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    Дали е ист примерот или ова е реалноста што се бара :!:

    http://www.youtube.com/watch?v=n8u7ECgqr3g
     
  20. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    ^А на овој што му фали за да мора државата да му обезбеди работа?

    Во Прилеп и околината летово се плаќаше 120 денари сатница за берење тутун...120*10=1200 денари, два дена 2400 денари ете му за документи, туку не му се работи физичка работа, не му се учи па сега државата мора да му обезбедува работа.

    И во случајот со жената таа си добила работа бидејќи спаѓа во категоријата многудетно семејство, немало категорија многудетно и обавезно бедно семејство, си имала среќа, врски што ли е, си добила работа и со среќа нека и е.

    И сега на кого треба државата повеќе да помогне на жената која има 5 деца и 6-тото на пат а не барала ништо од државата туку си конкурирала за работно место или типов кој е здрав, прав, без жена, деца за издржување? :?:

    Не може без да фрлиш зад себе да најдеш пред себе, јас на мојата држава од секоја неделна плата и давам над $200 данок (си фрлив зад себе), сега кога го родив малиот државата ми подари $8.500 и плус ми дава 1/3 од платата и $400 од дете додека најмалото дете не наврши 6 години (си најдов пред себе).
    Мајките се најподржувана категорија во оваа држава, така се потикнува наталитетот а не со реклами.
     
    На tessie, kva и mimiiiii им се допаѓа ова.