Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    40.067
    Пол:
    Машки
    Па никој не оди ЕУ од многу љубов кон политиката нивна. Одат затоа што е најлесно да избегаат од сиромаштијава.

    Утре Русија да ги отвори вратите за Македонците, и таму ќе одат во поголем број.
    Сега, буквално нема шанси да се вработи или мигрира таму.
    И сето тоа е поради глупата политика на нашата влада која наместо да се труди да договори без-визен режим и да прошири соработка, она расипа уште толку односи. :)

    А кај Вучко тек ќе почнат нашите да одат...

    СРБИЈА ОЧЕКУВА 30.000 РАБОТНИЦИ ОД АЛБАНИЈА И МАКЕДОНИЈА ОД СЕПТЕМВРИ, платите кај нив се двојно поголеми
     
    На Bratot, Fraxinus, La Stilla и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.107
    Допаѓања:
    12.842
    Во Србија наскоро пак ќе го зголемат минималецот.
     
  3. sweet&girl

    sweet&girl Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2022
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    214
    Тој што оди во ЕУ или било каде не го ни интересира политика. Оди таму каде што се функционира и каде што е платен за трудот.
    За разлика од кај нас каде ништо не функционира, а се работи за едвај колку да се прехраниш.
    И онака за неколку години дали и ќе има некој работоспособен останато овде, па ако некогаш влезиме во ЕУ тогаш нема да биде проблем за следните генерации да бегаат од овде.
    Ќе се враќаат овде во пензија, и онака Македонија станува земја на пензионери.
     
    На Tanjamm и WildMk им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Не сум чула досега некој да посакал да се пресели во Русија, за да избега од сиромаштијава.

    Ако има таков, нека се кажи.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    40.067
    Пол:
    Машки
    Се испотепаа наши функционери и лица на високи позиции да ги пратат децата во Русија на студирање.
    Буквално најелитните студираат таму.

    Да не ги заборавиме и стипендиите кои секоја година ги даваа од Рускиот Конзулат.
    Имаме ние висок кадар кој студира и работи таму.
    Ти покриваат стипендија во Петерсбург, Екатеринбург, Новосибирск итн. итн. И по завршување одма добиваш работа во најнапредни научни сектори, IT, Development, Researching, Nuclear energy, Space Technology...

    Има и луѓе што работат на нафтени платформи, гасоводи, дрвосеча, бродоградилишта и други високоризични работни позиции од Македонија.

    Тешко е да се замине поради бирократски работи, буквално сме непожелни во Русија. Американец има поголеми шанси за виза, отколку Македонец.

    Животот им е солиден, а после војната им е кренат стандардот дупло од претходно, а цените им се спуштени. Храната им е дупло поевтина од овде. За сметки, гас, струја, вода, кабелска и интернет плаќаат 1500-2000 денари месечно. Ние зимово ќе плаќаме по 200-300 еур.

    Сите овие што одат во Словачка, Чешка за работа во фабрики по 5 еур на час, Италија на берба на грозје, итн. итн, да има можност, сите би заминале во Русија уште веднаш.

    Еве сега им треба ИТ кадар и друг високо квалификуван кадар, и тоа даваат одлични плати, дури и повисоки од овие во средна Европа. Притоа давачките за живот се многу, многу мали.
    Поголема шанса има да се оствариш и да направиш поголема заработка во Русија, отколку Полска, на пр.

    На големо им доаѓаат луѓе од бившите Советски републики, 1.5м од Украина само, од Стан државите, од Кафказот, Индија, Пакистан...
    Или собираат наједуциран кадар, кој ќе има огромен импакт врз економијата. Или кадар кој им треба за тешки физички работи.

    Ама поради дебиливе во нашава влада, наш кадар не може да конкурира и да ги има овие можности. Буквално народот е принуден да вади бугарски за да избега од сиромаштијава.

    Е сега многу од тие ќе заминат за Србија. Медицински персонал буквално има дупла плата од овде. Мајстори и занаетчии од секоја струка се крајно добро платени таму.

    Сите оние над 40 години што не сакаа(т) да заминат во Германија, или не сакаа бугарски да вадат, сега ќе заминат во Србија.
    Блиску се до дома, јазикот го знаат, нсместо да учат Германски, ист менталитет, кафани, певаљки и пиење. И сето тоа за 1500 еур месечно, па и повеќе, зошто да не одат...

    ИТ и сите административни аутсорсинг таленти кои уште учат овде и мака мачат да добијат прво работно место каде ќе ги зезаат за 400-500 еур плата, и тие ќе заминат по Београд, Нови Сад, Ниш каде ќе може полесно да најдат работа, да бидат по вреднувани и да имаат дупло повисока плата од тоа.

    Селца и градчиња околу Нови Сад во Војводина се празни. Има куќарчиња по 5-10 000 евра. Југот им е празен, а имаат големи градови што може да се развиваат во иднина како центри.
    Ниш, Лесковац, Врање, Златиборскиот регион.

    Сите старт - ап компании кои ги вртат во бирократски лавиринти овде и им бараат рекет, сите ќе заминат и ќе отворат канцеларии таму.
    Странски инвестиции наместо овде, ќе се селат таму.

    И тоа е кога Македонија е водена од дебили, кои настрана што крадат, не се кадарни за било што да направат, никаква промена, затоа што немаат капацитет.
     
    На La-loca, sonuvana и Bratot им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Јас прв пат слушам, ама можи и да ги има.
    Со среќа нека им е.

    Не би сакала да имам никаква врска со Србија, Русија, Кина, Северна Кореја и таквимити
     
  7. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    40.067
    Пол:
    Машки
    Не примаат таму кадар од граѓански и НВО сектор. Небитни им се.

    Ама затоа технологија, наука, медицина, хемија и researching се секогаш добредојдени.

    Белорусите пример имаат најдобра ИТ популација во Европа. Огромен прилив имаат во буџет. Затоа и добиваат најголеми повластици од државата. Ниски даночни стапки, можности за инвестиции, старт-апи, full digitalization имаат на секој сектор.

    Хрватска, Црна Гора, Португалија отворија можност за оваков кадар, Digital Nomads да добива 2 години резидентна виза без никакво даночење. А во иднина сигурно и можност за државјанство би имале.
    Грција, Кипар и Бугарија ја разгледуваат можноста.
    Е тоа е паметна политика.

    Што прави нашата држава од друга страна за овие кадри кои буквално највеќе придонесуваат економски? Во план е да донесе нов закон и да ги оданочува 50%.
    Сите ќе заминат од овде.
    Ќе останат само државна администрација, НВО, граѓански и други плакатолепачки сектори. :)
     
    На sonuvana и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Извини, ама јас сум поборник за скалест данок.
    колку поголеми приходи, толку повеќе данок треба да плаќаш.
     
    На staycalm и violetblue им се допаѓа ова.
  9. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    40.067
    Пол:
    Машки
    Тогаш да почнеме од тие на Водно првин. Потоа од оние во Арачиново кои данок последен пат платиле 90-та. Па да воведеме скалест данок. :)
     
    На ForeverYoung и WildMk им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Сите.
    Се'.
     
  11. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Абе ти се зезаш ама едно добри 20% од фирмиве со кои соработуваме што имаат органоци тука и во Србија, во моментов дури тука пишуваме базите од Македонија во Србија си ги преместуваат и намалуваат производствени погони тука, т.е. поефтино им е да работат таму со оглед на цената и очекувањата за достапноста на струјата. На оваа наша невработеност ова ќе е многу тежок удар.
     
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    40.067
    Пол:
    Машки
    Како?

    Ја не гледам никакви напори да се среди преку закони, државни механизми или на било каков начин овие луѓе да се оданочуваат.
    Арачиново троши повеќе струја од 1/3 од источна Македонија.

    [​IMG]

    Буквално се удира само по таа средна класа која е столбот на економијата.
    Се гледа да се исцица и последното денарче од народот.

    Зошто некој програмер со 1000 еур плата, или некој со пекара во Битола да плаќа и за нив данок?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Како?
    Со прекинување на традицијата на: Се знам со ојле-дојле.
     
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Треба да се бори за намалување на данокот, а не само за неговото покачување. :!:

    Треба да се имаат пореалистични очекувања.
    Тој што до вчера не плаќал никаков данок, никакви сметки, нема ни од утре да ги плаќа.
    Тој што плаќал, ќе продолжи да си плаќа.

    И зошто би се зголемил данокот на тој што си ги исполнувал своите должности?

    И што е најважно - што мислите, кај кого ќе отидат тие пари од данокот? Кај тој што има помалку? Или кај тие што се во фотеља? Која е поентата на данокот? За хуманитарни цели да не е случајно?
     
    На Tanjamm, Осе и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.529
    Допаѓања:
    21.320
    Скалест данок да ама за енормно големи приходи што патем не го имаат обичните луѓе.
    А не тој со 30000 да плаќа многу поголем данок од тој со минимална иако и двајцата имаат скромен живот.
    Треба да си стварно наивен да мислиш дека ниските даноци се проблемот.
    Најскапи патарини плаќаме, најскап бензин... каде идат тие пари?
    @WildMk ај погоди од трипати зашто баш во Арачиново си крадат струја без да им се зуцне. Ај.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Сѐ дур:
    Сме јаки само на фемина и фб
    Искачаат на протести ради партиски цели.
    Нема да нѐ бидне.
    И ако нѝ е.
    Ние меѓунас не сме сложни и се делиме по партии.Епа нека ве дерат
     
    На Осе и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.529
    Допаѓања:
    21.320
    Па еднаш кажувам ова и добив одговор оти сегде е криза, светски проблем било ова со инфлацијата и струјата, не само овде.
    Океј.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.107
    Допаѓања:
    12.842
    За струјата треба да си одговараат. Нема што јас да перам на евтина, и да му плаќам на некој друг. ОЈО да преземе мерки.
     
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Така им одговара.
    Шо ќе ти речат иначе? Дека сме сами криви? Ја тоа од наш чоек го неам чуено, некој од Кина ќе го окриват ако треба.Бетче попрво ќе ја окриват, ќе речат абе умре, не нѝ помогна, него да речат да глуп народ сме
     
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Шо ќе превземаат бе?
    Арачиново, Грчец и остала екипа не ни плаќаат струја
    Зимово народ имаше по 10,000 и више сметка, некој 1 денар не платил за сметка.
    Тие 10,000 шо некој ги троши му значат многу, а другиве ги штекаат да може вилетини да градат на крај на Скопје и да пичи некоја мечка.
    Бегај таму
    Распала држава, фуј
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.