Ова е начин олигархијата да приграби што е можно повеќе земјиште за евтини пари. Кога ќе е во нивна сопственост, после лесно е да диктираат цена на производи во еден таков монопол. Феудално општество.
Одличен закон. Имаме плодна почва, која не се обработува. Вака ќе се локализира производството. Колку повеќе произведуваме, помалку ќе увезуваме. Мисли глобално, делувај локално.
А како тоа смее државата да располага со нечив приватен имот? Па и притоа пак да си плаќаш данок? И јаре и паре сака, буквално. Ете нека ја земе скрос и да си ја плати на сопственикот. Освен тоа може да поттикне развој на земјоделие така што нема да ги онади у дуп земјоделците со откупни цени.
Продај ја ко не ја работиш. Пелагонија ја снабдуваше цела Македонија со жито, сега увезуваме. Ќе чекаме од Украина?
Свесна си колку до денес јаболки, грозје, млеко, ориз и други се скапани и расипани оти државата им нуди смешни цени на земјоделците? Или некогаш воопшто не ги откупува.
Кому ќе продадеш 10тици тони грозје или ориз? На рандом луѓе им продаваш по кило две, не повеќе. А мора одма да се продадат, иначе се расипуваат.
Твој проблем. Продавај за Орифлејм и пиши им на Владата да ти ги откупат производите оти по еден кармин си продавала, а не цел пакет.
Адаптирај се на законите за насилство и силување де, не барај да се сменат како постапуваат. Твој проблем ако те тепа маж ти, зашо мвр да се секира.
Не е исто. Ама ако државата кур ја боли за твојот леб, нека ја боли и за твојата безбедност. Сами да се снаоѓаме за сѐ, оти да не?
Бизнис е. Економија е. Не функционира по лични желби, туку по економски правила. Научи ги, па врати се, ќе прајме муабет.
Како тоа домашно млеко е поскапо од увезено, а истото тоа што е домашно овде, во странска земја е поевтино од тука? По кои економски правила? Еве сериозно не знам.
Не може државата да не се меша за тоа кај ќе ги пласираш производите а да се меша за тоа дали ќе ја работиш нивата. Ако е твој проблем пласманот, твој проблем е и дали ќе ја работиш нивата. Споредбата со Орифлејм не ти држи вода пошо државата не те принудува да продаваш за Орифлејм, ниту плаќаш данок ако не продаваш.