Па не плаќаат данок за земјиштето што им стои така. Прочита веста? Ни еден не ја пријавил нивата. Е сега ќе ги чешлат, по катастар. И треба *Никој не те принудува да ја работиш нивата. Продај ја, ако не ти се плаќа данок
Нивите се пријавени дека се нечија сопственост и си плаќаат данок за нив. Проблемот е што сакаат да плаќаш повисок данок ако е празна. Пак ќе прашам и јас - ако е твое гајле пласманот, зашто да не е твое гајле дали е празна или обработувана ТВОЈА нива? На мое име, јас ја имам купено или наследено, јас ќе правам што сакам со неа.
@WildMk данок се плаќа, разбираш ти? Сакаат ПЛУС данок да им земаат, ама ај знајме дека си СДСМовска во душа, не смејме ништо да речиме на преку за власта твоја насушна.
Плаќаат данок ама обичен, а не повисок. Вајлд, овде не зборуваме за богаташи што не ги работат нивите пошо и онака се пуни со пари, туку за луѓе шо наследиле некој хектар ама немаат есап да ги работат затоа што се најчесто отселени по други места, немаат земјоделска механизација, немаат знаење, ни време ни можност, а богами ни есап да ги работат тие ниви. Дел од нив ги издаваат за симболична сума, дел ги даваат беспари на користење, ама ете има ниви кои никој не се нафаќа да ги работи и беспари. Да ги продадат не им се исплати, ќе треба да ги дадат малтене за џабе, а дел од нив и ги имаат дадено пошо немале друг избор. И тоа, како што спомна @Billy Idol е и целта на овој закон, да се примораат тие луѓе да ги продадат нивите пошто зошто на големопоседници.
Ако е криза нека откупува државата харпата. Ама сакаат идиотите ем повеќе пари, ем да не ти плаќаат харпа.
Е па ајде Вајлд оти сме во криза нека ти опне државата данок оти не сакаш да одиш да работиш во фабрика, а притоа да не се замара државата дали ти плаќаат и колку или си во зијан што треба да патуваш до Бунарџик секој ден, битно треба да плаќаш данок што не се користи твојата работна сила во оваа криза, а носат Украинки во Кромберг и Шуберт.
Администрација прва треба да лета! 120.000 луѓе 1 милјарда евра најмалку, годишно само за плати а ништо не сработено предмети во фиоки кака кики со кафињата Ојте бришете сите!
Ама немој Арачиново да ги натераме најобичен данок да плаќаат, албанофобија сме ширеле. Албанофобија или има албанопривилегии
Аха то го пишав И албанците се криви и бугарите и грците и ВМРО и СДСМ Ама народот (читај: македонците)... каков прекрасен народ Овде мито, онде цицање Лепота
Да де, рековме... не се ни ВМРО, ни СДСМ, ни албанците ни бугарите... само македонците... орајт, ете оти се лоши и никакви и криви ќе плаќаат дупли данок за нивите во Недојдија.... само да не ги чепкаме другите. Албанциве не цицаат, не работат со мито? Не се по рамковен вработени без да одат на работа? Демек се друго цути, ама македончево криво оти на нивата не плаќало дупли данок... абе Бог да чува, одете скријте се негде со муабетиве. Криви сме шо имаме партиски војници еве вака шо се истренирани како да размислуваат и како по форуми да пишуваат. Истренирани да велат народот е крив, се друго е цут. Албанците се цут, власта е цут само народот е.... како беше... а да СТОКА (претседателот така ве нарече, мизерии белосветски)
Рамковниот е само уште една алатка која се користи за корупција, како и се' друго во државава Се' ако функционира со корупција, кој-колку можи, корумпира Дајте пример вие, ко сте толку 'просветлени' Покажете им како треба Пријавувајте криминал Не корумпирајте Барајте да се казнува секој што не постапил по должност Плаќате ебате, државни службеници, за да си ја завршат работата, за која веќе се платени. Оти очекуваш да не го прат то и албанците?
Кога се фунцкионира со корупција, не очекувај некој да се понаша поинаку *И ти си државен службеник И ти си партиски војник Се знај на државно како се вработва
Свекор ми беше пратеник. Никој од фамилијата не сме работеле на државно, ни еден ден. Мислите дека не можевме?
Пола држава не плаќа данок, овие некоја нива на 30 км од град ќе ја даночат плус. Да продадете нема кој да купи. За викендица некои ниви се далеку, ако не се покрај пат, а ако нема вода, не се ни за обработка. Ама немајте гајле, кај нас хартија трпи се, во пракса ништо не функционира.