http://www.youtube.com/watch?v=fcbQ7fuKuSE Еве во песната е опишана актуелната ситуација во нашата земја ... ... видечеш призоре потресне, видечеш несречне и болесне, видечеш чемер, смрт и јад... ... свима су ставили амове, себи саградили храмове...
Си одам ја накај град со другарка и пред мене плакат . И и викам на другарка ми... Шо е финтава со плакатов? И од позади ми се појавува Филип Петревски со точак Ми вика.. Еве ние имаме еколошка и ефтина кампања, и делиме флаери по улица и се возиме со точаци за да не загадуваме
хахахахах Кукличке мислам премногу ја гледал амбасадоркана Филипини ццц, а и во стил за 5ти бе пошто ни го уништија од старт празникот цц па он да се покаже. Абе може имаше нешто интересно во тоа што го имаше напишано, ама ептем бои, се тресат букви, набрзина ми помина се и музика тркачка не успеав да видам што кажува, а беше против владата демек некои факти. ццц Еј ќе не придобие можда нас зелените на своја страна. И без тоа планирам за некоја мала партија да гласам и би јас малите да се обединат и сами влада без големиве, ама пусти мои утопични соништа и идеи. Само штета што ги нема е дуели, такви работи за да ги чујам сите, кога по митинзи не одам. Како ќе знам, на врата освен од кај Љубе никој не ни дошол ццц Ахахах со точак бе. Зелени гласајте за него. Не троши пари за реклами, не троши за ништо, зелен е.
^^^ Јас не одам на гласање, полагам на 6, немам време за губење да си одам дома специјално за гласање, па да се враќам назад. Инаку, кога би гласала, би гласала за достоинство.
Има плакат... Подвижен . Го носи секаде со него. Ама ај, другарка ми ја убеди да гласа за него. Мене самото име Демократска десница ме одвраќа од намерата, без разлика што го ценам зошто ја среди библиотеката http://www.youtube.com/watch?v=VLnmfdu2RzI
Е за библиотеката богами да викаш подвижна реклама сам си ја носи. Тоа е посветеност, колку повеќе ми збориш толку по го засакувам хаха Не знам името ич не ми смета, макар по онаа класична класификација на идеологија повеќе ми одговараат либералите, но никогаш не ги имам гласано, всушност, секогаш предавав неважечко ливче. Во средно школо кога бев, како младите сили на форумов од ВМРО, јас тогаш бев про-СДСМ и одев на митинзи немаше како да не следам политика, кога учев во Борис Кидрич право и требаше да гледаме парламент и да анализираме за законите и партиите кај класниот ццц на класен час Кога дојде војната реков БУ за СДСМ и се преорентирав кон десницата, но сакав да го нема Љубчо во десницата. Кога го снема Љубчо, дојде Бучко уште поголемо Бу им дадов на левицава огромно да не кажам, макар што во нивно време одев на пракси во институцииве. Кога дојде Грујо ми изгледаше ко нешто ново свежо, баш тоа сакав. И ми се допадна ептем. Ќејф ми беше човекот, затоа што не беше стил на СДСМ и БЦ просто, бидејќи воопшто не ги сакав. Ама набрзо и на Грујо му реков Бу! ццц Сега пак ми треба свежина ко со Грујо. Се мислам за Достоинство и ЛДП. Но не ми се гласа поради фактот што ќе си коалицираат со некоја од овие две големи. Тоа не ми е ќејф мене лично.
Кога ги спомна жапче малите парти и јас помислив на Достоинство (десничари се (нели?), па можда ќе влезат во коалиција) . Мислам дека многу луѓе би гласале за нив кога не би ни била врежана во глава помислата дека малите немаат шанси. Спојлер многу ми се допадна оној дел од интервјуто кај Миленко - Јас сум Генерал и не ми доликува да коментирам такви работи ( за изјавата на Бранко за ГРЕВОТ) последен дуел на кој се сеќавам е Горгиевски - Црвенковски на МТВ ... се сеќавате? резил! ех да нема ни митинзи, ни дуели, ни избори... како и да е, ситно броиме 004
Да, баш тоа сакам и јас. Двете големи партии ми се до бескрај истрошени. Ги видовме во сите можни варијанти дури и симболите си ги испомењаа, те тупаници, те овие портокалеви, па сеа станаа црвени пак, откако се врати Љубчо, работава да покажат они се вистинското ВМРО. Не гледам ништо реално позитивно што имаат да понудат, освен шарени лажги за работи кои веќе ги понудија еднаш и двете во нивно владеење а не ги исполнија. Сите ветуваат покачувања на се, а државата со празна каса. Зима пишанки од каде ќе стигне само за плати на администрација, а да не збориме за друго. И јас сакам малите да пркнат. Ако ништо друго меѓу себе да коалицираат со албанските партии и да видиме едно такво издание. Можеби и ќе имаме ние поинаку што мислиме од големава десница и левица среќа и да видиме како ќе ерозираат таквите големи системи од партии кои имаат ништо друго а едно постојано членство и симпатизерство и многу ветер и магла. Време е за промени во земјава.
Абе, додека сите зборуваме дека никој од маливе нема шанса, нема ни да имаат. И јас ќе гласам за мала партија, и ќе верувам дека ќе им текне на лугево дека нема леб ни од сдс ни од вмро и дека мора да се оди на 3та опција.
Па кај сте биле сите вие цело ова време на форумов дур се борам со обоени и еден ме бои во спротивните друиот во овие првите хахах. Драго ми е што не имало сепак. Од негде мора да се почне,
Финансиски се моќни големиве партии ... а како и во секој бизнис, така и во политичкиот ( кој е изгледа најисплатлив ) рекламата чуда прави. Како да му се приближат малите партии на народот кога се лимитирани со мали расположливи средства.
Знаеш како, и таквите партии самите треба да сфатат дека можат сами. Секоја од нив сака да си ги измери сама силите да види колку пратеници ќе има, се тоа супер, ама тие крајна дестинација им се големите партии за да коалицираат на крај, да влезат во влада. Е коа би и они самите смениле стратегија, би коалицирале заедно и би се одржале а да не се покажат ко првана влада на МК експертската е тогаш е по ок, бавно и тие ќе привлечат финансиски моќни поддржувачи, пошто и тоа нивното претставување е исто ко и се друго,ако излезеш пред фондот со добар проект, ќе му ги земеш парите, ако не ништо. Не секогаш најголемите организации во земјава џапаат пари за проекти, а и малите. Ене и една друга форумџика - Ашлинг имаше напишано во друга тема тука, дали ќе гласате баш за тоа со Достоинство дека немаат 24/7 реклами. И јас вчера баш ги видов и Филип за прв пат и Достоинство. А, овие двеве,аман удавија.
Еве нешто, тазе актуелно Викиликс открива: Ахмети му се жалел на Рикер од Груевски и од Мијалков Али Ахмети лани летото барал американскиот амбасадор Филип Рикер да изврши поголем јавен притисок врз премиерот Никола Груевски да го реши спорот за името, открива Викиликс, пренесувајќи белешка од Рикер за негова средба со Ахмети во семејното бачило на лидерот на ДУИ на Шара. Амабасадорот Рикер одговорил дека тој ги одмерува јавните коментари, за да го избегне нагласувањето на несигурноста на Груевски и дека акциите „позади сцената“ често можат да бидат поефикасни. Викиликс пренесува дека Ахмети остро го критикувал и шефот на разузнавачката служба Сашо Мијалков. Лидерот на ДУИ на Рикер му рекол дека одамна го предупредил премиерот да го реши спорот за името со Грција и да воспостави дипломатски односи со Косово, зашто во спротивно и односите со Србија и со Бугарија ќе станат проблематични. Во врска со Мијалков, Ахмети рекол дека тој имал преголемо влијание врз својот братучед. Лидерот на ДУИ бил загрижен дека Мијалков има контакти и желба да ги провицира тврдите албански елементи во Македонија за да создаваат проблеми, кои Мијалков би можел да ги искористи за да оправда поширока акција против албанската етничка заедница. Иако критичен кон внатрешниот круг околу Груевски, Ахмети рекол дека претседателот Иванов изгледа како „добро момче“, но чувствува дека тој „повеќе е професор од претседател“, му недостасува моќ и де факто е подреден на премиерот. Ахмети забележал дека во претходната влада со СДСМ, ДУИ контролирала посилни министерства од сега. Тој го критикувал и предлогот на Мендух Тачи за замена на Охридскиот договор со нов. Ахмети на Рикер му рекол дека го преферира лидерот на Нова Демократија Имер Селмани, како поконструктивен и поразумен. Тој исто така рекол дека Селмани е многу близок до Груевски, со кого заедно се посетувале во домовите. Ахмети ја критикувал и политичко-религиозната агенда на премиерот Груевски. Во Македонија има повеќе цркви и џамии од верници, рекол тој и додал дека владините пари треба да се трошат поефетктивно. Прeвземено од Sky.mk
Па јас секогаш мислев дека Ахмети е најдобро да биде во владеачката коалиција од сите албански партии. Ете пак се докажа дека човекот иако е тивок и не толку актуелен на политичката сцена е добар тактичар и знае да ги превземе вистинските чекои во вистинско време. Колку толку кога беше на власт меѓуетничката ситуација во Македонија и не беше толку лоша освен оние намерно предизвикани Фејзбук инциденти. Се гледа дека човекот имал идеи и перспективи за иднината на Македонија во ЕУ и НАТО но очигледно нешто и некој го кочи тоа. Како и да е мислам дека е најдобро пак да си го добие мандатот оти од она што го слушам по митинзите од Албанскиот блок сите делуваат некако одмазднички кои едвај чекаат да ја превземат власта за да им се одмаздат на Македонците за наводно направената неправда со изучивање Македонски јазик кај Албанчињата од прво одд, Скопје 2014, Енциклопедијата и сл.
Онаа стратегија „раздели па владеј“, се покажа како нефункционална кај нас во однос на политичките партии од албанскиот блок уште во времето на ПДП. Тогашните наши големци мислеа дека ако ја разцепкаат таа партија ќе биде подобро дека нема да се соочат со оние прашања кои им ги поставуваа албанските политичари, а кои се влечкаат од многу поодамна во земјава и се продолжеток на истите проблеми уште од времето на Југославија всушност.... посебно во однос на Косово, бидејќи сите работи и од таму се почнати (но да не ширам де) ццц. Но од една ПДП се создаде една по радикална ДПА, од ударот врз ДПА се создаде едно УЧК, кое се трансформира во ДУИ и кое толерира и трпи веќе подолго време работи на кои тешко да им се одговори, тешко да било која влада им одговори де ако не одигра тактички да не си нагрби на себе негативен рејтинг поради тоа од македонските гласачи. А, трпеливоста на ДУИ резолтираше со појава на Нова демократија, која има и по радикални ставови.. баталете ја онаа нивна политика да ги привлечат и македонците на претходните избори, бидејќи таа падна веднаш штом не влегоа во власта, Селмани си покажа и далеку поголеми барања од овие на ДУИ... а да не збориме па за плус другиве партии што се изродија и од кај нив. Така да, како што вели Викторија секоја наредна македонска политичка партија која што ќе ги добие изборите има да плаче за партнер ко Ахмети, и не заради друго а бидејќи колку-толку по може да се контролира, по е трпелив и тактичар и поради неговите врски со Америка, кои секако пре би мир за сега во земјава. За Селмани и Грујо не е тоа тајна. Од поодамна кружат тие гласини за неговото влегување во владата, кое не се реализира сепак. Затоа и постои таа толеранција ако е како што пренеле скај меѓу ДУИ и Нова Демократија, бидејќи Тачи по го гледаат како нивни опонент, бидејќи и тој самиот така настапува. Тие крвнички не се сакаат ради војната нормално. Војната беше бунт против режимот не само на Љубчо и државата, но и против владеењето на ДПА во тоа време.
Сега на А1 одеше најава за вестите и напишаа дека Шеќеринска била нападната кај Росоман. Ама ајде да ги почекаме вестите за да видиме што точно се случило.
Најверојатно некое куче и се с'снало Ајдееее почнаа со сценаријата:терор, не напаѓаат, готова бев да ме убијат...(ај да не грешам душа може стварно некој ја оскубал за коса) Знаете дека сдсм уште сега организирале автобуси за на 6-ти да се прави протест дека изборите се нерегуларни???
Можда е некој како овој што го закопал телото под својот кревет, ама ќе му извадат слика од митинг на ВМРО и оп, ете ти го терористот. Грујо го има нас’скано да немаме прва жена премиерка се имаат договорено на митингот во Скопје. Будалаштини живи!!!!