Забележав дека не го имаш догледано клипот па да ти напишам .Татко што завршил во душевна болница,мајка што чисти по туѓи станови (сето тоа се проверува јавно е и нема што да лаже ) ...на ваквите ли да им се каже дека не сакаат да работат што продава гевреци ?Ти се молам сериозно го мислеше ? .Знаеш онаа изреката (Ситиот на гладниот не му верува - е така е сега ) Погледни само во која мизерија живее човеков,сличајно го најдов затоа и го постирав .Од такви лежи лебу да те јадам не не бива а за твојата држава (иако незнам која е но претпоставувам европска ... ) ми е мило што ти пружила можност за усех ,работа и мн бенефиции за твоето дете.Никој не те спомена во лош конктекст и незнам како ти се надоврза во приказнава .Таа со многудетно семејство како што кажав нека и е со среќа .Во врска со децата ,во ред почитувам зголемен наталитет тинтири минтири ..но што ако не се вработеше тука ?Дали социјална помош добива ?Дали планирале како ке живеат тие деца и од што ?Со една плата пхххххх глупости живи за на тв за пензионери приказна приложија Сител.И јас работам во приватна фирма ,знам колку се трудам да постигнам нештно но никогаш не би се сител на некој што е во беда и мизерија а државата му овозможила малце да успее.Но ваквите како г-га многудетно семејство со иронија и потсмев ја гледам .Каде била до сега да фрли нешто позади себе па да најде нешто ,или паритските книшки си го прават своето ... Многу сум љубопитен колку год има ,и дали ке дочека пензија или воопшто како ке придонесе за системот да функционира ИЛИ поважно им е само да бидат вработени а за понатака ке видат !
Госпоѓата си аплицирала и си добила вработување. Точка, крај. Може ли барем еднаш некој во оваа држава да се радува на туѓата среќа?
Снимката е повеќе реклама за многудетно семејство, знаеме сите дека владата уште да може по еден министер по дома ќе ни праќа да заврши работа, и нема да ме чуди да телевизорот тие го купиле за да ете се види на снимка дека немаат многу деца само сиромашни и припрости луѓе, туку и фамилии со лцд Мислам, безвеза ми е што спомнувам телевизор иако повеќе на шала, и пресметките наши колку деца треба да има со оглед на тоа колку плати идат во семејството, и дали забите и се од негрижа или немање...да не виде некој и со каква фарба е фарбана, дали троши за лореал(неодговорна) или бугарските(сама си е крива, кој ја терал толку да раѓа)...нема да е таман никогаш. Нека и е со среќа, мило ми е.
Дискутирам како и сите тука на форумот, не мора некој во лош контекст да те спомене за да се дискутира, така барем мислам јас. Се надоврзав затоа што ја нападна жената дека била неодговорна поради расипаните заби без да знаеш дека забите се расипуваат во текот на бременоста. Не може жената да зема социјална помош кога сопругот и работи, значи тие до сега како семејство се издржувале со таа плата и да не ја добила работата повторно ќе си продолжеле да си живеат од таа плата. А жената си фрла зад себе, 5 деца, сопругот кој е вработен си плаќа придонеси кон државата, вероватно плаќаат комуналии со плус 18% ддв и сега и се посреќило си нашла пред себе. А дали ќе придонеси нешто за државата со работното место- таа не е виновна што државата купува социјален мир со овие вработување, ќе си биде и таа дел од стотици илјадници лица кои клатат врата, земат плата се додека еден ден не крахира системот. И да сериозно го мислам тоа дека не сака човекот да работи,нема физички или умствен недостаток, мајка му значи што е карикирам 20 години постара чисти станови, патем нема ништо срамота во тоа а тој зема од некого готови ѓевреци за пр 6 денари а ги продава за пр 10 и што направил, ништо, си оди дома со 20,30 денари а да бере тутун или да истовара ќе земе од 500-1000 денари, заклучокот мој е дека не сака да работи. А за бедата во која живее повторно доаѓа од не работење, ако работиш ќе имаш ако не работиш нема да имаш, мене барем така ме воспитале. А за ситиот дека гладен не верува и моите почнале тука од нула па постигнале нешто а и јас се што имам е од мој труд, никој ништо на тацна не ми сервирал, работам и имам ако не работев немаше да имам, plain and simple.
Мислиш дека до таму се оди? Да се донесе ТВ само за снимање? * Реклама не реклама, женава реално ги има тие деца, и тоа девојчето па и другите деца и се поголемки и стигнале на свет пред кампањата. Но како и да е , зарем жена која родила 5 деца не заслужува да добие работа? Од мене сигурно повеќе допринела за наталитетот , за останатите незнам. Ем сакаме да имаме држава, ем сите велиме како никој не се грижи за наталитетот, и сега на една жена што родила 5, а 6-то дете е на пат, забите и се бројат? Се имам помирено и го имам прифатено фактот дека треба да си дадеме тро повеќе време за создавање на демократска држава. Мора да се помине тинејџерски период. Сите ние сме дел од нашата држава и сите имаме одреден удел во создавањето на националната свест и култура.
Се согласувам потполно.Немам намера, а ниту имам право да зборам за туѓ живот, кога незнам како жената ја добила работата.Како и да ја добила, со среќа нека и е.Прво, некои немаат леб да јадат, а камоли заби да поправаат, за некои и 500 денари е многу.Нема потреба да се гледа што жената има, дали маса или телевизор, а ниту пак како стасала до нив, односно како ги заработила, а тоа е нејзина работа.Снајди се, па живеј, тоа е целата работа.Успеала жената, а како не е важно.Каков и да бил изборот на државава, па макар и човек да знаел дека не е правилен, човек и да се буни, џабе ќе му биде.Начинот на кој државата се справува со невработеноста, треба самата држава тоа да го среди, знаејки претходно дали на правилен или не правилен начин се справила со невработеноста.Многу работи не се како што треба во државава, па никому ништо.Дали ќе бега народот во странство, тоа е негов избор, а зошто бега во странство за тоа државата си е одговорна. Не може човек да суди за туѓиот живот, кога за истиот појма нема каков е.А особено не ако на ист начин, а можеби и полошо се одвива животот на оној кој суди за туѓите животи.
Малку ќе бидам оф топик и се извинувам ама морав да искоментирам. Премногу мизерно е да гледате на тоа дали жената имала лцд телевизор, дали било средено дома или дали забите и' биле направени и врз основа на тоа да се прават пресметки колку домашен буџет има тоа семејство. Не мора да значи дека ако дома им е средено дека имаат којзнае колку и дека се луксузираат. Не сакам да давам туѓи примери па затоа тргам од лично искуство односно мое и на моето семејство. Да дојдете кај мене дома и да видите како е кај мене средено ќе речете дека моите родители земаат плата од по 1000 евра. А баш напротив, сме имале ситуација дома и кога сме биле само со една плата од можеби и помалку од 15 000 и да напоменам никој ништо не ни донел, ниту пак ни поклонил. Ништо не се средило одеднаш, секоја година сме средувале малце по малце, се што сме купиле сме си купиле со тоа што секој месец по малку сме двоеле на минимална сума на пари. Не ни било лесно, ниту пак сега ни е лесно иако ако споредам со претходно сега е супер ама сме имале желба, волја и моите морам да ги пофалам дека знаат со парите, јас да бев признавам дека ќе направев само 30% од тоа што го имаме сега. Така што, препорачливо е да ги проширите малку повеќе видиците. Инаку со среќа нека и' е на жената и на сите што добиле работа, мило ми е што барем одредена категорија на луѓе си се снајдоа. И да, јас колку што ги знам примерите од мојата околина и лично луѓето што се примени на работа односно роднини од страната на татко ми на кои навистина им требаше работа, нема ни врски, ниту пак партиски книшки. Барем јас тие луѓе што ги знам, знам точно низ што поминувале и колку се тие луѓе моќни за врски. И морам уште нешто да кажам, колку и да ви изгледа неверојатно точно е дека некои луѓе едноставно НЕ САКААТ да работат. Тоа е тоа, и во какви услови да живеат и да се во најподпросечните услови кога некој не сака, едноставно не сака и тоа е тоа. Знам јас лично такви примери.
Сите знаеме дека имаше многу што добија на овој начин работа но не заслужувале ама баш за жената со 6 деца се фативте И маж и да зема 1000 евра плата пак не е доволно да нахрани 8 члено семејство , во идеални услови јас на оваа мајка би и дала плата и да седи дома , бидејки дефинитивно и е потребна ..
АМА-тоа значи дека и Албанките кои имаат и по 9-10 деца треба да седат дома и плата да примаат... И ете ти проблем.
Конкурсот имаше услов за семејства со многу деца , сигурно имало и Албанки кои добиле на овој начин работа тоа не е спорно . Не гледам нешто лошо во тоа што жената аплицирала и ете добила и верувам дека и е потребна , а кога би ме прашале мене на овој начин не се вработуваат луѓе ама кој ме прашува мене
На конкурсот добила бодови како самохрана мајка, а вработувањето го славеше со сопругот! http://plusinfo.mk/vest/108950/Na-konku ... o-soprugot
Е добро де, тоа дете сигурно има татко , може си се во комуникација луѓево, може европски се понашаат. А не балкански, разведи се, и ич како никогаш да не си се знаел. Но проблемот не е во тоа кој добил работа, кој не. Мене ме “јаде“ прашање од каде тие пари за плати? Ќе р’мбаме ние во приватен сектор, ке плакаме даноци секакви, казни... триста чуда.
Top 10 most livable cities (unchanged in 2013 from 2012): 1. Melbourne, Australia, 97.5 2. Vienna, Austria, 97.4 3. Vancouver, Canada, 97.3 4. Toronto, Canada, 97.2 =5. Calgary, Canada, 96.6 =5. Adelaide, Australia, 96.6 7. Sydney, Australia, 96.1 8. Helsinki, Finland, 96.0 9. Perth, Australia, 95.9 10. Auckland, New Zealand, 95.7 Во најдобриот град за живеење во светот.
Ахааа. До работно место во МК е основно, средно, факултет/(5+деца) Во цел свет вработувања врз основа на искуство, знаење, интревјуа и пробен период. Во Македонија на лото. И после не иде. Епа каде ќе оди? Кога други веќе клатат врата за плата еве нека има и други. Едните ако крадат кога не им треба, барем на другиве им треба. Еве они на лотото штиклирале многу деца. И пак да нема кој да работи при толку вработени. Ако се социјално загрозени и немаат, подобро државата да им даде, за ништо, отколку да ги вработува во администрација на лото. Па сите што им честитате на ваквите вработувања врз основа на поени од личната финансиска состојба и раѓачка квота, размислете, да не сте дошле утре да се пожалите дека некои неписмени по шалтери ве маваат и не завршите работа додека вие дипломирани и искусни волонтирате за ич и се фрустрирате по дома. Мене гајле ми е, не сум и јас во тој циркус од држава, сите невработени нека ги вработат во администрација со титула, ако така им е подобро да кажат дека не живеат од милост на државата, ама тоа за жал, уште еднаш, ќе ги истера работоспособните и паметните деца надвор.
Уште малце ќе излезе дека и децата не се нејзини Еееееееееее, ехехехеееее, па за што сме ние тука смотаните
И се дава предност на "самохраната" мајка која има 6 деца, но има и сопруг. За која бедно било да зборуваме дека има огромен тв. А има случај кадешто еден човек со години не бил вработен(мислам дека над 10 а може кажаа и повеќе) и има многудетно семејство, но немал среќа изгледа како оваа самохранава со телевизорчето. Иако ги исполнува условите и тоа со светлосни стапалки повеќе ги исполнува од неа. - Но како што кажавте, најважно е тоа дека ние и љубомориме нејзе за работата која на чесен начин си ја добила. Мислам упс, па и да не ја добила на чесен начин тоа и било среќа и што има сега ние да се обидуваме да исправаме криви дрини.
Па како што тргнало којзнае уште што ќе испадне со дотичнава госпоѓа што се избрука на ТВ барем да си ќутеле трај прај http://brif.mk/makedonija/foto-skandal- ... vtoservis/ Дури и името не и било тоа. http://libertas.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%B6%D ... %B5%D0%B4/
Заебанти големи се. Срциња тие. За се ги бива. За момент да се префрлиме во една друга тема посветена на Господиновиот буква име "В".
Прво мора да признаеме една работа, дека секој има право да аплицира и секој се бори како знае и умее да добие вработување под државна капа! Сепак ,факт е дека женава да не дозволеше пред камери да излезе, никој ништо немаше да знае, ниту пак ќе шпекулираше. Замислете сите вработувања вака да се излекуваат, како седмица на лото, а оние што ќе бидат извлечени, одма пред камера, два збора да кажат,,,,за тоа како не очекувале...и како се „изненадени“ од изборот....просто не им се верувало!