Детево што го најдоа им е само жртвено јагне само колку да известат медиумите и да ја стишаат јавноста дека пронашле некого. А дали детево навистина постои пошто не кажаја ни име ни презиме или ќе потплатат некого од штабските глувци да признае а потоа ќе излезе само со опомена е ирелевантно целта веќе ја остварена
Добро познато е ова, и не треба некој да има подлабоко познавање и да биде стручен од некоја област за да го разбере. До толку се неспособни измеќарите наши што не можат и тоа што им е наредено да го извршат онака како што треба, провидни се. Сега од утре веќе нема ништо да се каже за ова на медиумите, како никогаш да не постоело, и ќе почнат да мантраат други приказни и случаи кои ќе имаат цел за дефокусирање, сеење на терор, страв и параноја кај народот.
Не дека се неспособни туку сосила се прават ретардирани за да го иритираат народот со нивната божемна неспособност и да го доведат до степен на очај и безизлезност. Ништо ново дел од психолошката војна за угнетување на населението и сеење страв и паника. Утре ќе се смени власта и истиов овај наш изманипулиран народ ќе ги донесе другите измеќари и прича наставља и даље со нови ликови и нови агенди.
Некои од форумов со алуминиумска фолија на глава седат сигурно. Глупости на кило. Не се открива тукутака преку интернет, доста гледате филмови. Таму за две минути tracing и оп одма слика од криминалецот се појавува, Тинејџер баш со хакинг, со разни глупости на интернет прво пробува и нормално многу повеќе разбираат од просечен корисник на технологија. Дека е сомнителна сета работа со бомбите тоа не е спорно, ама баш дете да наместат, да запустат уште не почнал со живот. Ќе видиме што ќе излезе од сета оваа работа, важно ете нема да има повеќе лажни закани.
Нема да го наместат ќе го потплатат да признае дека го извршил делото и ќе си излезе само со опомена. Читај малце погоре што пишуваме надворешни центри на моќ прават вакви агенди. Нашиве полтрони само извршуваат. Нема тука никаква наука само малце човек да вклучи логика и да излезе од пропагандната матрица на системот за перење на мозок одма се доаѓа до заклучок што е позадината
Не знам според кој закон смее да се напише име и презиме, особено па на малолетник. Само иницијалите на мајката стојат. Инаку не знам за технологии што користат и колку брзо се откриваат, ама дека тинејџери се способни за ова, се, зошто не би биле?
Какво намерно ширење страв и паника од центри на моќ, кога 2 месеци наназад се случуваше и веќе сите беа свесни дека се лажни дојавите. Пред десетина + години се случи во мое школо, не испратија сите дома и никој не се исплаши, знаевме дека некој се зафркава што се испостави точно на крај, а се дозна и кои беа децата.
Пошто го нема Wideperpetual да ти одговори, па ќе ти дадам јас образложение. Да. Дефинитивно има тинејџери кои се способни не само да го направат ова, туку да направат многу, многу повеќе. Исто така и тинејџери со просечни скоро па никакви познавања може да го направат ова. И тука доаѓаме до две сценарија: 1. Оние што се премногу спремни да го направат ова, нема да го изведат на оваков примитивен начин, и нема да бидат откриени затоа што користеле картички од родителите, а впрочем, не би го ни правеле ова, затоа што немаат цел. Таквите напаѓаат владини институции, оние кои се задолжени за безбедност, или пак компании од кои може да имаат профит. Еве еден од последните напади на нашата влада за да истакнат безбедносен пропуст, и да заработат од беклинкови. 2. Оние што може да го направат ова на некој семи-аматерски начин ќе бидат дефинитивно пронајдени во најбрз можен рок затоа што никој не пие нафта и имаме, за чудо одлично одделение за сајбер безбедност што може и под дрво и под камен да најде некој, ако му дозволат да оперира. Поради тоа што ниту едно од двете сценарија не соодветствуваа со тоа што се случува и сето ова изгледа како скеч од Монти Пајтон, доаѓаме до заклучок дека се работи за "патка" каде што целта е дефокусирање, заплашување, а секако и спремање на терен за зимско штедење и учење од дома. А да сакаа да спречат, ќе имплементираа до сега безбедносни протоколи за email.
Се случи пред 20тина години и во мое школо дури бев основец ама тогаш немав некои познавања и си мислев и јас онака наивно дека некои деца се зафркаваат што реално тогаш беше и изводливо бидејќи сеуште постоеја телефонските говорници кои не беа надгледувани и секој можеше да се јави и да си игра мајтап. Денес особено на интернет одделението за cyber криминал не може птица да му прелета а не пак некој да испраќа не еднаш туку повеќе пати мејлови и да се заканува а да не биде откриен, најспремен нека биде информатички ќе го фатат не Впн какви сака чуда нека користи ќе го фатат. Самата служба под диктат на надворешни центри го прави ова со цел сеење страв, паника и тероризирање на народот. Знам дека ќе ми речиш сега теории на заговор разменивме мислења на друга тема во врска со ова и знам дека не веруваш во вакви работи. Мнозинството не веруваат но тоа е реалност и се случува постојано околу нас и не само со дојавиве туку и низа други изгенерирани настани и конструкти што се прават катадневно а поминуваат незапазено кај народот бидејќи пропагандната машинерија за перење на мозок и индоктринација на народот е толку силна што ретко некој поединец може да излезе од таа матрица на размислување, мора да има барем минимум некакви предзнаења за да може да ги дешифрира во намерите и да излезе од системот на лаги што ни го сервираат а ние ги голтаме како ручек. Така контролират и управуваат со масите со децении наназад. Што помалце свесни луѓе и изманипулирани тоа полесно можат да прават што сакаат и да си остваруваат секакви агенди.
Не поминаа толку строго, ама имаа работа со полицијата. Јас дознав кои биле од нивните другари што учеа со мене, официјално не беа објавени имиња, ни во медиумите немаше ништо. Ти не знаеш во што верувам, затоа воздржи се од такви коментари. Јас и да верувам во извесни заговори, прво нема да бидам 100% сигурна во нешто во кое немам увид реално, второ, ќе ми биде срам самата од себе да ширам непроверени теории нон-стоп. За да тврдиш како стојат работите и упорно да ги убедуваш останатите, потребен ти е доказ со кој не располагаш. Ме влечеш за прсти да пишувам, ама ако елитите сакаат да му втераат страв на народот, навистина ќе постават бомба.
Ax девојко девојко тоа што кај нас не ставиле бомба скраја да е не значи дека тоа не го прават на други места низ светот. Еве само претходниот месец имаше бомбашки напад во Турција и секако дека ќе обвинат некој будала дека е виновен но тие будали ги врбува некој од самата служба им го знаат профилот на личноста, какви идеологии следат и врз таа основа ги припремаат да прават вакви грозоморни чинови никој од овие поединци не дејствува сам само наивен човек може да поверува дека терористички напад некој може да изведе сам без знаење на разузнавачките служби. Еве ти на линков мала илустрација ист патерн, ист шаблон на делување како кај нас само тука без дојава и со реални жртви https://www.bbc.com/serbian/lat/svet-63616799
Од што не знаеш што да одговориш, мешаш баби и жаби. Овде моментално се дискутираат лажните закани за бомби во училиштата, а не изведените терористички напади низ светот. Тоа во Турција е веројатно поврзано со војната (де факто) меѓу Русија и западот моментално. https://www.nytimes.com/2022/11/14/world/middleeast/turkey-us-istanbul-attack.html Пренасочи се во посоодветна тема каде што се развиваат такви дискусии, оваа е премногу општа.
А ти им веруваш на медиумите и на "официјалните" соопштенија што ги даваат? Јас не им верувам ама баш ништо 90% од тоа што го кажуваат се лаги за манипулација со масите. Не мешам јас баби и жаби имам многу што да кажам на оваа тема но да не одам off topic ќе застанам тука. Мислам дека дадов доволно објаснувања овде барем што се однесува за лажните дојави а сето тоа е поврзано и со многу други настани што се случуваат низ светот па и со бомбашките напади и тероризам пошто нарачателот е ист и сите настани имаат ист modus operandi ако земиш да ги изанализираш детално од сите агли така да човек што барем иницијално се позанимавал со оваа тематика јасно му е која е позадината на работите.
Не. Им верувам на српските теоретичари на заговор, а мејнстрим вестите за секој случај ги читам на српски јазик. Исто како тебе. Ти си најпаметен. Останатите се наивни личности изманипулирани од сатанистите. Останува уште да собереш докази за сите да прогледаат. Еј, а си помислил ли некогаш дека и нападите не се реални, од кај знаеш. Можеби е тоа театар и насекаде има платени актери и црвена боја наместо крв. А пак што да се каже за оние од висок калибар, како Путин и Бајден, на кои целиот живот им е глума и една голема лага. Којзнае и дали постојат воопшто.