Ете, ако беше во училиштата за да има онлајн настава поради струјата или па ради обезбедувањето, шо е сега ова? Ич не ми е сеедно, страв ме фаќа. Со каква цел?
Тоа е и целта. Страв да не фаќа. Исплашен народ е мирен народ. И не прави нереди, протести, револуции... Овчички.
Чекај сеа кога ќе ја известат мајка му од банка колку пари син и потрошил на ВПН од нејзината картичка, па кога ќе ја фати некој шлог... Ни пара ќе види, ни картичка, ни компјутер ќе види. И ќе прекинат заканите.
Еве демек и во Ист Гејт имало дојава за бомба… сите биле евакуирани. Едит, сега ми излезе плус и за железничка станица.
https://www.24sata.hr/news/dojava-o-bombi-na-dva-suda-u-zagrebu-upravo-evakuiraju-sve-877672 Истото и во Хрватска пред неколку дена ист шаблон ист модус операнди смрди на некаква глобална монтировка по се ми се чини ќе се користи наратив дека Русија е замешана во сето ова
Не и одговара на Русија воопшто вакво сценарио, напротив, на САД им одговара. Нив не им одговара народот да се крева на протести, востанија и да паѓаат влади по Европа. А како ќе има протести и групирања кога сме под закана од "терористички напади", "бомби" и треба да се "крене" безбедноста на највисоко национално ниво, да се забранат секакви собири како во времето на Корона? Во Европа веќе почнаа да прават специјални полициски одреди задолжени за поголема контрола и разбивање на протести. Знаат што доаѓа, па затоа реагираат да спречат. А како, ако не со страв.
Што е финтата со овие бомби? Да се плаши народот? Од кога траат овие дојави и не само во училиштата почнаа насекаде. Толку ли не можат да пронајдат кој стои зад тие дојави?
Ја ич не сум усрана. Некој ако сака да дигне мол или школо во воздух, ако е доволно паметен, ќе ја насади бомбата и ќе си ќути. По мене, ова е саде иживљавање врз народот. Да се ремети само. Нема логика дека стварно има бомби, освен на 15от пат, стварно да рокне негде. Зашо би праќале меилови иначе ако сакаат да направат нешто лошо?
Апасиев@apasiev7 Dec Вака да блокиравте за Францускиот предлог, до сега автобусите ќе ви беа у отпад за старо железо. СДС толерира беззаконие кога му одговара хаосот, ДПМНЕ вади на протести само кога му дужат пари. Епа, чорба. го обожавам
Тешко тебе. И тој е еден од агитаторите. Сите се ѓубриња и кој и да е на власт, исто ќе биди. Системот е ригд
А што ако опозицијата прави лажни закани за бомби. Реално они цело време работат на дестабилизација, затоа што само предвремени избори им се на ум. Па спремни се на се и ништо не им е свето, тоа е многупати досега докажано. На Спасовски не е ништо да му се верува, ама поголеми се шансите ова со бомбите да е масло на опозицијата неголи некаков странски заговор.
Не верувам. Исто мислам како @Billy Idol , горе-долу. Прво, јавноста имаше впечаток дека е детска глупост оти на дечишта не им се оди на школо. Потоа се насочи кон странците. Е, или е власта(поверојатно) за да одвлече внимание на јавноста. Полесно се контролира исплашен народ. Они ја дестабилизираат државата со своите политики(особено умилкувањето кон Бугарите). Дополнителен сомнеж фрла и тоа што истрагата оди бавно. Или можеби се странците, но помалку веројатно оти се лажни. Се влече наратив за Русите, но и Американците се забегани. Пак ќе речам, кој и да е, болен памет има.
И Британец залаја за корупција, што е смешно. Посебно смешно кога доаѓа од Американци и Британци. Највалканите ќе чистат, ахахахахаха... Отворено сакаат да им робуваме. Да, имаме проблеми со корупција, но имаат и они. Ние не им се мешаме, не треба да ни се мешаат.
На тоа и мислев прават монтировка под покровителство на САД и ЕУ со цел после да се обвини Русија за хибридни напади. Не знам за какви протести и кревање на народот мислиш дека ќе спречат со ова кога народов наш е мирен како бубалка. Нас и име ни сменаја и устав и двојазичност ни воведоа немаше никакви инциденти протести 2 дена без 3 дена малку солзавец и сите се разбегаја во глувчешки дупки. Какви протести? За договорот со бугарите? Па тоа некаде другата година на пролет ќе се гласа во собрание и да има некакви протести пак глатко ќе си помине без никакви нереди. Единствено што ми паѓа на памет е сценариово со Русија хибридни напади закана по безбедноста на државата и тоа да им биде како изговор децава да ги префрлат пак на онлајн настава покрај секако она иницијалното застрашување на народот и општ хаос и терор ама тоа ионака го прават катадневно без некоја особена цел
Нешто од нафталин извадов за дојавите во Србија уште во мај што беа запазете ја српската верзија хибриден напад и вршење притисок од западот да им воведат санкции на Русија. Кај нас само ќе се користи обратниот наратив дека Русија стои зад дојавите и врши хибриден напад за дестабилизација на балканот. Која пародија еј значи како прат мајмуни од луѓето страшно https://www.ekspres.net/vesti/sta-je-motiv-laznih-dojava-o-bombama-30-5-2022